Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се обидува да сокрие дека не ги исполнува предизборните ветувања

Објавено пред

Градоначалникот на скопската општина Центар, Андреј Жерновски кој доаѓа од опозициската Либералнодемократска партија, повторно сака да го прикрие своето неработење и да го сокрие срамот пред граѓаните за нереализираните ветувања кои ги делеше во предизборието, реагираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата го потсетуваат Жерновски дека само во последната година од претходниот мандат „со посветена работа за потребите на граѓаните, драстично го зголеми бројот на нови паркинг места, преку изградба на нови паркинг простори и катни гаражи во О. Центар. Во тој период се реконстурирани над 60 улици, а поставена е и инфраструктура на над 40 улици. Изградени и реконструирани се 16 тротоари и пешачки патеки на целата територија на Општина Центар“.

Од ВМРО-ДПМНЕ набројуваат дека во периодот кога со оваа скопска општина управуваше оваа партија, биле подобрени условите во сите детски градинки и основни училишта, а за првпат откако постои ОУ „Гоце Делчев“ изградена е фискултурна сала. Изградени се нови детски игралишта на 14 локации на територијата на О. Центар.Грижејќи се за животната средина, хортикултурно уредени се над 30 нови локации со голем број на нови садници и цветен расад. Поставена е нова мрежа за улично осветлување со должина од над 13 000 метри. Исчистени се над 4500 метри кубни смет од диви депонии, со што О. Центар стана една од најчистите општини. Грижејќи се за повозрасните, отворени се 5 нови пензионерски клубови. Во целокупниот мандат на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реализирани се над 228 проекти, кои сите заедно допринесоа Центар да биде најпосетената општина од туристите.

„Токму спротивно, г-дин Андреј Жерновски, кој своето неработење се обидува да го прикрие со манипулирања на емоциите на луѓето, во овие година ипол од седнувањето во градоначалничката фотелја, не се помрдна од неа и не реализираше ниту едно ветување. Проектот за гасификација на училиштето ’Димитар Миладинов’, требаше да биде завршен пред точно една година, а тој сé уште не е ни почнат. Сé уште нема ни трага ни глас од ветувањата ниту за градинката ниту за училиштето во Капиштец кое што им го вети Жерновски на граѓаните“, истакнуваат од владејачката партија.

Според нив, градоначалникот на Центар со своите обвинувања и манипулации, се обидува да го прикрие своето неработење и буквално сите му се виновни што нема реализирано ниту еден ветен проект.

Очигледно е дека Жерновски, велат од ВМРО-ДПМНЕ е свесен за недостигот од резултати од својата позиција, и упорно „настојува да се расправа со сите и да влегува во конфликти“. „Глуми голем политичар, а не е способен да реализира ниту едно од своите ветувања. Граѓаните на Центар се свесни дека овој градоначалник се грижи само за својата функција“ тврдат од ВМРО-ДПМНЕ и му препорачуваат на Жерновски да собере сила и конечно да започне со реализација на проекти коишто се во интерес на граѓаните./крај/мф/ап

Извор: Макфакс

Македонија

Сирија Рашиди: Сега е време за чисто владеење

Објавено пред

На централниот митинг на коалицијата Алијанса/Алтернатива, синоќа во Струга зборуваше носителот на списокот за пратеници во петтата изборна зона Сирија Рашиди, кој рече дека точно во Струга пред 6 години започна процес кој се претвори во моќно политичко движење, што според него годинава заедно со Алтернатива ќе донесе сигурна победа за Албанците.

„Ние стружаните исто така сме и огорчени. Огорчени сме што пред 3 години со помош на Љубе Бошкоски, со помош на државата и службите, на иницијатива на екстремен шовинист, ја нарушија апсолутната политичка волја на албанските стружани. Дами и господа, сега е време за различна влада. Сега е време за чиста влада, сега е време за еднаквост, сега е време за правда. Сега е време за оригинални реформи во образованието и здравството, сега е време за инвестирање во секое албанско село, сега е време за развој, сега е време да се врати надежта, сега е време да се запре егзодусот“, рече Рашиди.

Тој додаде дека е лицемерно да се слушне ДУИ да зборува за правдата.

„Кога корумпираните Албанци и крадци се на слобода, а чесни и невини Албанци се внатре. Затворите се полни со обични Албанци, дури и невини, и оние што имаат место во затвор, денес прават политика“, додаде Сирија Рашиди.

