Политика
Заев не открива што ако нема услови за кристално чисти избори
Избори ќе има, само ако се кристално чисти, сигурна победа на СДСМ и коалицијата, вистината е таа која го разголи владеењето на Никола Гриуевски, специјалното обвинителство има неколку чисти случаи од кои може да формира обвинија, за „Пуч“ и „Поткуп“,зборува лидерот на СДСМ, во интервју за „Капитал“.
За тоа дека некои критикуваат дека опозицијата ја изгубила ударната сила од објавувањето на „бомбите“, Заев вели дека „Вистината за Македонија е таа која го разоткри суровото, расипничко, криминално и корупциско владеење на Никола Груевски со којшто одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија“.„Но, Вистината за Македонија го соголи Груевски од сите негови маски, тоа беше најголемиот удар што можеше да му се нанесе на виртуелниот добротвор и патриот Груевски, за кого пропагандата и медиумите под негова контрола ја лажеа и ја лажат јавноста… Не е важно што е во интерес на СДСМ, важно е што е во интерес на граѓаните на Македонија. Тоа се кристално чисти предизборен и изборен процес и од оваа цел отстапки нема да има. По ударната сила на вистината, доаѓа ударната сила на правдата. Затоа, не, ништо не би сменил во нашите политики кои имаат искрени намери и гледам дека граѓаните тоа го препознаваат“, вели ЗаевНа прашањето колку може СДСМ да влијае врз предизборното трошење од буџетот, поради фактот што има министри или заменици во неколку министерства, Заев вели дека во престојниот период целосно ќе го разобличат расипничкото владеење на Груевски. „И казната за Груевски ќе стигне од граѓаните, од оние над 500.000 граѓани кои поради расипничките чолокадо-политики на братучедско – кумската власт живеат под прагот на сиромаштија, од оние над 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден, од народот што тој го потцени“, вели Заев во интервјутоТој очекува во скоро време Специјалното обвинителство да поднесе обвиненија.„Од она што го знам од материјалите, има неколку чисти случаи со конкретни докази за злоупотреби од страна на власта, што мислам дека може да резултира со обвиненија во скоро време. Гледате власта се обидува да ја кочи работата на Специјалното јавно обвинителство со одбивањето на Законот за јавнообвинителска дејност, неопходен за уредување на правата, должностите, одговорностите, платите на лицата вработени во јавнообвинителската служба, затоа што се плашат од расчистување на скандалите“, вели Заев. Заев смета дека Специјалното јавно обвинителство ќе ја врати надежта во правдата во Македонија, со случајот „Пуч“.„Јас за овој предмет не очекувам да падне или да се повлече, туку да се отвори до крај. Ќе се потврди апсурдноста на овој монтиран случај што за јавноста веќе е јасна. Во врска со вториот монтиран случај против мене, поднесов кривична пријава против јавниот обвинител кој го води процесот, Владо Милошески и судијата во предистражната постапка“, вели Заев. За Договорот од Пржино, лидерот на СДСМ вели дека Груевски и неговите соработници од петни жили се напнуваат да ги одложат сите зацртани рокови.„Медиумите се уште не се затворено прашање, а требаше да бидат до крајот на август. Пробиени се роковите за почеток на работа на Државната изборна комисија, за прочистувањето на Избирачкиот список. Доверлив изборачки список во којшто ќе веруваат сите граѓани е услов број еден за регуларно гласање. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги добивале изборите во криминален систем што сега е пробиен и тие се тие кои сега го доведуваат во прашање одржувањето на изборите на 24 април. Но што и да се обидува да направи Груевски, нема бегање од Договорот од Пржино! Уште еднаш укажувам, опција за Република Македонија се само кристално чисти избори“, вели Заев, но не појаснува што ќе се случи ако оценат дека нема услови за фер избори на 24 април./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.