Контакт

Политика

Трајанов: Штабот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го претвориме во студентски дом

Објавено пред

Штабот на ВМРО-ДПМНЕ за чија изградба и луксуз се потрошени над 30 милиони евра ќе се конфискува и претвори во студентски дом, најави во среда вечер Павле Трајанов, носител на првата изборна единица, на митинг во Кисела Вода на Коалицијата за промени и правда.

„Сакам да му порачам на Никола Груевски да го заборави Ќосето и насилството. Поразот колку и да е болен мора да го прифати. Со избори не се прикрива криминалот, секој мора да одговара за злоделата“, порача Трајанов.

На митингот говореа и Глигор Стоименов и Драгана Букилица кандидати за пратеници во првата изборна единица. /крај/со/ст

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со акција „Пратениците со народот“ и ќе посети 500 села

Објавено пред

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од утре, 8 мај, до 30 мај почнуваат со акција под мотото – „Пратениците со народот“ за време на која ќе посетат 500 села низ цела Република Македонија, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Целта на акцијата, како што рече, е да допрат до секој граѓанин во државата, дури и до тој во најоддалеченото место и ќе биде посетен.

„Граѓаните бараат и заслужуваат нивниот глас да биде слушнат, предолго време се заборавени, државата наместо за нив, работи за мафијата. Власта е во трка по провизии и местење тендери, а народот едвај врзува крај со крај“ порача Мицевски и дополни дека:

1. 60.000 луѓе останаа без работа само во последната година.
2. 6.200 фирми ставија клуч на врата.
3. Половина милион луѓе живеат со две евра на ден.
4. Државата должи над 6.5 милијарди евра, со што секој еден граѓанин е задолжен по 3.263 евра.
5. Вакцини се чекаа пет месеци.
6. Над 5.000 наши сограѓани го загубија животот, а поголем дел од нив и поради неспособноста на власта, но и поради немање вакцини.
7. Над 150.000 луѓе се заразија, поминаа низ тешки последици, дел од нив се лекуваа и во приватни клиники, а платија и над 10.000 евра, често се позајмуваа, а зедоа и кредити.
8. Идентитетот и јазикот се на напад, а власта молчи.
9. Тутунарите го предадоа својот тутун по цена за килограм колку една кутија цигари, само затоа што се на раб на егзистенција.
10. 214 светски криминалци, наркобосови на познати кланови и терористи добивале македонски пасоши од МВР. Нарушен е угледот на државата, погребан е правниот систем.

И да не набројуваме уште, состојбата е алармантна. Народот е при крај со трпение, а пари одамна нема. Секој ден е ден и борба за опстанок. Заев не понуди ништо, Заев им зема  сè на луѓето. Буџетот е претворен во алатка за богатење преку тендери за фирми блиски до власта или фирми на роднини на функционери“ обвини тој.

Најави дека ќе излезат и ќе ја поминат цела Македонија. Бараат поддршка од секој граѓанин, за промена на, како што велат, црнилото.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска ќе се сретнат Пендаровски и Мицкоски

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тие ќе разговараат за настаните од 27 април и за општата состојба во државата, како политичка, така и економска.

По завршувањето на средбата, најавено е претседателот Пендаровски да одржи прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Објавено пред

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ одново да им се суди на осудените за крвавиот упад во Собранието пред четири години.

Заев кажа дека за тоа дали ќе има ново судење треба да одлучат судските истанци, како и дека шефот на државата Стево Пендаровски не го поддржал.

„Претседателот не го поддржа повторното судење и ве молам прашајте го, јас сум во контакт со него. Тој кажува отворено, а тоа е и мојот став, дека како и за сите други случаи, секој има право да отвори постапка на повторување на судење ако има нови докази, нови аргументи, кои ќе влијаат Судскиот совет, надлежен за таа работа, да одлучи за тоа. Ако се случуваат непринципелни работи, надвор од вредностите во коишто живее и верува огромно мнозинство од нашиот народ, тогаш системот на пеналење и казнување губи смисла. Така што, никако помилувања и амнестии во тој дел. Правото го имаат сите граѓани, вклучително и тие кои се осудени за настаните од 27 април, ако има нови моменти и докази, а така го појасни и претседателот на државата“, рече Заев.

За осудените за крвавиот упад во Собранието на 27 април ќе разговараат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателот Стево Пендаровски в петок, најави на брифинг опозициската партија.

Мицкоски веќе се изјасни дека е за одново отворање на случајот и одново судење за обвинетите. Тој објасни дека казните за осудените се драконски и дека тие не се терористи, иако им се судело за такво дело.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија43 минути

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија1 час

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија2 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија3 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија6 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет6 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион7 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија7 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион7 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет7 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија24 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион1 ден

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет1 ден

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет1 ден

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Досие