Политика
Заев: Гостивар испраќа историска порака на единство до тие кои се мислат Александар и Скендер Бег!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва од Гостивар испрати порака до сите граѓани на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, други.
“Ви се колнам ќе стојам зад секој од вас без разлика на каква било различност. Аманетот од нашите претци заедно ќе го оствариме. Аманет имаме, тие заедно живееле. Во единството е силата. Гостивар вечерва испраќа историска порака, заедно ќе ја градиме оваа наша мајковина и татковина. Целиот свет на модерна Европа живее со различности и се развива. Што ни недостига нас, без памет сме?! Заради интереси оваа власт го дели народот, не знаат да одговорат на потребите на граѓаните, затоа сакаат поделби. До кога ќе дозволуваме?“, рече претседателот Заев.
“Едниот пред избори се претвора во Александар Македонски, другиот во Скендер Бег. Едниот бара 63 пратеници, другиот сака да е главен во Парламентот. Каде е народот тука? Каде е народот? За народот има избори, не за нив! 10 години живот украдоа на граѓаните”, рече меѓу другото претседателот Заев.
Претседателот на СДСМ, Заев, во Гостивар го објасни Планот за живот во Македонија на СДСМ и коалицијата и ги повика граѓаните да заокружат 4 на 11 декември и да обезбедат живот за децата и за себе во единствена Република Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ахмети: Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда кон Артан, ние не сме воз туку незапирлив урган

„Во последно време некои се лутат, но кај мене нема враќање назад!“, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети од Чаир.
Ги почитувам, додаде Ахмети, одлуките на мнозинството од партиските тела, но не можам да излезам од патот трасиран со крв и вредности.
„Нашата мисија започна за обединување, да им го дадеме на Албанците тоа што историски го заслужиле, слобода, правда, еднаквост. Јас, Талат Џафери и сите како нас, мора да работиме да го трасираме овој пат и да го направиме просперитетен за новите генерации бидејќи времињата се сменија. Денес се бара образование, квалитет и експерти, па јас сум многу горд на тимот што го има ДУИ во Владата, а оваа гордост се зголемува кога добивам комплименти од меѓународни претставници за тоа колку е добар нашиот имиџ“, истакна Ахмети.
Според него треба да се поддржат професионалните кадри за да ги покажат своите вештини, а не да се задуши ДУИ.
„Отворете ги рацете и прифатете ги младите, прифатете ја иднината, затоа што не можеме да бидеме дел од Европа без квалитетен и стручен кадар.
Тој со порака до лидерите на политичките партии, да го тргнат гневот, и да се обединат за земјата да стане дел од Европа.
„Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда кон Артан, ние не сме воз туку незапирлив урган, и не излегувајте пред него зашто ќе ве однесе“, рече Ахмети.
Потребно е помирување и обединување, а не поделба, дополни вицепремиерот Артан Груби.
„Раката ми останува подадена, затоа што немам огорченост или лутина, научени сме да бидеме заедно затоа што така ни налага времето и овој е вистинскиот момент. Сите заедно ги трасираме патиштата на ДУИ за интересите на нацијата, а не на поединецот, затоа што ДУИ е на сите, а не на неколкумина. Само слабите се плашат од конкуренција. Ништо не започнало и нема да заврши ниту со мене, ниту со некој друг“, рече Груби.
Македонија
(Видео) Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Груби

Демократската унија за интеграција со митинг во Чаир.
На митингот присуствуваат лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и министри од редовите на ДУИ.
Вицепремиерот Артан Груби пред почетокот кажа дека митингот е продолжение на собирите што ги имаше ДУИ во Тетово, Гостивар, Желино, Врапчиште и други општини, и најави продолжение и по другите ограноци на партијата.
Тој демантираше дека луѓето на митингот се дојдени под притисок. Напротив, според него собирот се одржува во убава атмосфера, спектакуларно и ќе бидат испратени убави пораки.
„Чаир е на Али Ахмети и на ДУИ, порача Груби, негирајќи дека станува збор за реваншизам кон Изет Меџити од „огнената група“.
Додаде дека Меџити, бил поканет, но, како што наведе, „на крајот на краиштата никој не се кани во својот дом“.
Македонија
(Видео) Ахмети прави спектакл во сала, улиците претворени во паркинг

Засилено полициско присуство на дел од улиците во Чаир, а колони од автомобили се паркирани на улицата Христијан Тодоровски Карпош во оваа општина. Очевидци коментираат дека ДУИ запоседна дел од улиците за свои паркинзи.
Причината е најавуваниот митинг од страна на ДУИ.
Во Чаир пристигна лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од неговите партиски колеги, Талат Џафери и владините министри.
„Синиот океан Чаир му припаѓа само на Али Ахмети! Те сакам многу“, напиша на социјалните мрежи Артан Груби пред почетокот на настанот.