Политика
Заев во Виена: Изборите на 11-ти декември се референдум за Македонија
Изборите на 11-ти декември се референдум за Македонија и тие претставуваат шанса Македонија да ја потврди својата посветеност на демократијата, транспарентноста и владеењето на правото, истакнал претседаелот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, во Форумот за меѓународен дијалог „Бруно Крајски“ во Виена во понедленикот вечерта одржа предавање на тема „Македонија на крстосница“, на коешто присуствувале над 120 истакнати личности, политичари, дипломати, меѓу кои и германскиот посредник за политичката криза во Македонија, Јоханес Хајндл, информираа во вторникот од партијата.
„…Овие избори се нашата можност да покажеме дека и покрај скандалот на Груевски со прислушувањето, што ги отвори фундаментаните прашања за тоа дали нашата демократија е подготвена за Европа, сепак иднината на Македонија и на нејзините граѓани е во Европската унија и НАТО“, додал Заев.
„Одбележуваме 75-годишнина од македонската антифашистичка борба. Сојузници во Втората светска војна билеи лево оринетирани и десно ориентирани, демократи и либерали и комунисти и сите зааедно здружени го победиле фашистичкото зло во светот и Европа. Денес по 75 години, ние повторно сме исправени пред освојување на уште една, помалку различна, но подеднако опасна, уникатна, патриотска битка против авторитарниот режим. Ова е битка на вредности и визија“ рече претседателот Заев додавајки дека актуелната власт ја оттргнува земјата од вистинскиот пат на вредности, за што се бори и ги посакува најголемиот број граѓани во Македонија“, рекол на почетокот од излагањето челникот на СДСМ.
Лидерот на македонските опозициски социјалдемократи притоа истакнал дека верува оти во земјата може да бидат органзирани, како што рекол, слободни и фер избори на 11 декември.
„Слободни и фер избори што ќе ја одразат слободната волјан на граѓаните и владеење на правото се првите неопходни чекори Македонија да се придвижи напред“, оценил Заев.
Во излагањето се осврнал на политичката криза во Македонија, на скандалот со прислушувањето за кое истакнал дека го вршела власта, за криминалот и корупцијата, за „недемократскиот начин на владеење, протестите на граѓаните по улиците и одлучноста да си ја вратат државата во свои раце“.
„Македонија не може да биде безбедна без демократските вредности кои се основни европски вредности што можат да ја гарантираат геополитичката стабилност“, порачал лидерот на СДСМ./крај/мф/бб
Заев се осврнал во поголемиот дел од својот настап и на иднината на граѓаните и на самата земја, за „Планот што го има СДСМ да овозможи добар живот за мнозинството граѓани кои денеска живеат во сиромаштија, наспроти клиентелистичката власт“.
„Ние во СДСМ сме посветени на промена на клиентелистичкиот начин на управување со давање еднакви можности за граѓаните, социјална правда и транспарентност“, порачал Заев констатирајќи дека промената на начинот на практикување на одговорноста да се води државата и фер избори во декември се клучни предизвици за Македонија да тргне напред./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе направат трансформација во Македонија, со „Платформа 1198“ ќе се решат проблемите на граѓаните
„Во очите на граѓаните има една желба да што побргу заврши сето ова кое што се случуваше шест и половина години. И да имаме еден почеток кој што ќе не води кон една иднина која што сите некако како да ја чекаат изминативе три децении, а никако да дојде“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Македонска Каменица.
„Можам да ви кажам од мое име, од името на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата дека како никогаш порано како генерација политичари сме одлучни да направиме трансформација во Македонија. Трансформација со која што многу од работите кои што денеска се погрешни и создаваат фрустрација, на моменти лоша емоција кај некого, или пак не враќаат назад во времето ќе исчезнат, ќе се врати надежта, ќе се врати оптимизмот“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова ќе победат на 24-ти април, а на осми мај ќе се потврди победата со историски печат.
