Контакт

Македонија

Потпишан Меморандум за соработка со Oracle: граѓаните ќе имаат пристап до повеќе од 200 часа бесплатна дигитална содржина

Објавено пред

Министерството за дигитална трансформација и Oracle потпишаа Меморандум за соработка за развој на дигиталните вештини, обука и преквалификација на граѓаните.

Преку ова партнерство, граѓаните ќе имаат пристап до повеќе од 200 часа бесплатна дигитална содржина, прилагодена за сите нивоа на знаење, што ќе овозможи стекнување на нови вештини, надградување на постојните знаења и отворање нови можности за вработување, професионален развој и преквалификација.

Како дел од соработката, поставена е и јасна цел – 10.000 обучени граѓани во следните три години, со амбиција значителен дел од нив да стекнат и меѓународно признати сертификати. Тоа ќе значи поголема вработливост, повисока конкурентност на пазарот на труд и посилна поддршка за развојот на домашната економија.

Oracle претставува светски лидер во дигитални решенија, со што се воспоставува стратешко партнерство насочено кон развој на дигиталните вештини, јакнење на човечкиот капитал и забрзување на дигиталната трансформација во државата.

Меморандумот беше потпишан со потпретседателот на Oracle, Pierre-Alain Baetz, а соработката отвора нови можности за поврзување на образованието, институциите и граѓаните со современи технолошки знаења, практични алатки и програми за учење во области како cloud технологии, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и управување со податоци.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека ова партнерство претставува конкретен чекор во една од најважните политики на Министерството – развој на дигитални вештини и вложување во луѓето како носители на промените.

„Дигиталната трансформација не започнува со технологијата, туку со луѓето. Во време кога дигиталната економија се развива со невидена брзина, најголемиот капитал на една држава не е технологијата, туку луѓето кои знаат да ја користат“, порача министерот Андоновски.

Тој нагласи дека партнерството со Oracle претставува стратешка алатка за надминување на јазот во дигитални вештини и директна инвестиција во знаењето, можностите и конкурентноста на македонските граѓани.

Соработката е поставена на два комплементарни столба. Првиот е Oracle Academy, преку кој високообразовните институции ќе се поврзат со современи технологии и практични содржини, со цел студентите да стекнуваат знаења што се усогласени со потребите на индустријата и реалниот пазар на труд.

Вториот столб е Oracle University Skills Development Initiative, насочен кон пошироката јавност. Преку оваа иницијатива, за првпат се воспоставува структуриран систем за обука, дообука и преквалификација на граѓаните, вклучително и преку Националниот портал за е-услуги, кој Министерството го води како една од своите клучни активности.

Најново

Забава36 минути

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека...

Свет41 минута

Протести на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со...

Забава1 час

Девет необични симптоми на бременоста за кои можеби не сте знаеле

Утринските мачнини и необичните желби за храна се меѓу најпознатите симптоми на бременост, но многу бремени жени се соочуваат и...

Забава1 час

Ако облеката мириса непријатно веднаш по перењето, исчистете го овој дел од машината

Ги вадите алиштата од машината и наместо мирис на свежина, мирисате на влажен подрум. Виновникот често не е детергентот за...

Забава2 часа

Често се будите уморни: Овие навики може да бидат причина зошто немате доволно енергија

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги...

Свет2 часа

Нов инцидент во Германија, дронови прелетаа над воена база

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се...

Забава3 часа

(Фото) Стотици луѓе се собраа пред катедрала затоа што мислеа дека Роналдо се жени, неговата сестра се огласи

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени...

Спорт3 часа

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше...

Македонија3 часа

Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој...