Политика
Заев: СДСМ го направи вториот чекор од стратегијата за политичко делување
Лидерот на најолемата опозициона партија, Социјалдемократски сојуз за Македонија, Зоран Заев, на прес конференција во средата ја објави кадровската поставеност на столбот на Централниот систем на комисии и со ова, како што истакна, партијата го направила својот втор чекор во реализација на Стратегијата за политичко делување на СДСМ.
Централниот систем на комисии, како што нагласи Заев, внимателно ќе ја следи работата на секое министерство, орган, институција, на централно и на локално ниво и ќе ги коригира „штетните политики“ со спротивставување и сериозна, квалитетна, реална и видлива алтернатива.
„Сакам да ве известам дека Извршниот одбор на партијата синоќа едногласно донесе одлука да биде формиран Директорат на Централниот систем на комисии при што поставени се пет извршни директори кои ќе работат директно во консултации со мене како претседател на Социјалдемократскиот сојуз и ќе ја координираат работата на 17 комисии“, истакна лидерот на СДСМ.
Тој обелодени дека за извршен директор и претседателка на Комисијата за надворешни работи, задолжена и за комисиите за информатичко општество и администрација и за европски прашања е заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
За комисиите за внатрешни работи, за правда и за одбрана како извршен директор задолжен е генералниот секретар Оливер Спасовски.
Извршен директор задолжен за комисиите за финансии, за економија, за локална самоуправа, за труд и социјална политика и за енергетика е потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов.
За извршен директор на комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање задолжен е потпретседателот, Дамјан Манчевски, а за комисиите за здравство, за образование и наука и за Комисијата за култура задолжен е потпретседателот, Александар Кирацовски.
„Директоратот на СДСМ, континуирано ќе ги скенира општествено – политичките процеси во државата, што влијаат врз животот на граѓаните на Република Македонија и ќе носи одлуки за политичко дејствување на СДСМ, исклучиво според потребите на граѓаните на Македонија“, истакна Заев.
Тој додаде и дека на вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата била донесена одлука за формирање на 17-те комисии што ќе бидат „постојан коректив“ на државните институции и предлагач на алтернативните решенија на СДСМ пред граѓаните, за проблемите со коишто се соочуваат.
Според него за претседатели на комисиите избрани се личности кои долги години ја следеле работата во ресорите што ќе ги водат. Дел од нив се членови на Извршниот и Централниот одбор, дел од нив се досегашни претседатели на советите на партијата.
„Претседателка на Комисијата за внатрешни работи е потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, претседателка на Комисијата за правда е пратеничката и членка на Извршниот одбор, Рената Дескоска, претседател на Комисијата за финансии е досегашниот претседател на Советот за економски прашања, Кире Наумов, претседател на Комисијата за економија е членот на Извршниот одбор, Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за транспорт и врски е членот на Извршниот одбор, Благој Бочварски, претседател на Комисијата за одбрана е Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор“, истакна Заев.
Тој додаде дека за претседател на Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство избрана е Тања Прентовиќ од Извршниот одбор на партијата, додека за претседател на Комисијата за здравство е членот на Централниот одбор, Гоце Чакаровски.
Претседател на комисијата за образование и наука е членот на Извршниот одбор, Петар Атанасов, додека претседателка на Комисијата за труд и социјална политика е досегашната претседателка на Советот за социјална политика на СДСМ, Мила Царовска.
За претседател на Комисијата за локална самоуправа избрана е досегашниот претседател на Советот за локална самоуправа, Дејан Павлески, а претседателка на Комисијата за европски прашања е Лидија Димова, која досега раководеше со Советот за ЕУ интеграции.
Роберт Алаѓозовски, досегашен претседател на Советот за култура на СДСМ, избран е за претседател на Комисијата за култура, додека претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање ќе биде членот на Извршниот одбор, Пеце Мирчевски.
За претседателка на Комисијата за информатичко општество и администрација СДСМ ја избрал поранешната пратеничка на СДСМ, Цветанка Иванова, додека за претседател на Комисијата за енергетика ќе биде досегашниот претседател на Совет за енергетика и комуникации, Митко Андреевски.
Заев најави дека партијата во следниот период ќе формираат секретаријати на комисиите во коишто ќе работат пратеници на СДСМ, претседатели или членови на досегашните совети на партијата, членови на телата на партијата, и голем број експерти.
„Ова е врвот на пирамидата, пандан на целиот централен систем на институции на ниво на Македонија, до најниска вертикала, до најмалата општина“, нагласи Заев.
Тој подвлече дека на вчерашната седница на Извршниот одбор е донесена едногласна одлука, носител на четвртиот столб од Стратегијата за политичко делување на СДСМ, “Партнерства за демократска Македонија“ да биде претседателскиот кандидат на СДСМ на последните претседателски избори, досегашен претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции, Стево Пендаровски.
„Стево ќе биде со нас на терен, ќе биде во контакт со невладиниот и граѓанскиот сектор, зашто, како што најавивме, отвораме широк фронт за демократска Македонија, во којшто ќе ги вклучиме сите субјекти и индивидуалци кои сакаат да придонесат Македонија да ја кренеме од дното и да ја вратиме на патот на просперитетна држава“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз.
Заев додаде и дека паралелно со ова пртијата работи и на другите два столба односно “Работиме заедно“и “Силна СДСМ“.
„Наши тимови веќе се меѓу граѓаните, во подготвителни активности за да се воспостави директна и цврста врска со народот. Нашата клучна цел е граѓаните да бидат партнер во активностите на СДСМ, за враќање на државата во нормален колосек“, рече Заев./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.