Македонија
Процедурата за изгубен документ ќе започнува и во дипломатско-конзуларните претставништва
Државјаните на Република Македонија кои живеат или престојуваат во странство, доколку останат без своја патна исправа, повеќе не треба да чекаат да се вратат во Македонија за да ја започнат процедурата за вадење на нов документ.
На иницијатива на ЈП Службен весник на РМ, со потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу трите институции: Министерство за внатрешни работи на РМ, Министерство за надворешни работи на РМ и ЈП Службен весник на РМ и оваа процедура доби „едношалтерски третман“.
Барањето за објавување на неважечки документ (лична карта, пасош, возачка дозвола и сообраќајна дозвола) во „Службен весник на Република Македонија“, граѓаните сега ќе можат да го поднесат или лично или преку ополномоштено лице, во дипломатско-конзуларното преставништво на Република Македонија. Процедурата понатаму има строго утврден пат.
Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија, наредниот работен ден од приемот на барањето, преку Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи го доставува известувањето со податоци за изгубениот или исчезнатиот документ до Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија. Известувањето се движи во електронска форма на определена електронска (e-mail) адреса, со порака заштитена согласно со прописите за заштита на личните податоци. Покрај барањето за објава на неважечки документ, во електронска форма се доставува и доказ за извршена уплата на финансиски средства за објавување на исчезнатиот или изгубениот документ во странство, како и изјава од носителот на исчезнатиот или изгубениот документ, заверена во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија.
Досега, граѓаните на Република Македонија кои живееја или престојуваа во странство, постапката за пријавување на исчезната или на загубена лична карта, пасош, возачка или сообраќајна дозвола, можеа да ја започнат по враќањето во земјава. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.