Контакт

Македонија

Предлог-законот за медиуми стигна во Собрание, забелешки за нетранспарентноста

Објавено пред

Предлогот на закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции со кој се уредуваат начинот и условите за реализација на активностите на јавно информирање од страна на јавните институции во целосна или доминантна државна сопственост, постапката за реализација и начинот на распределбата на буџетoт за кампањи за чија реализација се предвидени над 100.000 евра во денарска противвредност, како и начинот на известување на Агенцијата за реализираните кампањи во претходната година, стигна во Собрание.

dobivaj vesti na viber

Според предлог законот Јавните институции се должни да работат јавно и транспарентно и да ги информираат граѓаните за својата тековна работа и своите законски надлежности преку објавување на јавни соопштенија до медиумите, преку организирање на јавни настани, настапи и други некомерцијални активности, како и преку објавување на кампањи на програмата на јавниот радиодифузен сервис.  По исклучок , заради заштита и унапредување на јавното информирање поврзано со јавниот интерес, јавните институции реализираат кампањи кои треба да бидат оправдани, презентирани на соодветен начин, објективни и политички неутрални.Здружението на новинари и партиите реагираат дека повторно, на нетранспарентен начин е напишан новиот предлог-закон, без претходна јавна дебата со засегнатите страни, поради што им е скратена можноста да интервенираат во него или да дадат свои сугестии.Од друга страна пак, Министерството за информатичко општество и администрација, организираше брифинг со претставници на Здружението на новинари, во понеделник, на кој министерката Марта Арсовска Томовска, го претстави Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции.Здружението одби да учествува во материјална расправа за концептот на законот, поради лошо организираниот состанок од Министерството, имeно како што појасни претседателот Насер Селамни, законот на веб страната на Собранието беше објавен непосредно пред средбата на која, пак, не беа поканети сите засегнати страни. „Баравме, но не добивме објаснување зошто на средбата не се поканети колегите од Новинарскиот синдикат, Советот на етика, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и други“, рече Селмани.Дополнително, појасни Селмани, министерката немала одговор дали овој предлог закон е резултат на преговорите на политичките партии потписници на Пржинскиот договор или е само на владините партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и дали гаранторите на договорот, САД и ЕУ се запознаени и се во тек со процесот на изготвување на концептот на законот. „Генерален став на ЗНМ што беше потенциран на средбата, е дека со ваквиот закон ќе се легализира корупцијата медиумите, факт кој беше обелоденет од бомбите на опозицијата. На тој начин владините реклами ќе ги претворат медиумите во заложник на политичките и економските интереси на владата и на сопствениците на медиумите. Обврска на јавните институции е да ги направат достапни сите информации поврзано со нивната работа, а не јавните пари да ги користат за дневна промоција на владините политики. Со тоа медиумите стануваат огласна табла на владата платени со јавни пари. Владините реклами ќе имаат силно влијание врз медиумскиот пазар, во кој владата досега беше најголем огласувач. Ваквата позиција на владата и дава можност да ја контролира уредувачката политика на медиумите и со тоа ќе ја задуши критиката“, рече Селмани.Наместо рекламирање, ЗНМ предлага истите пари што Владата ги троши за медиумска промоција да ги намени за субвенционирање на медиумите, за подобрување на квалитетот на медиумската содржина, збогатување на политички плурализам, поддршка за малцинските медиуми и за обука на новинари.Од  опозициската СДСМ, исто така реагираа дека доцна на електронска пошта го добиле предлог –законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. „Не се работи за ништо ново, значи тоа е истата приказна од пред неколку месеци. Кога ВМРО-ДПМНЕ на нај брутален начин и со ваков еден сличен, ако не и идентитчен закон, се обиде да ја продолжи корупцијата, односно да ја легализира корупцијата во медиумите. Ова не е производ на никаков договор, не е производ на никакви преговори, туку е едностран чин  на партијата на власт која се обидува и понатаму да ги држи во заложништво медиумите. Имено, со пари од граѓаните идеата е да се финансираат информативни и рекламни кампањи“, вели пратеникот Томислав Тунтев./крај/мф/бб

Скопје

Едукативен мото настан утре во Кисела Вода

Објавено пред

Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.

dobivaj vesti na viber

На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.

„Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства“, велат од општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ќе се основа Медицински факултет во Битола, усвоени се законските измени

Објавено пред

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави пратеничката Жаклина Лазаревска.

dobivaj vesti na viber

Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.

Како што објави Лазаревска, наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.

„Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини. Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината“, изјави Лазаревска.

Како што рече, ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.

 

Прикажи повеќе...

Скопје

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.

При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.

Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија3 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион4 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион4 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа4 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет4 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа5 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија17 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија19 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија20 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија21 час

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија23 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ24 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија24 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија24 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...