Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Немаме потреба да поткупуваме, ја имаме поддршката од народот

Објавено пред

Немаме никаква потреба од поткупување на гласачите, бидејќи сме убедени во мудроста на народот и неговата поддршка, се вели во реакцијата од петокот вечерта на ВМРО-ДПМНЕ по медиумските извештаи и обвинувањата дека граданочалникот од нивните редови во Кавадарци се обидел да поткупи Роми за гласањето во недела, 11-ти декември на предвремените парламентарни избори.

dobivaj vesti na viber

Претходно во петокот повикувајќи се на потврда од полицијата, пренесоа дека сите за кои се тврди дека делеле по 1.000 денари на Ромите се заклучени во општинската зграда во Кавадарци, потврди полицијата. Полицијата интервенирала откако во текот на денот Ром од Кавадарци пријавил дека градоначалникот Александар Панов му нудел 1.000 денари за да гласа за ВМРО-ДПМНЕ на изборите во недела. Панов ги негираше ваквите обвинувања, притоа додавајќи дека опозицијата е таa што пушта гласини дека некој им делел пари на Ромите да гласаат за владејачката партија. За случајот е известено и обвинителството кое треба да ја води истрагата.

„Со внимание го следиме обидот на СДСМ во Кавадарци за создавање манипулации со кои сакаат да го покријат стравот од извесниот пораз во недела. На СДСМ нема да му помогнат ниту овие, ниту, пак, вакви слични лошо режирани сцени кои немаат никаква врска со реалноста и вистината. Тие се прочитани од народот и ниту вава фабрикувана афера во стилот на претходните на Чаушот не може да им помогне, тие не можат да избегаат од соочување со народот. Ние и нашата коалиција немаме никаква потреба од вакви работи, бидејќи сме убедени во мудроста на народот и неговата поддршка кон татковината, разликата е голема и за два дена доаѓа денот кога граѓаните ќе го казнат СДСМ за неговата срамна политика. Сакаме да потенцираме дека немаме намера да влегуваме во шемите за лаги и конструкции на СДСМ, но истовремено потенцираме дека сме максимално посветени и подготвени да одговориме на секаков обид за нарушување на изборниот процес и загрозување на волјата на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, тие очекувале „вакво однесување“ од опозицијата. Истовремено ги повикуваат Министерството за внатрешни работи и Јавното обинителство и официјално да се произнесат „во врска со лагите кои денес ги пласираше очајниот СДСМ“.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека информацијата оти во штаб на Демократската партија на Ромите се делело поткуп била целосно измислена, и оти надлежните органи на теренот не констатирале инкриминирано дело./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Стоилковски: Дали ДУИ и СДС веќе ги поделиле автопатите по делници или ќе ја пресметуваат и делат разликата по ископан кубик земја?

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција направи неколку споредби со цени за градежни зафати при изградба на автопати во Македонија. Заедничко, како што рече, е тоа што зад двата договора како инвеститор на градбата секако стои државата Македонија.

dobivaj vesti na viber

„На страница 130 од договорите за коридорите 8 и 10 д добиен од укажувачи во ценовникот за ископ на првиот слој прифатена е цена од 5,36 евра за кубен метар, односно 330 денари. Ова е цена за ископ на горниот слој земја со вклучен транспорт до 3 километар. Над овие 3 километар за транспорт се наплаќа 0,17 евра за тон од километар, па, така, еден камион со носивост од 25 тона ќе чини 4,25 евра од километар!

За споредба, договор склучен на 24 февруари 2023 помеѓу „Гранит“ и ЈПДП за автопатот од ГП Блаце до с. Блаце, за истата работа „Гранит“ наплаќа 2,33 евра за кубен метар со вклучен транспорт до 15 километри. Значи, наместо 2,33 евра од еден кубен, државата сега, со 15 километри транспорт, ќе плаќа 7,4 евра или 5 евра повеќе за кубен метар. Треба да се знае дека се работи за многу милиони кубни метри земја за ископ.

Потоа, ископ на подолни слоеви земја под првиот слој. 8,95 евра за кубен метар или 552 денара со транспорт до 3 километри. Над тоа повторно се плаќа 4,25 евра од километар за камион. Во споредба со договорот за рехабилитација на државниот пат Тетово – Џепчиште од 2021 година, цената таму е 240 денари за македонската фирма „Гранит“, значи цената за коридорите е многу повеќе од двојно поголема. 552 денара со 240 денари до три километри, а потоа се додаваат и оние 4,25 евра за километар за камион“, објасни Стоилковски.

Праша каде ќе заврши разликата во пари. Се работи за многу пари, за многу земја, многу површински и под површински ископ, многу минати километри, рече Стоилковски.

„До сега нема одговор, сè уште го кријат договорот, го кријат и од институциите, има само молк на прашањата за финансиските импликации врз буџетот.
Кријат и бегаат од одговор зошто е толкава разликата и зошто е прифатена толкава разлика во цени?

Партиите од власта, потписници на договорот, треба да одговорат: Дали ДУИ и СДС веќе ги поделиле автопатите по делници или ќе ја пресметуваат и делат разликата по ископан кубик земја? Македонија е во период кога наближуваат избори, па мора да се знае дали ДУИ и СДС подготвуваат црни фондови за изборен поткуп?“, праша Стоилковски.

