Политика
ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави препораката за започнување на преговори
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави препораката за започнување на преговори за полноправно членство на Република Македонија во Европската унија и оцени дека не се оставриле сценаријата на СДСМ.
„Оваа препорака значи дека Европската комисија отценува дека Република Македонија ги исполнува демократските и институционалните услови за наше целосно интегрирање во Унијата“, изјави во средата попладне Илија Димовски, Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е држава која е спремна да започне преговори. Македонија ги исполнува стандардите, Комисијата го констатира тоа и го препорачува, рече Димовски.
Тој вели дека за среќа, не се остварија сценаријата за кои хаотичното раководство на СДСМ се надеваше и работеше.
„Не се оствари желбата Македонија да не ја добие препораката за почеток на преговорите. Очекуванао е од ова хаотично раководство на СДСМ да сака со уцени спрема сопствената држава да дојде на власт, а притоа да не мора за тоа да гласаат граѓаните. Сите кои работеа на можноста Македонија да не добие препорака денеска се разочарани и се обидуваат да го намалат значењето на оваа препорака, но не можат да го тргнат срамот од себе, дека работеа спротивно од интересите на сите граѓани и целата Република Македонија“, рече Димовски.
Според него, СДСМ дури сака да го игнорира и фактот дека препорака постои.
Димовски истакна дека Европската унија очигледно добро ги одмерила реалните состојби со капацитетот на државата за почеток на преговори за полноправно членство.
„Начинот и методологијата како е изработен и презентиран Извештајот како документ не е различен од претходните години. Така беше и минатата година, годините претходно, така е и сега. Има елементи кои се пофалени и означени како навистина напредни, но има и теми за кои Европската комисија очекува поголем ангажман од страна на домашните институции, но и на сите политички субјекти и општествени чинители“, истакна Димовски.
Тој изрази жалење што токму политичкиот дијалог помеѓу партиите и односите помеѓу нив е една од најкритикуваните теми, одавајќи дека „СДСМ со своите уцени и деструктивно однесување ги лаже сопствените членови и токму тоа е тоа на што СДСМ се осврнува“.
„Се надеваме дека СДСМ и нивното раководство ќе научат дека со напад спрема својата држава не можат да успеат во својата желба за враќање на власт“, рече Димовски.
Тој смета дека оваа препорака е јасен показател дека стандардите во Македонија се на нивото потребно за почеток на преговорите, инаку би немале препорака, ако е се црно како што вели СДСМ.
„Оваа препорака не е ниту условена, како што опозицијата со своите медиуми, сакаше да конструира и да претстави во обид да превенира да биде толкувана како шамар за хаотичното раководство на СДСМ“, изјави Димовски.
Тој најави со внимание ќе биде проследен Извештајот на Европската комисија и како секогаш до сега тој документ ќе се користи како една од најзначајните водилки за утврдување на приоритетите за работа на сите надлежни институции.
„За нас е посебно значајно тоа што Европската унија нотира голем напредок во економијата и прогрес во правосудството и јавната администрација, како и борбата против организираниот криминал. Пофалбите за економскиот дел се многу значајни за нас да продолжиме со политиките кои помагаат директно на сите граѓани. Политичките критериуми во континуитет се ефикасно исполнувани се констатира во извештајот“, рече Димовски.
На крај, изразуваме надеж дека Унијата ќе успее да најде начин, со силна поддршка од наша страна да се стави крај на ќор-сокакот, наметнат од една од членките на Унијата, како што и самите велат, додаде Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребен континуитет на високиот дијалог помеѓу Република Македонија и Европската унија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка
„Енергетската независност на Македонија е значаен приоритет за СДСМ и за Коалицијата за европска Макединија. И во време на најголемата енергетска криза, граѓаните не го почуствуваа недостатокот на светскиот пазар, затоа што водевме мудри политики и обезбедивме енергија за целата држава. Во наредниот мандат гарантираме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70 проценти во однос на 2019 година, со што ќе бидеме енергетски независни“, изјави Јован Митрески, носител на ИЕ 5 за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.
Тој најави дека во наредниот мандат ќе биде зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија за најмалку 100 проценти, а еден милион граѓани ќе добиваат енергија од обновливи извори.
„Ги зголемуваме субвенциите од 80 илјади на 120 илјади денари за домаќинства, ги зголемуваме мерките за заштита на правата на ранливите потрошувачи на енергија. Воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроцентрали“, додаде тој.
Митрески најави и дека ќе продолжи поддршката на бизнисите, преку 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производството и 3,5 милијарди капитални инвестиции и гарантираме стабилна даночна политика.
„Воведуваме 0 проценти данок на личен доход за минимална плата, како и по 200 евра за во првите 12 месеци за секое прво вработувањ на лица до 26 години. Планираме инвестиции од над 2,7 милијарди евра, за модернизација на инфраструктурата во сите општини, квалитетна инфраструктура е предуслов за растечка економија и повисок животен стандард“, додаде Митрески.
Македонија
Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција
Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
Исто така, додаде Сајкоски, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид, подобрување на патната инфраструктура кон Ресен, а во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.
Како што рече Сајкоски, со ова, Битола ќе добие можност за економски раст и развој, можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.
– Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот, рече Сајкоски.
Македонија
Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија, изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица
Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ. Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица. Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
– Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија, рече Ковачки на средба со граѓаните.