Политика
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се прават слепи за разликата во вложувањата во инфраструктурата
Во СДСМ решиле да се прават слепи и недоветни на темата инфраструктура, но граѓаните и тоа како добро гледаат и знаат да направат разлика меѓу инвестициите во инфраструтурата од времето на нивното владеење и денес, реплицираа во средата од владејачката партија, на прес-кофнереницијата на таја ја на Балгоја Бочваровски од најголемата опозициска партија кој оцени дека земјата загубила 100 милиони евра од ЕУ за инфраструктурни проекти за поради наводни погрешни политики на власта.
Во СДСМ решиле да се прават слепи и недоветни на темата инфраструктура, но граѓаните и тоа како добро гледаат и знаат да направат разлика меѓу инвестициите во инфраструтурата од времето на нивното владеење и денес, реплицираа во средата од владејачката партија, на прес-кофнереницијата на таја ја на Балгоја Бочваровски од најголемата опозициска партија кој оцени дека земјата загубила 100 милиони евра од ЕУ за инфраструктурни проекти за поради наводни погрешни политики на власта.
„Очигледно СДСМ немаат основни познавања од транспортната политика што се спроведува во Македонија и затоа објавуваат паушални и неточни информации. Во ниту еден случај во Македонија не се запрени пари за инфраструктурни проекти, напротив за сите проекти што се реализираат обезбедени се финансиски сретства и сите се во фаза на реализација“, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Бочварски и СДСМ покажале „уште едно елементарно непознавање на темата“ со изјавите дека биле запрени средства за водовод и канализации.
„Наместо да ги лажат и манипулираат граѓаните со бројки, тие треба да објаснат како досега оваа Влада успеа да изгради водоводни и канализациони системи во речиси сите општини во Република Македонија, притоа инвестирајки преку 50 милиони евра“, порачаа од владејачката партија
Во реакцијата се истакнува и дека „ка во 2006 година владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт наследи лоша инфраструктура во државата. Наследи стотици и стотици километри уништени патишта без да се води сметка за обнова и изградба на нови. Само СДСМ не гледа или пак не сака да признае дека оваа влада инвестира преку една милјарда евра само во изградба на патна инфраструктура. Или уште еднаш би ги потсетиле СДСМ што се оваа влада гради“:
Натаму таксативно се набројуваат некои од проектите како:„Во тек е изградба на автопат Демир Капија-Смоквица во должина од 28,2 км, инвестиција 210 милиони евра.; Во тек е изградба на автопат Миладиновце – Штип (автопат Гоце Делчев) во должина од 47 километри, инвестиција 206 милиони евра; Во тек е изградба на автопат Кичево –Охрид (автопат Мајка Тереза) во должина од 57 километри, инвестиција вредна 374 милиони евра; Во тек е рехабилитација на автопатска делница Смоквица-Гевгелија со должина 10,15 км инвестиција 4,2 милиони евра; Во тек е рехабилитација на автопатска делница Куманово-Миладиновци во должина од 23 километри, инвестиција од 6 милиони евра; За еден месец ќе се отпочне со рехабилитација на автопатска делница Неготино – Демир Капија, во должина од 8 километри. инвестиција 4,2 милиони евра; Изградена е автопатската делница Табановце – Куманово со должина од 7,5 км и инвестиција од 13,3 милиони евра; Во 2012 извршена е рехабилитација на автопатска делница Катланово-Велес во должина од 27,6 км и инвестиција од 6,6 милиони евра; Во 2008 година беше пуштена во употреба Обиколницата на Скопје, дел од Коридорот 8 во должина од 26.8 км и инвестиција од 15 милиони евра; Реконструирани се сите мостови на Коридор 10 во износ од 38 милиони евра; Во 2015 година извршена е рехабилитација на автопатската делница Велес-Катланово во должина од 23,5 км и инвестиција од 6.6 милиони евра; Во завршна фаза е изградбата на експресниот пат Велес-Кадрифаково во должина од 25,9 км, инвестиција од 14,6 милиони евра; Отпочнат е со изградба експресниот пат Градско – Прилеп (прва фаза во должина 10 км, вредност 31,8 милиони евра); Оваа година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Штип до Кочани во должина од 26 километри, проценета инвестиција од околу 53 милиони евра; Оваа година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Штип до Радовиш во должината од 38 километри и проценета вредност 64 милиони евра; Оваа година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка во должина од 26 километри. инвестција од 78 милиони евра; Следната година ќе се започне со изградба на експресниот пат од Охрид до Пешатни, проценета вредност од 52 милиони евра; Во тек е реконструкција на 13 регионлани патишта со вкупна должина од околу 180 километри и инвестиција околу 40 милиони евра; Во наредниот период ќе се започне со реконструкција на уште неколку регионални патни правци или инвестиција преку 70 милиони евра; Завршени се 404 локални патишта со должина од околу 750 км и инвестиција од околу 65 милиони евра“.
„Наместо празни изјави и манипулации со фиктивни бројки СДСМ нека излезе со конкретна програма и ако има идеи нека ги претстави пред граѓаните на Република Македонија’, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/сс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.