„Мора победата да биде изразена со мнозинство во Парламентот. Тоа значи дека мора да имаме 61 пратеник за да можеме сето ова кое што јас го зборувам сега да го спроведеме и реализираме. Ние не сме чудотворци, чудата се невозможни, секој оној кој што ветува чуда не ја говори вистината. Ние само сакаме да ја пренесеме вистината онаа која што ние ја чувствуваме, да ја слушнеме вистината која што е поврзана со секојдневието, со реалноста и врз основа на можностите сето тоа да го реализираме во следниот период“, појасни тој.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ преку трибините кои што ги организираше во изминатиот период ја слушна вистината од граѓаните и нивните потреби. И огромен дел од тие потреби се содржани во изборната програма „Платформа 1198“.
„Бројка која што симболички сака да прикаже 1198 проекти, политики кои што во годините кои што следат ќе значат трансформација на Македонија“, укажа Мицкоски.
Мицкоски ги замоли граѓаните да излезат во помасовен број на избори за да се победи оваа актуелна власт која што Македонија ја уништи на секое можно поле.
„Пред шест и половина, седум години оние т.н. шарени, обоени револуционери низ Македонија ветуваа ќе донеле живот, потоа ветуваа дека ќе донесат едно општество за сите, но за жал ако се присетиме на тоа што го ветија и тоа што го реализираа тогаш ќе дојдеме до еден заклучок дека од тоа што ветија ништо не реализираа, а реализираа тоа што не ветија. Односно тоа што го ветуваа не го реализираа тоа што беше добро, а реализираа погрешно а тоа не го ветуваа“, потсети Мицкоски.
Затоа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на избори да го заокружат бројот 2, време е за подобра иднина на Македонија, време е за Македонија повторно твоја.
Македонија
Петровска: СДСМ вистински се грижи за животната средина, Шар Планина ја направивме национален парк
Носителката во шестата изборна единица на СДСМ и коалицијата За европска иднина Славјанка Петровска денеска учествуваше во еколошка акција во Гостивар.
Во изјава за медиумите по акцијата Петровска посочи дека борбата за здрава животна средина, за чист воздух и чиста вода за пиење, бара сеопфатен широк пристап.
,,Ние, во изминатите години го правевме токму тоа. Преку искористување на природните потенцијали и преку градење на одговорни мерки и политики Македонија ја претворивме во лидер во изградба на нови енергетски капацитети од обновливи извори на енергија.
За само две години, во државата имаме инсталирано 600 мегавати од обновливи извори на енергија, најмногу во фотонапонски централи. Донесовме конкретен, реален План за чист воздух со низа на краткорочни, долгорочни и мерки на среден рок, кој на годишно ниво доведе до намалување на аерозагадувањето во најзагрозените градови.
Она што е важно за овој регион е што нашиот бисер, нашата Шар Планина ја прогласивме за Национален парк со што исправивме една би рекла децениска неправда кон оваа природна убавина” порача Петровска.
Носителката Петровска најави дека СДСМ и во следниот мандат ќе продолжи со мерки и политики што ќе придонесат за заштита на животната средина.
,,Во нашата нова програма предвидена е набавка на опрема и изградба на регионални депонии и претоварни станици во Полошкиот регион со што ќе ставиме крај на уште еден деценински проблем на граѓаните од овој регион. За да ги заштитиме нашите реки, планини, шуми во заштитените подрачја, воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроелектрани во заштитени подрачја и национални паркови. СДСМ и Коалицијата за европска иднина се гарант за заштита на животната средина и поквалитетен живот за сите граѓани во сите населени места. Планот за чиста животна средина нека биде мотив плус на 8 мај да дадеме поддршка на бројот еден” порача Петровска.
Кандидатката за пратеник Ема Нешкоска на прес конференцијатакажа дека заштитата на животната средина е уште една причина зошто ни треба побрза интеграција во ЕУ.,
,,СДСМ има јасна визија и цел, европските стандарди и квалитетот на живот да ги донесе дома, во Гостивар и низ цела Македонија. Важно е да продолжиме кон ЕУ, затоа што со влезот во Унијата, покрај останатите придобивки, се доближуваме и до политиките кои гарантираат почист воздух и почиста животна средина” посочи Нешкоска.