Контакт

Македонија

Претседател на суд под истрага: зел мито од 8.000 евра да влијае кај судија во Гостивар

Објавено пред

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против претседател на суд и администратор кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание.

Осомничените во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како Претседател и Судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејствие што не би смеело да се изврши.

На почетокот на 2023 година осомничените му ветиле на лице кое било странка во постапка во граѓански спор да му помогнат. За надомест од 5.000 евра тие требало да интервенираат кај судија во Основниот суд Гостивар да донесе решение за повторување на постапката за која била донесена одбивателна пресуда.

Откако не успеале, повторно, по барање на осомничените на дополнителни парични средства во износ од 3.000 евра требало да интервенираат кај судии во втор степен за укинување на решението со кое не било дозволено повторување на постапката. Подоцна износ од 800 евра како награда му биле дадени на второосомничениот со цел да заврши работа по однос на доставениот писмен документ од извршител.

Обвинителот до судија на претходна постапка достави предлог за определување на мерки на претпазливост и за двајцата осомничени и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

 

фото/илустрација



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Променливо облачно и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено пред

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Времето во наредните денови

Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заврши реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Кочани

Објавено пред

Од

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопшти Министерството за транспорт.

Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“.

Паралелно со овие активности, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопјанецот кој запали дипломатски возила, со автобус стигнал до Центар, а бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада

Објавено пред

Од

Обвинителството предложи притвор за 44-годишниот скопјанец кој запали дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Против него е поведена постапка за кривично дело предизвикување општа опасност.

„На 15 јуни околу пладне, на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот“, соопшти Обвинителството.

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

(Видео) Трамп се потсмеваше дека сопругата го тепа Макрон: сега се сретна со неа, објавена снимка

Доналд Трамп се сретна со Емануел и Брижит Макрон за прв пат пред камерите на самитот на Г7, откако американскиот...

Македонија9 минути

Променливо облачно и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен...

Спорт7 часа

(Видео) Голчиште на Мбапе, Франција го победи Сенегал

Франција го победи Сенегал со 3:1 (0:0) во првиот натпревар, одигран во И групата на Светското првенство. На „МетЛајф“ стадионот,...

Свет8 часа

Трамп тврди дека може да се оди пеш од Иран до Катар

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повтори својата географска грешка за време на разговорите на самитот на Г7 во Франција,...

Спорт9 часа

Бернардо Силва потпиша за Реал

Бернардо Силва, како слободен играч го засили Реал Мадрид. Искусниот португалски репрезентативец, кој беше еден од клучните играчи на Манчестер...

Забава9 часа

Витаминот Ц е важен и за здравјето на мозокот: Ново истражување открива изненадувачка врска

Витаминот Ц не само што придонесува за зајакнување на имунитетот, туку може да игра важна улога и во одржувањето на...

Свет10 часа

Италија распоредува систем за воздушна одбрана на НАТО во Турција

Италија ќе распореди систем за воздушна одбрана во централна Турција како дел од одбранбениот план на НАТО, објави турското Министерство...

Македонија10 часа

Заврши реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Кочани

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста...

Свет10 часа

Турција испрати јасна порака до Москва и Киев: Запрете ги нападите во Црното Море, подготвени сме за преговори

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, му пренесе на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, предупредување за важноста...