Контакт

Македонија

Претседателот Иванов на Ифтар вечера во Скудриње

Објавено пред

Претседателот Ѓорѓе Иванов, во саботата ја посети Општина Маврово – Ростуше во рамки на која присуствуваше на Ифтар вечера во селото Скудриње.

При посетата, од страна на градоначалникот на Општината, Мукрем Мехмеди, Иванов беше информиран во врска со активностите кои ги превзема  локалната власт во соработка со централната власт за подобрување на животот на населението. 

Мехмеди нагласи дека се спроведуваат бројни проекти во сферата на инфраструктурата, а за заинтересираните пачалбари кои сакаат да инвестираат во родниот крај, Општината нуди одлични услови и локации. 

Од страна на директорот на Националан парк Маврово, Онер Јакуповски, Иванов беше информиран за поддршката што ја дава овој парк на локалната самоуправа и на населението во реализацијата на повеќе проекти.

Претседателот Иванов, кој посетата на Општината ја почна во Манастирот Свети Јован Бигорски, ја заврши во селото Скудриње каде што присуствуваше на големиот рамазански Ифтар на кој беа и Дебарскиот муфтија Рамазан еф. Хаса, сите имами на областа Река, членовите на Советот на општината и претставници на бизнис секторот.  

За време на посетата на неколкуте Рекански села по долината на реката Радика, Иванов беше топло поздравен од страна на месното население. 

Претседателот Иванов им го честиташе месецот на постот Рамазан и престојниот муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам. Тој воедно на печалбарите, кои се бројни во овој регион на Македонија, им посака добар престој во текот на одморите во родниот крај. „Овој е еден од најубавите региони во нашава земја“, нагласи претседателот Иванов.крај/мф/мн

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Kовид-19, и тоа во: Скопје – 76, Куманово – 6, Дебар – 2, Штип – 6, Прилеп – 1, Тетово – 13, Струга – 7, Битола – 3, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 10, Гевгелија – 1, Македонски Брод – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 3 и еден во Ресен.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрирал 142 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 68, Штип – 3, Прилеп – 1, Тетово – 15, Струга – 15, Охрид – 15, Гостивар – 7, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Кратово – 5, Свети Николе – 6 и четворица во Ресен.

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести починала пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола и веднаш бил упатен на Инфективната клиника во Скопје, но за време на транспортот починал. Во болницата во Охрид починал пациент на 86-годишна возраст, а во Тетово битката со Ковид-19 ја загубил пациент на возраст од 72 години.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.332, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати – 389, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475. Во согласност со новите податоци статистиката на активни случаи по градови е следна:

• Скопје – 3.952, активни 1.793
• Куманово – 868, активни 200
• Дебар – 153, активни 91
• Штип – 463, активни 181
• Прилеп – 302, активни 64
• Тетово – 885, активни 290
• Струга – 337, активни 163
• Велес – 203, активни 33
• Битола – 73, активни 30
• Охрид – 227, активни 119
• Кавадарци – 27, активни 19
• Гостивар – 240, активни 147
• Гевгелија – 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица – 24, активни 16
• Крива Паланка – 19, активни 8
• Радовиш – 8, активни 4
• Крушево – 12, активни 7
• Кочани – 77, активни 12
• Пробиштип – 37, активни 23
• Демир Хисар – 8, активни 7
• Македонски Брод – 9, активни 5
• Пехчево – 6, активен 1
• Берово – 4, активен 1
• Валандово – 6, активни 0
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 9, активни 1
• Свети Николе – 120, активни 107
• Кичево – 84, активни 71
• Ресен – 139, активни 75
• Неготино – 22, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 79.392 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 88 лица. На кислородна поддршка се 53 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 25 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно суспектно на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се петмина.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 29, а во болницата во Штип – 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се вкупно 127 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи во скопските општини денеска е следна:

• Чаир – 293
• Аеродром – 147
• Бутел – 139
• Гази Баба – 199
• Центар – 144
• Карпош – 148
• Сарај – 118
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 108
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 80
• Арачиново – 40
• Илинден – 22
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 10
• Сопиште – 11
• Зелениково – 15
• Странец – 9
• Нераспределен – 80

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Велес уапсено лице што водело списоци за поткупени гласачи

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден од страна на велешката полиција извршен бил претрес во домот на 35-годишниот А. М. за кој постои сомнение дека извршил кривично дело поткуп при избори и гласање.

Како што информира на „Фејсбук“ техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кај 35-годишникот пронајдени и одземени биле еден мобилен телефон и повеќе листови, на кои рачно имало напишано список од речиси 250 лица со лични податоци и матични броеви.

„На информативен разговор во просториите на СВР Велес од страна на лицето било посочено дека тој ги направил списоците по претходна насока од друго лице, блиско до локалното раководство на владејачка партија во Велес. На списоците имало име и презиме и матичен број од лица од ромска националност, кои би гласале за политичката партија, а за возврат би добиле финансиски средства“, посочува Чулев, кој во објавата додава дека ваквите насоки на лицето му биле дадени пред речиси една недела, а за реализација на тоа му била ветена материјална корист.

Од страна на СВР Велес, во координација со ОЈО Велес, се преземаат дополнителни мерки и активности во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, како и утврдување на евентуалната вмешаност на други лица, по што ќе следува соодветна кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Објавено пред

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд во Велес. Ова следува откако во петокот полицајците не успеаја да го пронајдат Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување. Потерницата е објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи.

„Панчевски Владимир, од татко Здравко, мајка Цвета, роден на 1.5.1974 во Скопје, со живеалиште на ул. Даме Груев бр.7/5-15 во Скопје, се бара по наредба за распишување потерница на Основен суд Велес К бр.242/2019 од 14.07.2020, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 од КЗ“, пишува на сајтот на МВР.

Полицијата го барала Панчевски во петокот, но тој не бил достапен за органите на прогонот. Тогаш, тие испратиле допис до СВР Велес, од каде, пак, го известиле судот кој дописот го добил денес.

На Панчевски судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на кривичниот суд.

Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија2 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија2 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија4 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ6 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија6 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија7 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија8 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија8 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет9 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа9 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион9 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија20 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија22 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија22 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија1 ден

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ1 ден

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 ден

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија1 ден

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет1 ден

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Досие