Македонија
Повторно одложена седницата на комисијата за разгледување на извештајот на СЈО
Седницата на собраниската комисија за политички систем, на која требаше да се разгледа Извештајот на Специјалното јавно обвинителство, за период од шест месеци од 15 септември 2015 до 15 март оваа година, во вторник беше повторно одложена.
Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, соопшти дека седницата е одложена заради остуството на Катица Јанева и претставниците на Специјалното јавно обвинителство, а поради нивното отсуство не се создадени законските услови за одржување на седницата.„ Не ја разбираме потребата на госпоѓа Катица Јанева да не дојде на седница на Комисијата за политички систем и јавно, транспарентно, демократски, пред сите пратеници и пред претставниците на медиумите да даде образложение за својата работа. Транспарентност мора да има.Отчетност мора да има. Демократска контрола предвидена со Уставот и Законот мора да има“, рече Ѓорчев, на прес-конференција по одложувањето на седницата..Извештајот требаше да биде разгледан од Комисијата во понеделникот, но беше одложено поради, како што рече претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев, неприсуството на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на седницата.„Вчерашниот театар на ВМРО-ДПМНЕ со непочнувањето на дебата по Извештајот на СЈО, денеска се претвори во циркус. Очигледно е дека стравот на ВМРО-ДПМНЕ од работата на СЈО ги принудува да се однесуваат хаотично и дополнително да се заплеткуваат во небулозни ситуации кои значат само дополнително фрлање буџетски пари, пари на граѓаните. Неделовничкото однесување на Ѓорчев го чини пари ова Собрание, меѓу другото и за патни трошоци на пратениците кои и вчера и денес дојдоа за седница на комисијата која не ни започна“, рече пратеничката Рената Дескоска, од СДСМ.Таа појасни дека во текот на преговорите за Законот за СЈО, СДСМ барал СЈО да поднесува извештај на пократок рок, а владејачката партија барала рокот да биде 6 месеци. „Тогашната претпоставка беше дека на 15 март Собранието ќе биде распуштено и ВМРО-ДПМНЕ се надеваше дека извештајот на СЈО нема да се најде пред пратениците. Се надеваа дека Собранието нема да има можност да дебатира за: сите опструкции од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во власта со кои се соочува со СЈО, за несоработката со институциите кои се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ со СЈО, за најавата за први обвиненија во најскор временски период, за започнатите предистражни постапки против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ за прислушување, изборни нерегуларности, злоупотреба на постапки по јавни набавки, незаконитости во финансирање на медиуми, даночно затајување, перење пари, незаконитости во постапки кои се однесуваат на градежни работи и друго“, рече Дескоска. Таа уште еднаш го повика ВМРО ДПМНЕ да не ја оневозможува дебатата по Извештајот на Катица Јанева доставен до Собранието пред една недела, а воедно и да се стави на дневниот ред Извештајот на Марко Зврлевски доставен до ова Собрание пред 9 месеци.
Седницата на Комисијата ќе продолжи во среда во 13 часот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.