Политика
ВМРО-ДПМНЕ: За кризата одговорните се во СДСМ
Најпоразуваниот политичар во историјата на Македонија Радмила Шекеринска и злосторничкото здружение СДСМ не може да обвинуваат никој друг за кризата во која само тие ја втурнаа земјата, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ на тврдењето на потпретседателката на најголемата опозициска партија, дека владејачката партија бегала од фер избори.
„Прво СДСМ тоа го стори со непризнавањето на изборите за кои сите знаат дека беа кристално чисти, што се потврди и деновиве со последниот бродолом на лагите на СДСМ околу фантомските гласачи. Потоа СДСМ го продолжи делото со уценувањето и нападот врз институциите и држењето во заложништво на целата држава. Сето ова само затоа што на Бихаќка не може да седнат и да напишат програма која кредибилни политичари, а не комплетни лузери, ќе ја презентираат пред народот и ќе се борат за довербата“, се истканува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија констатираат дека опозициските социјалдемокеати „не сакаат да работиат, туку сака само да уриваат“.
„Да знаеше СДСМ да работи, ќе имаше еден проект во својата историја со кој ќе се пофалеше. А единствените проекти со кои Шекеринска и СДСМ може да се пофалат се ‘По еден вработен од секое семејство’ кој заврши со катастрофа, проектот ‘Ќе ја внесеме Македонија за 6 месеци во ЕУ и НАТО’ кој би завршил со сериозна катастрофа за СДСМ и проектите ‘Приватизирај ја Македонија’, ‘Затвори 684 фабрики’ и “Избркај 200.000 луѓе на улица’“ со кои го одбележаа животот на стотици илјади граѓани“, иронизираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие, исто така, продолжувајќи во ист стил од „поновите проекти“, на СДСМ ја истакнуваат аферата „Фабрика за афери“, во која блиски соработници на опозицскиот челник Зоран Заев се обвинети дека фалсификувале лични исправи за да ги прикажат како дело на власта за фалсификување избори, како и тргување со прислушуваните телефонски разговори кои лидерот на СДСМ ги пласираше во јавноста како доказ за корупцијата на власт
„Една ваква срамна деструктивна партија како СДСМ не може да претендира да ја добие волјата од народот. На Македонија најмногу од се и треба список на политичари прочистен од лузери и деструктивци како Шекеринска, Заев и нивната екипа на послушници. На Македонија не ѝ требаат политичари како Заев и Шекеринска кои на медиумите кои не ја следат слепо нивната пропаганда и не служат како партиски гласила на СДСМ, ги прогласуваат за политички непријатели, им се закануваат со затворање и драконски казни. Заев и Шекеринска тоа можеби можат да го прават во Северна Кореја или ИСИС, но нема да го прават тоа во Македонија“, заклучуваат во ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму ги обвинуваат Заев и Шекеринска дека во отсуство на изборна прграма по секоја цена се обидуваат да „си обезбедаталиби за бегство од избори“, за нивно одложување или непризнавање на резултатите./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.