Ниедна клаузула или договор, според него, не може да бидат посилна од институциите ако треба да се спречи тежок криминал со наштетување на државниот буџет во партиски цели.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Патиките на Артан Груби чинат 138 евра на попуст

Објавено пред

Се огласија од ДУИ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, носел скапи патики, кои чинеле колку една македонска просечна плата.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека патики чинат 138 евра, симнати на попуст од 212 евра.

„Денешната ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатлива, која го пушти низ вода сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку Гебелска пропаганда. Затоа, Никола Груевски има четирипати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски, туку сè уште го сметаат Груевски за свој лидер.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и за личните навреди упатени кон првиот потпретседател на Владата, г. Груби. Во прилог ви испраќаме доказ за цената на патиките за кои, замислете, се состануваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција“, велат од владејачката партија.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Артан Груби дека носел патики што чинат колку една просечна македонска плата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лекарите ќе работат и онлајн за да си ја заработат платата, најави Меџити

Објавено пред

Министерот за здравство Фатмир Меџити зборуваше за проблемите во здравството. Тој рече дека има проблем да се закаже термин кај специјалист и проблем се дијагностичките процедури, па граѓаните се принудени да плаќаат во приватното здравство. Нагласи дека тој и неговиот тим работат на тоа да се надминеме овој проблем.

dobivaj vesti na viber

„Пред три недели ги пуштивме сите екипи, сите контролори и инспекции се на терен. Имаме подобрување во тој контекст. Понатаму, ќе излеземе со точни резултати какво е подобрувањето. Знаеме дека има проблем, јас од првиот ден велам дека треба целосна реорганизација на здравствениот систем во нашата држава. Треба систематизација на здравството, ние работиме напорно, презедовме мерки и ќе имаме точни резултати за неколку недели, дека имаме подобрување и ќе продолжиме да работиме“, рече Меџити.

Во врска со дијагностицирањето, рече дека работи заедно со својот тим, а дека проблемот е во систематизацијата и реорганизацијата.

„Во клиничкиот центар имаме доволно кадар, и здравствени работници и сестри, знаете дека ние првин треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек, ова не се прави за ден-два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но ние треба да почнеме, работите да се движат композитно, јас имам моја предлог-визија, работиме на тоа да има и група формирана на дигитализација на радиологијата во целата држава, т.е. централизација на радиологијата. Тоа значи дека ако во еден град има доктор што дневно чита еден рендген на една рака или нога, сега понатаму нема да биде така, онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно да чита еден лекар за да си ја изработи платата, над тој број и дома, нашите почитувани радиолози, ако сакаат повеќе финансиски примања, ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго“, објасни министерот Меџити.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Уапсен скопјанец за убиството на Жила во Чаршија, се поврзува со запалениот автомобил искористен за бегството

Скопјанец е уапсен за двојното убиство во скопската Чаршија во „Шиша бар“ кое се случи пред три месеци, дознава „Макфакс“....

Свет1 час

Зеленски му постави ултиматум на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се појави на самитот на НАТО во Литванија во јули освен ако Алијансата не...

Македонија2 часа

(Видео) Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзалната сала, кое проголта дел од улицата 9 Мај

Со полициска асистенција, градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзална сала, кое...

Македонија2 часа

Стапуваат во сила три договори од берлинскиот процес

Во Македонија, Албанија и Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот...

Македонија2 часа

Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба,...

Вести3 часа

Бодликава жица, зовриена атмоссфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот на Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот на Косово. Вработените во локалните самоуправи не можат да...

Вести4 часа

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четири пати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј...

Топ14 часа

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ16 часа

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....

Топ17 часа

Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено...

Топ19 часа

Уапсен старец од Скопје кој допирал малолетничката во автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР. Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски...

Македонија21 час

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на...

Македонија24 часа

(Видео) Адвокатот зборуваше за повредите на Пендиков, болниот се смееше зад грб на прашањата

Додека адвокатот Стефан Карамишевски зборуваше за повредите на Христијан Пендиков, болниот зад грб се смееше на новинарските прашања. Карамишевски не...

Македонија1 ден

Министерот за здравство без магичен стап: Тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред...

Македонија1 ден

Почина Драги Христов, познат како Драги Шпага

Драги Христов, кого сите го познаваа по прекарот Драги Шпага, почина на 52 години по кусо и тешко боледување. На...

Македонија1 ден

(Видео) Пендиков веќе не се плаши, пред новинарите се пожали, на сè не одговара: Не е убаво да ве пцујат

Христијан Пендиков застана пред македонските новинари, но адвокатот Стефан Карамишевски не му дозволи да одговара на прашања што не се...

Македонија1 ден

Кратка драма на судењето за Пендиков: судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот си излегоа од судницата за да го запрат судењето

Нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски е доставен до судот во случајот со натепувањето на Христијан...

Свет1 ден

Медведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена цел

Лондон практично води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена...

Македонија1 ден

По потпишувањето на договорот, Груби почна да носи патики што чинат колку една македонска плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за коридорите...

Регион1 ден

(Видео) И денеска масовно собирање граѓани во Звечан, КФОР постави бодликава жица

И утрово се собраа граѓани пред општината Звечан. Постојано се зголемува нивниот број. Исто така, голем е и бројот на...