Контакт

Македонија

Претседателот на Судскиот совет без коментар за снимките за местењето на судии

Објавено пред

Новоизбраниот претседател на Судскиот совет, Бранко Ушковски не ги коментира снимките коишто ги објави опозицијата, а во кои наводно власта договара избор на судии, пресуди.

dobivaj vesti na viber

„Не би коментирал. Има многу прашања кои вие медиумите ги поставувате за некои содржини кои јас не би ги коментирал, дали истите се автентични или се нерелевантни.  Не би ги коментирал сè со цел да се почитува пресумпцијата на невиност, а во исто време за истите наводи и евентуални повреди на законот нема правна завршница. Ве известувам и ве уверувам дека ние во Судскиот совет нема да подлегнеме на никакви политички предизвици кои се наметнуваат дали за дневно политички потреби или по различни поводи и цели и се надевам дека вие новинарите ги препознавате таквите цели. Ние нема да дозволиме да влијаат во работата на судството“, рече Ушковски.Ушковски се осврна и на коментарите во јавноста по неговиот избор дека тој нема ниту еден ден работно искуство како судија и се пофали дека е еден од авторите на првиот прирачник за правосуден испит во Македонија.„Имајте во предвид дека Судскиот совет има друга надлежност за разлика од судовите. После претходниот претседател имам најголемо искуство како член на Судскиот совет. Во 1997 година јас сум еден од авторите на првиот македонски прирачник за полагање на правосуден испит кој поради голема побарувачка имаше и дополнително издание“, рече Ушковски.И покрај снимките коишто ги слушна јавноста, тој останува на неговиот став дека најголемиот дел од судиите професионално, чесно и одговорно ја извршуваат својата функција, а тоа се покажало и со денешниот извештај за работата на судовите во 2014 година којшто беше на дневен ред на седницата на Судскиот совет. „Патот на членовите на Судскиот совет во законско имплементирање на оваа област не е ниту краток , не е ниту лесен, ниту брз. Истиот е долг, тежок и исполнет со многу предизвици. Бевме и сме изложени на многу критики, дел се добронамерни, незаслужни, меѓутоа секогаш ни даваат верба дека сме на правиот пат“, рече Ушковски.Во изминатите години се отстранувале сите недоследности кои се јавувале во судската власт. Тој наброја некои од законските решенија кои ги презеле за отстранување на недостатоците во судството. Според него, за да се обезбеди непристрасност и влијание во доделувањето на предметите, од пред пет години предметите се доделуваат автоматски. Тој го спомена и тонското снимање на рочиштата, иако речиси за сите рочишта во судовите нема услови за тонско и визуелно снимање. Ушковски објасни дека за судија во Основен суд  може да биде избран судија со најмалку две години искуство и завршена обука на Академијата на судии и јавни обвинители. За Судија во Апелациониот суд може да биде избран судија со четири години искуство, а во Врховниот суд се избираат судии со шест години работно искуство.„Нема никакви политички влијанија и ние никогаш нема да дозволиме да има“, тврди Ушковски.Но во разговорите кои што ги презентираше опозицијата, наводно досегашната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска договара избор на судии по партиска линија, и се јавува на секретарката на премиерот Никола Груевски за да го извести дека распишале оглас за избор на судии. Во друг разговор наводно директорот на УБК, Сашо Мијалков и се јавува на судијката Софија Лаличиќ и на Светлана Костовска и ги известува дека се избрани за судии, а поранешниот републички јавен обвинител, Љупчо Шврговски наводно бара да се вработи синот на претседателката на Апелација, Љупка Арсениевска во Обвинителство. Опозицијата обвини дека Никола Груевски, Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска диригирале со одлуките кој ќе биде назначен за судија, за обвинител, како да се среди некоја пресуда. /крај/ффс

Скопје

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

dobivaj vesti na viber

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш

Објавено пред

„​​​​​Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.

dobivaj vesti na viber

Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.

„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.

Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидеј​​​ќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.

Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против шест инспектори, вработени во Државниот пазарен инспекторат, и тоа: С. Б. (32), Ј. Р. (54), В. М. (47), Б. С. (46), С. С. (61) и Р. Б. (37), сите од Скопје, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.

dobivaj vesti na viber

Во текот на март и април 2023 година, вршејќи контрола кај три менувачници, лоцирани во близина на Бит-пазар, а за кои било утврдено дека не биле регистрирани како фирми и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, но подолг временски период работеле како менувачници, инспекторите на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници ниту им издале решение за забрана за вршење нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите во кои ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту, пак, им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.

Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ3 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ5 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија5 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија6 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион7 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион7 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа8 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет8 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа8 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија20 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија22 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија24 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...