Контакт

Македонија

Популистичка мерка или реално решение за медицинските специјализанти?!

Објавено пред

Специјализантите барат веднаш да се стопира донесувањето на новите прелог законски измени во Законот за здравствена заштита и наместо со преодни и парцијални решенија конечно да се пристапи кон трајно решавање на статусот на сите специјализанти, откако во неделата министерот за здравство Никола Тодоров излезе со информација дека ќе се врши конфинансирање на приватните специјализации.

dobivaj vesti na viber

„Со соодветна валоризација на нашиот труд преку исплата на реална и чесно заработена плата за сите лекари на приватна специјализација и менување на договорите на државните специјализанти со сооднос 1:1 во однос на годините кои треба да ги одработат во јавното здравство и финанските средства за школарина со кои го гарантираат исполнувањето на таа обврска. Ние не сме ниту волонтери, ниту робови за да бидеме максимално експлоатирани, а притоа да не добиваме ниту денар плата. Во денешно време срамота е за една современа земја која тежнее да стане ЕУ членка вака да ги третира своите лекари специјализанти, на најдолното општествено скалило“, велат специјализантите кои за своите проблеми со петиција потпишана од 350 лекари се обратиле до ресорното министерство, од каде откако не добиле никаков одговор, писмо со нивните проблеми изпратиле и до Собранието и до премиерот, но и од таму не добиле никаков одговор.„По ниту една одржана средба или, пак, воопшто обид за контакт од страна на Министерот за здравство за да се слушнат нашите аргументи, сега е најавенo петто по ред за годинава дополнување на Законот за здравствена заштита со нови законски решенија, кои повторно, ниту одблизу не ги исполнуваат нашите барања, ниту ги решаваат нашите проблеми, туку напротив, дополнително го комплицира и хаотизира и онака целосно распарталениот систем на специјализирање и претставува само обид за една нова популистичка кампања, а не реално соочување со проблемите“, велат специјализантите.Тие појаснуваат дека приватните специјализанти плаќаат околу 12.000 евра за специјализација, која трае пет-шест години, време во кое не се вработени, немаат пензиско и социјално осигурување, работат по осум часа, дежураат 24 часа четири пати месечно, посетуваат 500 часа теоретска настава, дополнително учат два странски јазика, па и да сакаат нешто да работат за да заработат, не останува време.За колегите кои имаат државна специјализација велат дека потпишуваат бланко меница на десет пати поголем износ од оној за специјализација или 120.000 евра, ако во кој и да е момент се откажат од специјализацијата или не го исполнат условот 10 или 15 години да останат да работат во истата Јавна здравствена установа, преку која им се исплаќа специјализацијата.Во неделата министерот Тодоров рече дека со новите измени што веќе се усвоени од страна на Владата и доставени на разгледување во Собранието, се предлага кофинансирање на приватните специјализации, односно дел од надоместокот за специјализацијата да го покрива државата. „Значајно е тоа што оние млади лекари кои ќе бидат избрани на јавен оглас, ќе засноваат работен однос на определено време со јавната здравствена установа и ќе имаат право на плата и надоместок за дежурство. По завршување на специјализацијата тие ќе бидат вработени без објавување на оглас во јавната здравствена установа за која специјализирале“, рече Тодоров.Со измените се предвидува да се кофинансира и специјализацијата по педијатрија и гинекологија. Докторите кои навреме ќе ја завршат специјализацијата ќе склучуваат договор со Фондот за здравствено осигурување и ќе добиваат гарантиран износ од околу 50 илјади денари месечно за приватната здравствена установа која ќе ја основаат по завршувањето на специјализацијата.На барање на младите лекари, како дел од измените на Законот за здравствена заштита, се и оние со кои се предвидува секоја здравствена установа да има една или повеќе простории за специјализантите. Исто така, законски ќе биде овозможено нововработениот лекар да може самостојно да укажува здравствена услуга без медицинска сестра во период не подолг од 18 месеци или сé додека не достигне број од 700 пациенти.„Предложената мерка на Министерството за здравство не е ништо ново, туку обид преку нова реклама со потполно ист, веќе постоечки и неуспешен метод, да се пополни дефицитот со специјалисти во одредени општини. Она што Министерството за здравство го нуди за приватните специјализанти е само непопуларниот лихварски договор кој веќе ги принуди да го потпишат најголемиот дел од државните специјализанти, а против кој. исто така, гласно се бориме месеци наназад“, велат специјализантите./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче

Објавено пред

Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.

dobivaj vesti na viber

Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.

На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.

Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.

Владата го прогласи денот на изборите за неработен.

Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.

Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.

Прикажи повеќе...

Скопје

ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Објавено пред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

dobivaj vesti na viber

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила...

Македонија16 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија16 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија19 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија20 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија22 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија23 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет23 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија24 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет24 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија1 ден

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет1 ден

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија2 дена

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија2 дена

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија2 дена

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија2 дена

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...