Контакт

Македонија

Прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура, се пофали Мисајловски, најави градежни инвестиции во повеќе касарни

Објавено пред

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција.

Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон менување на состојбите може да се види и преку објектот во касарната во Ќојлија каде се врши целосна внатрешна реконструкција – прозори, врати, подна облога и реконструкција на сите санитарни јазли во објектот.

„Моментално присутни во сите касарни. Се работи и во Велес, се заменуваат покривите насекаде во касарните, правиме нови капацитети во Прилеп согласно модернизацијата, посебни капацитети за тие возила, исто така за артилеријата итн. Се надевам дека набрзо и во Штип ќе дојдете да видите дека целосно направивме таму целосно нови објекти, но продолжуваме и со нови технички документации за следната година“, рече министерот. Додаде дека приоритетите се поставуваат од страна на Армијата и дека ќе се инвестира согласно одбранбениот буџет кој ќе продолжи да расте.

Министерот истакна дека во моментов се работи, а ќе се започнат активности и на дополнителни големи инфраструктурни зафати низ сите армиски касарни, како и Воениот стадион, Военомедицинскиот центар, Домот на Армијата, Воената академија.

Изминатиот период реализирани се дваесетина инфраструктурни проекти во вредност од над 3,1 милиони евра, додека во фаза на реализација се пет проекти во повеќе касарни со вредност од над 850.000 евра. Во овој момент идентичен проект како оној во касарната во Ќојлија се реализира и во велешката касарна, соопштија од МО.

Во Ќојлија, министерот ги посети и припадниците на Инженерскиот баталјон кои се стационирани во оваа касарна. Армиските инженерци неодамна добија и нова инженериска механизација пристигната во рамките на првиот пакет поддршка преку Европскиот мировен фонд.

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт5 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт6 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет7 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...

Свет7 часа

Водоинсталатер осомничен за серија убиства на постари жени во Полска – ја стекнувал нивната доверба, па се враќал назад

Водоинсталатер на возраст од 43 години е осомничен за серија злосторства во Полска. Засега официјално се зборува за шест убиени...

Свет7 часа

(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул...

Свет7 часа

Зеленски: Русија подготвува масовен напад врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина. „Има ажурирани разузнавачки...

Македонија7 часа

Без вода утре дел oд Карпош

Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект....

Спорт7 часа

Роналдо се враќа во португалската репрезентација

Кристијано Роналдо одлучи да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова со...