Контакт

Политика

Закочен политички дијалог и по еден месец од средбата Заев – Груевски

Објавено пред

Јазот меѓу опозицискиот СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ кој настана поради барањето од страна на опозицијата за формирање техничка влада никако да дозволи приближување на ставовите на двете страни.  по повеќе од еден месец, по средбата меѓу Груевски и Заев, дијалогот меѓу власта и опозицијата останува закочен.

Дали тоа ќе значи и преголем товар за опозицијата, која ќе треба да ги брани ставовите и интересите на своите избирачи во институциите, па ќе биде подготвен терен за враќање на опозицијата во Собранието.

Радио Слободна Европа во анализа во средата повикувајќи се на партиски извори пишува дека отстапките што СДСМ ги бара од ВМРО-ДПМНЕ не мора да се именуваат како техничка Влада. Од таму додаваат дека од ВМРО-ДПМНЕ им потврдиле дека разговори течат, но дека не откриле дали има некаков напредок.

„Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на својот досегашен став дека за нив е крајно неприфатливо формирањето на техничка влада оти како што објаснуваат прифаќањето би било лош пример и за во иднина кога која било идна опозиција би можела да бара техничка влада“, стои во текстот на Радио Слободна Европа.

Медиумот пишува дека извори од опозицијата појасниле оти отстапките што ги барале од владејачката партија не мора да се именуваат како техничка влада, туку дека за нив било важно да постојат гаранции оти ќе имало споделена одговорност меѓу власта и опозицијата на наредните избори и да се гарантирало слободно изјаснување на граѓаните, нешто што не било осигурано со досегашните измени на законите.

„Тие ги негираат гласините дека веќе е извесно оти од септември ќе се врателе во Собранието кои се засилија откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, истакна дека есенва очекувал да се комплетира парламенатрниот состав“, се вели во текстот.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, на брифинг со новинарите во вторникот нагласи дека ќе ги чека социјалдемократите да се вратат во Собранието до октомври, по што најави дека нивните оставки ќе ги стави пред пратениците./крај/мф/ап

 

 

Македонија

Дескоска на видео-конференција на ОБСЕ: Потребна е подобра регионална соработка во борбата против организираниот криминал

Објавено пред

Корупцијата не познава граници, но истите се користат за прикривање на нелегално стекнатата корист. Поради тоа, неопходна е ефикасна меѓународна соработка за спречување и откривање на корупцијата, истакна министерката за правда, Рената Денеска на видео-конференцијата под покровителство на албанското претседателство со ОБСЕ, на тема “Добро владеење и борба против корупцијата во дигиталната ера: Зајакнување на принципите на транспарентноста, интегритетот и одговорноста“.

Кога станува збор за меѓународната соработка, министерката за правда потенцираше дека Република Северна Македонија е потписник на сите меѓународни конвенции од областа – како оние од Советот на Европа така и на Обединетите нации.

Сепак, покрај усогласеноста на домашното законодавство со меѓународните стандарди, министерката за правда истакна дека е потребна подобра регионална и меѓународна соработка за справување со организираниот криминал и корупција.

Во поглед на билатералните договори за екстрадиција, министерката Дескоска потенцираше дека во последно време во билатералните договори се предвидува и можност за екстрадиција на сопствените државјани и тоа во сите билатерални договори недвосмислено е наведено дека „екстрадиција на сопствени државјани се дозволува за дела од областа на организираниот криминал, корупција и перење пари“.

Дескоска истакна дека со новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси, донесен во јануари 2019 година, проширени се и надлежностите на Државната комисија за спречување на корупција и со надлежноста да разменува информации со надлежни тела на други држави и меѓународни организации, врз основа на обврски преземени со меѓународни договори ратификувани согласно со Уставот.

