Македонија
Пожарот кај Студеничани сè уште активен – долга е линијата на огнот
Пожарот кај Студеничани, во атарот на селото Рамни Габер, и понатаму е активен и ќе продолжи во текот на ноќта, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Денес дејствуваа трите ер-трактори, кои успеале да го забават ширењето на огнот, но пожарот сè уште не е изгаснат. На терен имаше и припадници на Противпожарната бригада и возила на ДЗС.

Гаснењето продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
