Контакт

Политика

Ташевска-Ременски: Констатирани злоупотреби во институции под надлежност на МТСП

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски информираше за извршени надзори над законитоста на работата на повеќе институции под надлежност на Министерството и констатираните злоупотреби на службената положба од страна на дел од вработените.

Имено, овластени вработени лица во Министерството за труд и социјална политика во текот на вчерашниот ден извршија надзор над законитоста во работата на Центарот за социјални работи во Струмица, Домот за стари лица во Прилеп и увид на лице место во домови на корисници на социјална помош во месноста викана Баир во Битола и село Криволак, Неготинско.

„По пријави од страна на корисници до Министерството дека, вработени лица во центри за социјални работи и директори ги посетуваат корисниците во својство на претставници на политичка партија и вршат дејствија кои се строго забранети и санкционирани со одредбите од Законот за социјална заштита, Изборниот законик, Законот за спречување на корупцијата и писмените наредби на министерот за воздржување од секаков вид на употреба и злоупотреба на корисниците на социјална помош во политички цели и злоупотреба на службената положба на вработените во центрите за социјални работи. Од вчерашните активности изготвени се три записници”, информираше министерката за труд и социјлана политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Во записниците се констатира дека ЦСР Струмица раководен од директор со неисполнета законска обврска за склучување на менаџерски договор со министерот, со зголемена динамика во текот на еден месец изготвил повеќе од 198 решенија за право на помош и нега од друго лице. Од прегледаните 55 досијеа по случаен избор констатирано е дека, сите решенија се изготвени спротивно на роковите предвидени во Законот за управната постапка, а 34 решенија се изготвени на денот кога се забранува предизборното делење на решенија наведени во наредбата од министерот.

„Имаме основани сомненија кои ќе ги потврдиме со инспекциски надзор дека, истата пракса се случува и во Куманово со изготвени 239 ременија за туѓа нега, Тетово со 330 решенија за туѓа нега, Кисела Вода со 172 решенија, карпош со 120 решенија, Чаир со 164 решенија, Гази Баба со 145 решенија и други”, рече Ташевска-Ременски.

Во Битола при посетата на корисници на социјална помош кои пријавиле партиска активност на политичка партија записнички е констатирано дека активистка од политичка партија делела пари на рака како „подарок“ како противуслуга за глас на изборите и било барано од истите да се потпишуваат на список дека примиле пари.

„Исто така, констатирано е дека на 3 декември повеќе екипи од политичка партија во ромското маало во Битола на мештаните им нуделе 400 денари, а како противуслуга ги фотографирале со нивните лични карти како ги држат во рака. Покрај овие записнички констатирани факти се укажува наконстатнтно и засилено заканување со укинување на социјалната помош доколку не се гласа за политичка партија”, рече министерката Ташевска-Ременски.

Таа информираше дека во с. Криволак, Неготинско записнички е констатирано и пријавено во полициска станица дека директорката на ЦСР Неготино во придружба на директорката на Јавното комунално претпријатие Неготино, излегуваат и одат во домови на лица корисници на социјална помош во својство на претставници на политичка партија.

„Активноста на директорката на ЦСР Неготино е спротивна на законските одредби кои повлекуваат кривична одговорност и се спротивни на наредбата на министерот во која строго се забранува службени лица во јавните установи за социјална заштита да истапуваат како партиски активисти и за време на работа и вон работно време и да не злоупотребуваат податоци за корисници на социјална помош во партиски цели и изборни таргетирања”, констатираше министерката Ташевска-Ременски.

Исто така, по добиени сознанија од медиумски прилог на невладината Цивил извршен е увид во Домот за стари лица во Прилеп по пријава. Записнички е констатирано дека, на дел од штитениците вработени лица им ги зеле личните карти, а кај други дека личните карти се кај нивни блиски роднини на штитениците.

„Во насока на спречување на секаков вид на манипулации со штитениците сместени во државните старски домови во Република Македонија до директорите доставивме известување во кое укажуваме на строгото почитување на правата на штитениците и недозволивото одземање на личната документација од страна на неовластено лице. Записнички е констатирано дека во старскиот дом во Куманово воопшто не е постапено согласно со одредбите од Изборниот законик за пријава за гласање ден пред датумот утврден за избори. Имајќи го во предвид сето горенаведено, до надлежните институции веќе доставиме соодветни пријави за утврдување на кривична одговорност за посочените лица и други лица по претходни пријави, а истовремено испративме допис до Државната изборма комисија и набљудувачката мисија на ОБСЕ во Република Македонија”, информираше Ташевска-Ременски.

