Контакт

Политика

Теарце прави разлика во распределбата на мандатите

Објавено пред

 

По Одлуката на Управниот суд да прифати една тужба со која се поништува гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце во ИЕ 6, Државната изборна комисија треба да направи симулација дали прегласувањето ќе влијае на вкупните резултати од изборите на 11 декември, а според објавените податоци разликата во гласови во ИЕ 6 меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 307, што значи дека прегласувањето во ова избирачко место може да донесе промени во распределбата на мандатите.

Според роковникот на ДИК, гласањето ќе се повтори само ако вкупниот број на запишани избирачи на тоа избирачко место на ниво на Изборна единица влијае на вкупните резултати. Доколку има влијание, прегласувањето ќе се повтори 14 дена по денот на изборите, односно на 25 декември.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО­ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда ­ Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО­ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда ­ Трет блок 239.

Во Изборната единица 6 разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 307 гласови предност за ВМРО-ДПМНЕ, па прегласувањето на ова избирачко место може да донесе пресврт во бројот на освоени пратенички мандати.

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО­ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

Управниот суд на Република Македонија, во вторник, ги уважи тужбата на СДСМ за поништување на гласањето на гласачкото место 2011 во Теарце и тужбата на ВМРО­ДПМНЕ против одлуката на ДИК да се поништи гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар.

Како неосновани, Управниот суд одби три тужби на СДСМ против решенијата на ДИК, а кои се однесуваат за избирачките место 2010 и 2025 во општина Теарце, и за избирачко место 1978 во општина Тетово, сите во Шестата изборна едница. Со тие одлуки на Управниот суд се потврдија решенијата на Државната изборна комисија.

Сепак останува неизвесно, како ќе се одвивата работите понатаму, ако се знае дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рече дека нема да учествуваат во евентуално прегласување, и нема да ги признаат резултатите од него./крај/мф/бб

Македонија

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Објавено пред

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на Скопје и Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, и поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Герила-акцијата следуваше откако вчера во населбата Аеродром непознато лице со секира уби две улични кучиња кои беа чувани од жителите повеќе од една деценија.

Фотографиите од мртвите кучиња облеани во крв сериозно ги вознемирија жителите на Аеродром кои ги најдоа рано утрината, а веднаш била повикана полиција да изврши увид.

Активистите на денешната средба носеа транспаренти со фотографии од мртвите кучиња на кои пишуваше „Мојот последен оброк“, „Можевме со секири, наместо со транспаренти“, „Не за убиства“.

Шилегов, Жерновски и Марин говореа пред граѓаните, не забележувајќи ги активистите кои сакаа да укажат дека кај институциите треба да се развие свеста за решавање на проблемот со уличните кучиња на хуман начин, а оние кои со примитивни методи им го одземаат животот, да бидат соодветно казнети.

Засега, решавањето на проблемот со уличните животни тапка во место. Поминаа шест месеци откако стационарот „Вардариште“ беше затворен, а во меѓувреме беше отворено новото јавно претпријатие „Лајка“, кое треба да се занимава со овој проблем. Сè уште се работи на реновирање на стационарот, па во меѓувреме уличните кучиња не се стерилизираат, вакцинираат и обележуваат со ушни маркици како досега, па на тој начин се зголемува и нивниот број.

Еден од активистите го праша градоначалникот Шилегов за крвавата случка во Аеродром.

„Дали ќе седите мирни додека психопат шета по скопските улици и убива животни и расфрла отрови во близина на училишта и детски градинки? Што ќе преземете како прв човек на градот, бидејќи не се чувствуваат безбедни, не само кучињата туку и жителите на градот?“.

На ова, Шилегов одговори дека за првпат е поведена постапка во МВР во Одделението за крвни деликти за убивање куче и дека тоа досега не била практика.

„Немаме надлежности како локална власт да превенираме или да спречиме, доколку некој е луд и вршни крвни деликти и убиства“, рече Шилегов и рече е дека на иста страна со активистите. Тој ги повика активистите на заедничка средба.

Шилегов денеска рече дека во почетокот на октомври ќе биде пуштен во употреба новиот стационар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Влада: Службените трошоци на членовите на Владата се намалени за 26% во однос на првиот мониториран циклус

Објавено пред

Владата го објави најновиот шестмесечен извештај за трошоците на функционерите на актуелниот состав на Владата. Целта на оваа алатка, како што вели владината прес-служба, е да врши мониторинг врз трошењата и работата на носителите на јавни функции и да ги наметне и промовира вредностите за кои оваа Влада силно се залага, а тоа се: штедење на парите на граѓаните и домаќинско работење, како и транспарентност и отчетност пред граѓаните.

„Според податоците што произлегуваат од мониторингот со помош на алатката за отчетност и транспарентност, Владата на Република Северна Македонија во четвртиот циклус од своето владеење, односно во периодот од декември 2018 до мај 2019 година, ги намалила вкупните трошоци за 26%, во споредба со првиот мониториран циклус кој го опфати перидот од јуни до крајот на ноември 2017 година.

