Контакт

Политика

ВМРО-ДМНЕ: Кривичната пријава за листеријата не е панична реакција

Објавено пред

Поднесувањето кривична пријава воопшто не е панична реакција, туку станува збор за реакција во правец на целосно расветлување на ситуацијата, реагира во сабота ВМРО-ДПМНЕ на обвинувања на Гоце Чакароски од СДСМ дека се направени институционални пропусти во случајот со бактеријата листерија од која починаа четири лица.

„Не е возможно поднесувањето на кривична пријава и активирање на целиот истражен апарат во функција на откривање на одговорните и нивно изведување пред лицето на правдата да биде панична реакција, туку напротив, неподнесувањето на кривична пријава ќе отвореше многу сомнежи“, се вели во пписмената реакција.

 

Министерството за здравство во рамки на своите надлежности, но и надвор од своите надлежности, се додава, презема мерки кои се предложени од експерти, професори, специјалисти по инфективни заболувања.

 

Од владејачката партија велат дека Владата и надлежните институции ќе работат со максимална посветеност на стабилизација на состојбата, и откривање на причинителите.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Шекеринска во Дебар: За две и пол години ставивме темел на модерна држава

Објавено пред

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вечерва се обрати пред граѓаните на Дебар, каде порача дека она што го направила Владата во изминатите две и пол години, ја исполнува со среќа.

„Ништо од тоа што се случи не ни падна од небо, ништо не ни подарија, се измачивме својски. Изминативе две и пол години реално удиравме темели на една подобра куќа за сите нас и знаете дека таа куќа не се гради ниту за една, ниту за две години, ако не ставиме цврсти темели џабе ќе биде сето друго“, нагласи Шекеринска.

Како што рече заменик претседателката на СДСМ, едниот од тие длабоко поставени темели е членството во НАТО.

„Заедно сме со најмоќните во светот. Таа стабилност нема цена, нема алтернатива“, порача во обраќањето Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на собир во општина Центар вечерва порача дека правдата мора да завладее насекаде низ Македонија, во секој град на, како што кажа, овие 25.000 квадратни километри.

„Во нашата читанка ‘Обнова’ ќе го најдете она што е можеби најзначајно. А тоа е како да ја вратиме правната држава. Многу внимателно тим составен од врвни експерти, работеше во делот кој што ќе понуди реформи во правосудството. Правни експерти од Сиљановска-Давкова, Тања Каракамишева, Наумовски, Сашо Климовски, Менинковски и многу други кои дадоа се од себе за реформи во правосудството. Програма во која императив ќе биде почитување на законите во државата“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се осврна и на тоа дека политичките опоненти во текот на кампањата дехидрирале од негативности кон него и ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние како власт ќе започнеме со она што најмногу ги боли нашите сограѓани. А тоа е да провериме дали ние политичарите тоа што го поседуваме сме го стекнале на законит начин или на грбот на граѓаните. Еве јас и моето семејство се пријавуваме први да бидеме дел од тој ветинг на политичарите на македонската политичка сцена. И тоа ќе го примениме во првите 6 месеци. А не да ја префрламе топката дека биле виновни судиите, обвинителите, администрацијата или народот“, кажа тој.

Мицкоски пред центарци порача и дека ова не се обични избори бидејќи, како што рече, ќе треба да ја детерминираат иднината на државата.

„Овие избори ќе ја одредат иднината на нашите семејства, на нашите потомци, но исто така и ќе треба после овие избори да ги направиме горди и нашите претци кои што со живот го платиле ова што денеска ние го живееме“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и повика граѓаните на 15 јули да го победат најголемиот противник на напредокот на државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски: Во следниот мандат ќе го завршиме проектот за гасификација на Крива Паланка

Објавено пред

За само две и пол години направивме многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на коалицијата „Можеме“, на трибината во Крива Паланка.

„После 50-60 години ги обновивме сите регионални патишта во овој регион. Патот Ранковце-Крива Паланка, целосно завршен проект. Започна да се работи и на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, три од четири експресни патишта се градат во Истичниот регион. Работиме и на патот Крива Паланка-Деве Баир, еден од најуништените патишта. Срамно е таков пат да не поврзува со ЕУ, со Бугарија“, нагласи Николовски пред присутните.

Додаде дека СДСМ покажал оти зборот е збор и дека се грижи за сите луѓе, односно го враќа животот насекаде.

„Во следниот мандат ќе се заврши проектот за гасификација на Крива Паланка до секој дом. И зимски рекреативен центар на Калин Камен ќе има во следниот мандат со СДСМ и со коалицијата ‘Можеме’. Но, ќе има и рурален развој и повисоки плати, повисоки пензии, за сигурна иднина, за повеќе работни места за младите, за силен развој на новата македонска економија“, рече Николовски.

Генералниот секретар на СДСМ нагласи и дека Северна Македонија ќе продолжи по патот по кој е трасирана нашата земја.

„Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Ќе дојдеме до тие две и пол милијарди евра за повеќе пари за секое семејство, за повеќе водоводи, за повеќе канализации“, реле Николовски и ги повика граѓаните на 15 јули да излезат масовно на гласање и да гласаат за СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија8 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа8 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија10 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион11 час

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија12 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа12 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт13 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион13 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет15 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет16 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет16 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет17 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион1 ден

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет1 ден

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет1 ден

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ1 ден

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија1 ден

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа1 ден

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 ден

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Досие