Таа рече дека како министер задолжен за организација и контрола на изборниот процес за прашањата поврзани со надлежноста на министерството, и до сега и од сега, нема да дозволи корисниците на правата од социјална заштита да бидат злоупотребувани, заплашувани и уценувани од ниту еден вработен во службите на центрите и министерството, а најмалку од претставници на политичките партии.

„Им порачувам на директорите во центрите за социјални работи да ја почитуваат наредбата што лично ја потпишаа и да се воздржат од испраќање на политички памфлети секогаш кога немаат аргументи за несоодветно постапување. Сакам да нагласам, дека ова не се однесува на директорите кои знаат што значи работење согласно со Закон”, порача министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски. /крај/со/ст

Македонија

(Видео) Милошоски: Европскиот пат ќе ни се отвори само со смена на Владата на Заев

Објавено пред

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска во изјава за медиумите зборуваше за блокадата на Македонија од страна на Бугарија и истакна дека со Зоран Заев на чело на државата нема европска перспектива.

Според него, само по смената на оваа Влада ќе има отворање на европскиот пат и на нови можности.

Милошоски посочи дека Зоран Заев е политичар на кој што не може да му се верува.

„Тој се колнеше и во сопствените деца дека нема да го смени Уставот и името, па потоа видовме што се случи. Денес се колне во идентитетот и јазикот и не е за верување затоа што сметаме дека неговиот план е да ги стави на трговија етногенезата на македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ. А тоа е погубно, затоа што народ и јазик без своја етногенеза не се свои на своето“, посочи претставникот на опозициската партија при денешната посета на Општина Могила.

Милошоски вели и дека Заев три години ја лажел македонската јавност дека сме добиле датум за почеток на преговорите.

„Во 2018-та година кога прв пат излажа дека Македонија доби датум за преговори со ЕУ и се сликаше во авион за таа вест, немаше вето од Бугарија, но денеска за жал имаме и блокада од Бугарија, но имаме и уште еден поголем проблем а тоа корупцијата во државата која е рангирана на 111 место на светската листа на корумпирани држави“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека само смена на Владата ќе значи отворање на нови можности за европска перспектива.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Лазаревска: Со измените на Законот за наставници обезбедуваме правна и економска сигурност за наставниот кадар

Објавено пред

Преку измените на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование обезбедуваме правна и економска сигурност на наставниот кадар, истакна Жаклина Лазаревска, пратеничка од редовите на СДСМ.

Таа потенцира дека наставниците и стручните соработници отсега директно ќе се вработуваат на неопределено време доколку ги исполнат законски предвидените услови, односно, со новиот закон како што дообјасни им се трансформира работниот однос на сите наставници и стручни соработници кои до моментот на негово стапување на сила се ангажирани на определено време, ако за тоа ги исполнуваат условите.

Според Лазаревска на ваков начин би се опфатиле над 4.700 просветни работници и тоа: 1.464 наставници и стручни соработници кои во моментов се ангажирани на определено работно време до 2 години и 3.326 наставници ангажирани на определено работно време над 2 години на кои не им е трансформиран работниот однос.

„Законското решение ќе обезбеди создавање на правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време, подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување на континуитет во реализацијата на наставата, како и овозможување на професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници. Со ова ставаме крај на неправдите кон одреден број наставници и стручни соработници кои немаа еднаков статус со нивните колеги“, рече Лазаревска.

Лазаревска забележа дека и покрај тоа што овие измени се во интерес на наставниот кадар, во интерес на образовниот процес и во интерес и на учениците, ВМРО-ДПМНЕ и по однос на овие измени како што рече, се однесува деструктивно и работи на штета на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милошоски: Не може ароганцијата на Царовска да биде поважна од аргументите на родителите

Објавено пред

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска изјави дека самиот закон за учебници и друг наставен материјал е донесен на нетранспарентен начин, како и дека доколку се сака да се прифати самиот закон потребна е поширока дебата.

Тој ги коментираше најавените протести на родителите, со поддршка и од средношколската унија и средношколскиот глас против, како што рече, лошите реформи во образованието.

„Ние гледаме две страни. Едната страна е министерката Царовска која што промовира ароганција во овој предлог закон, а другата страна се родителите и учениците кои предлагаат аргументи. Сакаме да порачаме дека е време во законските решенија кои што се однесуваат на учениците, да им се даде можност на родителите да ги изложат своите аргументи и истите да бидат вградени во законот. Не може ароганцијата на министерката да биде поважна од аргументите на родителите“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изрази надеж дека родителите ќе бидат сослушани и дека на крајот нивните аргументи ќе бидат вградени во било кое идно законско решение што се однесува на сите ученици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури...

Свет3 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија5 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа5 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа5 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет6 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет6 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија18 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија22 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија22 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија24 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија1 ден

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Досие