Политика
Заев продолжува со обидите да ја дестабилизира Македонија преку креирани материјали
Зоран Заев продолжува да се обидува со креирани, монтирани, сечени, лепени и прелепувани разговори да креира дестабилизација на институциите во Македонија, со единствена негова цел да се добере до власт без никаква поддршка од граѓаните.
Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДМНЕ на пресконференцијата на лидерот на СДСМ, на која ја објави таканречената 14 бомба.
Зоран Заев е свесен дека со ова негово сценарио одработува за странски центри кои имаат лоши цели во однос на државата и нејзините државни интереси, с евели во реакцијата.
Соочен со фактите и признанијата за соработка со странска служба, соочен со неговите криминали и барања мито, како и со фактот дека се повеќе работи околу неговото срамно однесување се појавуваат во јавноста, Заев се обидува да ја дефокусира јавноста и преку конструирани материјали ставени во манипулативен контекст, да се извади од своите скандали и криминали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија се уверени дека ова сценарио нема да му помогне Заев и дека правдата и вистината ќе го стасаат и нема да може да го извадат никакви сецкани материјали и никакви странски центри.
Според ВМРО-ДПМНЕ денешните наводи на Заев и СДСМ се крајно тенденциозни, невистинити и целосно манипулативни.
„Автопатите за кои денес зборуваше Зоран Заев се реализираат во крајно легална и транспарентна постапка со Закон донесен во Собранието на РМ, исто онака како што и други крупни инфраструктурни проекти во минатото беа градени. Дополнително овие автопати се градат по цена која е значително поевтина од многу слични проекти кои се реализираат во нашиот регион и Европа и се прават со средства добиени по најповолни каматни стапки од 2%,“ стои во сопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ даваат примери за цената на чинење на повеќе автопати во регионот. Aвтопатот Загреб-Сисак чинел 11.3 милиони евра по километар, автопатот Загреб-Ријека близу 15 милиони евра по километар, автопатот Нова Горица-Сисак од 6 до 8 милиони евра по километар, патот Добој во Босна 6 милиони евра по километар, автопатот Вжешко-Тарново 7 милиони евра по километар, автопатот Босињево-Сплит изнесува 7.1 милиони евра по километар, автопатот Босилево-Јосип Дол чини 6.73 милиони евра по километар, автопатот Шестановац-Рафча 6,67 милиони евра по километар, автопатот Брезнички Хум-Нови Маров 5,56 милиони евра по километар, изградбата на Делница Д1 во Словачка чини 32 милиони евра по километар, во Унгарија просечната цена за изградба на автопат чини 11 милиони евра по километар.
Цената за изградба на автопатот од Скопје до Штип во просек изнесува 4,38 милиони евра по километар, а за автопатската делница од Кичево до Охрид цената изнесува 6,59 милиони евра по километар.
Изградбата на автопатските делници Скопје-Штип и Кичево-Охрид се реализираат преку соработка и поддршка со Владата на Народна Република Кина и кинеската Ексим банка. Градежните работи ги извшрува кинеската компанијата „Синохидро Корпорејшен Лимитед“ во соработка со домашни компании, стои во соопштението.
Притоа се вели дека со ваквото однесување на Заев, тој не само што го гази имиџот на државата, туку и се обидува да ја вовлече државната компанија на НР Кина, како и останатите институции кои учествуваат во овие проекти, во лоши сценарија.
Освен досегашните три автопати ќе се гради и четврт автопат. Во април ќе излезе јавен повик за концесионер за автопатот помеѓу Кичево и Гостивар, што би требало да значи дека околу Нова Година ќе почне градбата на новиот автопат кој паралелно ке се гради со другите автопати. Од август-септември пак, ќе започне градбата на нов експресен пат со 4 ленти меѓу Штип и Кочани и проширување во ист таков експресен пат помеѓу Градско и Прилеп, а некаде од Нова Година и Охрид-Пештани. Следната година ќе почне градбата на експресниот пат со 4 ленти од Ранковце до Крива Паланка и бугарска граница, и процедурата за градба на 4 ленти експресен пат од Штип до Радовиш.
Зоран Заев и СДСМ не можат да се помират со фактот што оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира огромен број проекти во интерес на граѓаните како што впрочем се и автопатските делници кои се градат. СДСМ и Зоран Заев никогаш не изградиле нешто во интерес на граѓаните. Тие својата политика ја базирале, а гледаме дека сеуште ја базираат на манипулации сплеткарења и деструктивно делување спротивно на интересите на граѓаните.
Само нека продолжат така. Граѓаните ја препознаваат нивната политика на манипулации, креирања невистини и монтажи. Нивната ваква политика како и досега, така и во иднина ќе биде казнувана од граѓаните, затоа што тие знаат да препознаат кој работи во нивен интерес, а кој не, се вели во соопштението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.