Исто значајно, Дескоска истакна дека на предлог на Министерството за правда, во декември 2019 година, Владата ја прифати информацијата за потпишување на Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба, подготвен во рамки на активности организирани од Регионалната Анти-корупциска Иницијатива (РАИ). Со ратификацијата на овој договор, Државната комисија за спречување корупција и конфликт на интереси ќе се стекне со право да бара информации за имотната состојба на сите јавни функционери кои имаат или стекнуваат имоти и финансиски средства во странски земји. За потпишување на овој договор, Владата го овласти претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во поглед на статистичките податоци, министерката Дескоска истакна дека во Министерството за правда во 2018 година, регистрирани се 33 предмети кои се однесуваат на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, од тоа скоро сите односно 27 предмети биле по барање на Република Северна Македонија. Во 2019 година, бројката е 28 предмети, од кои 25 на барање на Република Северна Македонија, а во првата половина на 2020 – 16 предмети од кои 14 предмети по барање на Република Северна Македонија. Од сите овие предмети завршени се само 13, додека пак сите преостанати чекаат завршница.

Министерката истакна дека податоците за мала држава како Република Северна Македонија се сепак високи бројки и дека од една страна не е добро што имаме толку предмети на корупција, но дека сепак од друга страна е добро што за тие предмети се водат истраги и активно се постапува.

Дескоска истакна и дека во Законот за меѓународна соработка во кривична материја се воочени одредени слабости во делот на формирањето на заедничките истражни тимови и подготвени се нови законски решенија. Со нив, договорот за формирање на заеднички истражен тим во име на Република Северна Македонија ќе го склучува Јавниот обвинител на Република Северна Македонија или јавен обвинител овластен од него.

Со вака поставена одредба се елиминира секаква можност извршната власт да има било какво влијание кај обвинителите за формирање на заеднички истражен тим.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зибери: Во Владата на ДУИ, министрите ќе депонираат оставки на денот на нивниот избор

Објавено пред

Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денес на прес конференција ги презентираше принципите по кои ќе функционира новата Влада. Ветувајќи цврсто почитување на овие заложби, Зибери посочи на транспарентност во управувањето, одговорноста, ефикасноста и професионалност, како клучни принципи по кои ќе се раководи во неговиот мандат како иден премиер.

„ Ние мора да го напуштиме клишето на досегашното управување со Владата на затворени седници, Транспарентноста е основниот елемент и принципот на секоја демократија, затоа во новиот мандат ќе се заложам седниците на Владата во иднина, да бидат јавно достапни, така што јавноста може директно да ги следи сесиите и случувањата на неа. Содржината на Владините седници не треба да бидат предмет на разни гласини, толкувања и меѓусебни несогласувања. Дебатите и одлуките на Владата треба да бидат достапни за јавноста за граѓаните да бидат информирани за сите круцијални теми“ истакна Зибери, посочувајќи дека овој принцип ќе се имплементира на неделна основа, како што се организирани и редовните седници на Владата.

„ Покрај транспарентноста, на седници на владата ќе биде поканет и најистакнатиот експерт во одредени области кога темата на Владата ќе бидат основните реформи за прашања од економски развој, образованието, социјална помош и други специфични сегменти од општествено значење. За нас е многу неопходно пред донесувањето на одлуките да се слушне гласот на експертите, гласот на професорите, академиците, луѓето од науката, така што одлуките на Владата ќе имаат научни поткрепа и ќе се засноваат на идеите и предлозите од академскиот свет.“, посочи Зибери, како предуслов за професионализација и ефикасност на работењето на идната Влада.

„ Одговорноста треба да биде основен принцип на функционирање на која било Влада, затоа јас ќе побарам уште на самиот ден кога ќе бидат назначени новите министри и заменици министри, да ми достават изјава за оставка, за во моментот кога Премиерот ќе процени дека потребно е да се направат измени и освежувања во неговиот кабинет, тоа веднаш да се спроведе“ посочи Зибери, упатувајќи на мерката со која секој министер ќе биде предмет на процес на верификација на спроведувањето на владините политики на секои два месеци, со што ќе се создаде можност за оценка на носителот на јавната фунцкија од аспект на неговата инвентивност, успешност и активност. Доколку одреден Министер не ги исполни критериумите и стандардите што ќе ги поставам во тој момент, ќе ја активирам однапред доставената оставка“, истакна Зибери.