Овој извештај се однесува за личните службени трошоци на претседателот на Владата, замениците на претседателот, министрите, заменик-министрите, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, за периодот декември 2018 – мај 2019, а бележи вкупно трошоци во овој мониториран циклус во висина од 16.184.264 денари, за разлика од првиот мониториран циклус, веднаш по стапувањето на должност на актуелната влада, кога се забележани трошоци во висина од 21.876.430 денар.

Падот на вкпуните лични службени трошоци на носителите на јавни функции, опфатени со овој мониторинг, бележи континуитет, ако се земе предвид и податокот за вкупните трошоци за претходно мониторираниот периодот од јуни до ноември во 2018 година, кога тие изнесуваа 18,259,116 денари.

Колку за споредба, вкупните угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите, во првиот мониториран период (јуни – ноември, 2017 г.), изнесувале 5.965.616 денари, а во најновиот период (декември 2018 до мај 2019) се намалени на 3.211.886 денари.

Вкупните угостителски услуги во земјата преку угостителски објекти, од 4.098.762 денари, паднале на 1.610.929 денари во споредбените мониторинг-циклуси, додека, пак, угогостителските услуги во странство од 935.652 денари се намалени на 716.318 денари.

Заклучно со четвртиот мониториран циклус од декември 2018 година до мај оваа година, алатката веќе нема да ги прикажува трошоците на функционерите од претходната влада, бидејќи споредбата ќе го зафати периодот на техничката влада.

Со овој најнов извештај, алатката ги содржи финансиските и наративни извештаи за 24 месеци, поточно од јуни 2017 до мај 2019.

Алатката со податоците до третиот циклус, која ги содржи споредбите со претходната Влада, ќе биде архивирана и достапна за преглед на сајтот на Владата“, се вели во владиното соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Гостивар оформена ЕВН-паралелка за средношколците од регионот

Објавено пред

ЕВН за првпат годинава им овозможи на учениците од Полошкиот Регион да станат дел од новата ЕВН паралелка. Во Општинското средно техничко училиште „Гостивар“ 20 ученика ќе бидат дел од првата генерација на електромонтери и електротехничари, кои по образованието во 2022 година веќе ќе добијат понуди за работа во ЕВН. Учениците се жители на општините кои гравитираат кон Гостивар, Тетово, Кичево, Маврови Анови и Прилеп.

На промоцијата на новиот ЕВН-кабинет во ОСТУ „Гостивар“, присуствуваа министерот за образование и наука Арбер Адеми, претседателот на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер, и претставници на ОСТУ „Гостивар“.

„Големо задоволство е кога идејата што ја имаш ќе биде прифатена и поддржана од другите. Среќни сме што проектот кој пред неколку години го почнавме прeрасна во платформа која е прифатена од сите. Горд сум на учениците, професорите, министерството, колегите и сите инволвирани што придонесоа оваа идеја да стане основа на дуалното образование. Иднината на младите е наша обврска, таа можеме да им ја обезбедиме само ако им дадеме квалитетно образование и можност да работат. Оваа платформа им го обезбедува токму тоа“, изјави Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН.

„ЕВН е еден од нашите најголеми пратнери и поддржувачи во процесот на дуалното образование. Тие од секогаш даваат голем придонес за подобрување на националниот образовен систем и за подобрување на квалитетот на генерациите кои ги продуцираат училиштата и секако и во насока на отворањето нови работни места“, истакна министерот за образование и наука, Арбер Адеми. Тој посочи дека оваа паралелка е посебна по многу нешта и апелираше до учениците да ги следат насоките на професорите и менторите, бидејќи само така ќе дојдат до вештини и знаења кои се неопходни за пазарот на трудот.

Ибрахим Асани, директорот на училиштето, изрази благодарност до ЕВН за иницијативата и до министерството за поддршката. Според него, оваа паралелка ќе го зголеми интересот кај младите за квалитетно образование.

ЕВН-кабинетот е опремен со најсовремените уреди и заштитна опрема и алати кои ги користат и монтерите при секојдневната работа на терен. Со работа во истиот, младите добиваат можност да се едуцираат, одржуваат практикантска работа и обучуваат според европските стандарди.

Учениците ќе посетуваат практикантска работа во корисничките енергоцентри во Гостивар и Тетово, а ќе бидат менторирани од страна на стручни монтери и специјалисти од ЕВН.

Платформата „20-20-20“ почна во скопското СЕТУ „Михајло Пупин“ во 2017 година. Веќе трета генерација на ученици се образуваат во ова училиште. Во 2020 година учениците кои го завршуваат образованието ќе добијат понуди за работа во ЕВН и плата од 20.000 ден.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет5 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија7 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија12 часа

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија13 часа

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија13 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет16 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија16 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија16 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион16 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ16 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет17 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет17 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион1 ден

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион1 ден

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија1 ден

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија1 ден

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија2 дена

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет2 дена

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија2 дена

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Досие