Рашиди истакна и дека се свесни дека на граѓаните во ова време им се закануваат и уценуваат со цел да купат гласови од нив, но тој им вети на граѓаните дека заокружувањето на бројот 5 на 15 јули ќе стави крај на овие практики кои им наштетија со години на Албанците.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мисајловски: Чаир е заборавен од власта, ветуваме дека повеќе нема да има граѓани од втор ред

Објавено пред

„Денеска повторно сме во Чаир, да се видиме тука со населените места, во маалата, да разговараме за проблемите на граѓаните. Се видовме и со повозрасните, со пензионерите кои не замолија да се зголемат пензиите, не замолија реално да се зголемат пензиите, а не како изминативе три години во кои постојано се ветуваше, но за жал пензионерите не добија ниту денар повеќе“, изјави Владо Мисајловски,носител на ИЕ 2.

„Затоа ние се обврзуваме со ветување до сите пензионери дека ќе ги зголемиме пензиите за преку 20%, бидејќи тие заслужуваат и се столб на општеството. Тие тука во Чаир живеат и живееле со години, сакаат да останат тука, затоа треба да им го подобриме стандардот, но не само на пензионерите, туку и на сите останати. Затоа ветуваме поголеми плати, како и подобар животен стандард.

Ветуваме инфраструктурни објекти, ветуваме поголеми капитални инвестиции. Позади мене се наоѓа Поликлиниката Чаир, СДСМ ветуваше дека ќе ја реновира комплетно, но може да видиме дека едно камче не е мрднато. Ние можеби ветуваме илјадници проекти, но сите тие се издржани, сите тие ќе бидат исполнети, затоа што ние стоиме позади секој еден проект. Можеби не ветуваме се и сешто, но она што ќе го ветиме, ќе го исполниме.

Тука доста граѓани се чувствуваат како граѓани од втор ред, бидејќи институциите не работат за нив, бидејќи локалната и централната сосема ги заборави.Затоа почитувани граѓани, почитувани чаирчани дајте ни ја поддршката, дајте ни шанса да направиме обнова во Македонија. Да направиме обнова во културата, да ја обновиме инфраструктурата, обнова на традиција и достоинството и на семејните вредности.Чаир е место кое заслужува да му се даде посебен акцент, Чаир не смее да се заборави и овие луѓе тука кои се останати да живеат, сакаат само една подобра перспективност, подобар стандард и нивните деца да продолжат да живеат тука“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонски концепт: Со обнова на пропаднатиот образовен систем ќе создадеме квалитетни кадри во државата

Објавено пред

Со цел современо образование, Македонски концепт создаде долгорочна стратегија која ги подготвува сите идни генерации за полесна адаптација во модерните дигитални општества, се наведува во соопштение од оваа партија.

„Квалитетното, конзистентно и добро систематизирано образование е темелот на секое здраво општество, на нормална држава. Функционалниот образовен систем значи дека вистинските вредности управуваат со процесите во државниот систем. Образовниот кадар создава напредна сила, која ги предводи конструктивните еволутивни процеси. Македонски концепт изработи програма со која ќе создадеме образовен систем што ќе одговори на потребата од едукација, од знаење за нашите деца и нашите млади”, изјави Марија Спасовска, кандидат на листата за пратеници за втората изборна единица.

Таа нагласи и дека поради лошиот квалитет на досегашното образование, младите квалитетни луѓе масовно ја напуштиле земјата во потрага по образовен систем што може да ја задоволи нивната жед за знаење.

„Со нашите реформи предвидено е воведување на виши, практични студии со воведување двегодишно практично ниво за одредени профили, притоа додавајќи вредност на образованието која може да се преточи врз зголемување на ефикасноста на пазарот на труд. Вложување во инфраструктурата и во кадарот на училиштата, наставниците треба да добијат поддршка за обука, пред да станат одговорни за водење своја училница. Неопходно е да се создаде национална програма за училишна инфраструктура која ќе ги ажурира училишните згради, истовремено создавајќи работни места во локалните заедници. Враќање на спортот во училиштата и враќање кон основите за одгледување на храна. Ревидирање на постоечкиот материјал за учење и создавање на инвентивни курикулуми за средно и основно образование. Ставање на учителот, наставникот, професорот во центар на образованието. Овозможување на секој ученик, студент, да си ги пронајде своите силни карактеристики и да ги усовршува со тоа што кога ќе заврши неговиот период на образование ќе може да доведе до создавање на додадена вредност во општеството од поединец”, објасни Спасовска.

На крајот таа порача дека Македонски концепт ќе се залага за еднакво образование за сите, кое ќе биде јавно достапно и ќе дава еднакви можности за сите, без разлика на полот, верата, националноста и бојата на кожата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт2 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија3 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ3 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија5 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија6 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ7 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа8 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет9 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет21 час

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Досие