Зибери вети посебно внимание и за важните меѓународни практики и особено во насока на стекнување на меѓународно искуство во лидерство и управување, како и создавање на економски политики што ќе бидат во функција на развојот на приватниот сектор. Во насока на привлекување на меѓународните искуство, Зибери најави дека при формирањето на идната Влада, ќе ги замоли партнерите на коалицијата – 20 проценти од позициите кои ќе ги предложат, без разлика дали се во ранг на министри, заменици министри или директори на државни институции, да бидат од дијаспората, или, пак, еминентни претставници со докажано искуство од бизнисот.

„ За среќа имаме албански, македонски и други граѓани кои се докажани на меѓународниот пазар, а на Северна Македонија ѝ е потребно ова искуство. Верувам дека владата изградена врз основа на овие темели и врз овие принципи може да биде многу поефикасна, може да биде многу поуспешна, може да биде многу потранспарентна и, пред сè, одговорна“ истакна Зибери, посочувајќи дека одговорноста треба да биде основа за градење доверба меѓу Владата, гласачите и Парламентот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Василевска: ДКСК да отвори постапка и да ја запре исплатата на половина милион евра кон НВО

Објавено пред

„Власта на СДСМ префрла половина милион евра во ек на изборна кампања на НВО, а Државната комисија за спречување на корупцијата молчи. СДСМ најпрвин ја злоупотреби вонредната состојба и во брза постапка ги распредели средствата на НВО која е блиска до нив. За една недела распиша оглас, изврши евалуација и додели над половина милион евра, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, ДКСК не најде дека е потребно да реагира и да види како тоа за 48 часа, колку што изнесуваше рокот за евалуација и избор на проектите, Комисијата, која одлучувала за распределување на средствата, да прочита над 550 проекти, со над 5.500 пишани страници материјал.

„И дали ваквата ‘брзина’ во избор не ги заинтересира дали зад тоа не се крие веќе однапред договорена работа кој и колку средства треба да добие? Имено, само за потсетување на ДКСК, уште еднаш ќе ги повторам фактите од случајот, распределба на половина милион евра народни пари за изборен поткуп преку НВО. Власта распишаа оглас на 6.6.2020 година, кој траеше нецели 5 дена, односно до 11.6.2020 година до 12 часот, и беше со скратена документација за потоа во рок од само 48 часа, време што го имаа за да разгледаат 550 проекти и над 5.500 страници материјал, да изберат само 40 НВО, кои добија грант.

Откако ја злоупотребија вонредната состојба, сега го злоупотребуваат и процесот на изборите. Имено, на 1.7.2020 година противзаконски во тек на официјална кампања на невладините организации им се префрлаат парите од огласот. Затоа денес поднесовме приговор до ДКСК да постапи за прекршување на член 8-а од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите. Ја повикуваме ДКСК веднаш да реагира во однос на приговорот. Јавно ја повикуваме да ја суспендира постапката за доделување средства на граѓански организации во период во кој изборната кампања е во полн ек, а воедно и да почне истрага за целокупната постапка за доделување грантови, започнувајќи од содветноста и законитоста на објавувањето на повикот, па завршувајќи со одлуките на владината комисија, која одлучувала која организација ќе добие грант. СДСМ ја тоне државата. СДСМ покажа дека може единствено повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Да ставиме крај на виткањето на грбот. Исправи се, Македонијо! Обновата доаѓа“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас упати видео порака со поддршка на претседателот Зоран...

Македонија28 минути

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски...

Македонија33 минути

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре можат да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата кои се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет2 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија2 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет4 часа

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион5 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија5 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет6 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет6 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија17 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија17 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет18 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион20 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија22 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија24 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија1 ден

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија1 ден

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 ден

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија1 ден

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Досие