Контакт

Македонија

Пожар во семејна куќа во Велес, пожарникарите спречија огнот да ја проголта целата куќа

Објавено пред

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес.

Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба од објектот. Сепак, со навремена и пожртвувана интервенција, пожарникарите успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, спречувајќи негово проширување кон останатите простории и целосно зафаќање на куќата.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни во периодот на високите температури и суша, бидејќи и најмала искра може да предизвика пожар.

Воедно, тие потсетуваат дека при забележување пожар, граѓаните треба веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.

Најново

Забава5 минути

(Фото) Едно парче облека доживува голем камбек: овој шик тренд ќе ја освежи вашата есенска гардероба

По неколку сезони во кои доминираа широки кроеви, опуштен стил и чисти силуети, во есенските колекции се врати малку попрефинета...

Македонија7 минути

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре – Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека во среда, во 11:00 часот, продолжува најмасовната акција за чистење на Скопје....

Свет9 минути

Русија објави: Извозот на дизел започнува веднаш

Русија делумно ја укина забраната за извоз на дизел по договорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд...

Свет12 минути

Полскиот премиер го повика „целиот Запад“ поодлучно да ѝ се спротивстави на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск го повика „целиот Запад“ да заземе поодлучен став кон Русија на претседателот Владимир Путин, која, како...

Свет15 минути

(Видео) Ураган го погоди Мексико: „Очекуваме катастрофални последици“

Ураганот Сајмон го погоди мексиканскиот брег на Тихиот Океан како ураган од трета категорија, носејќи силни ветрови и обилни дождови....

Забава19 минути

Ставете го овој зачин на радијаторот кога ќе се вклучи греењето и целата куќа ќе мириса прекрасно со денови

Ако го ставите овој зачин на радијаторот, вашиот дом може да мириса пријатно со денови откако ќе се вклучи греењето....

Македонија22 минути

(Видео) Мицкоски: Ја градиме Македонија, започна изградба на автопатот Букојчани-Кичево

„Она што за мене претставува многу значајно е фактот дека без оваа секција се она останато коешто го правиме, немаше...

Македонија28 минути

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на...

Македонија35 минути

Обвинителството: На Михајлова и беа одземени двата пасоши и и беше изречена забрана за преминување граница со лична карта

ЈОРМ извести дека на обвинетата, Ива Михајлова, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две...