Македонија
Проект за зголемување на националната мрежа на заштитени подрачја
Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, во петок го отвори почетниот состанок на проектот “Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето”.
Со реализација на овој проект се очекува во текот на четири години да се зголеми националната мрежа на заштитени подрачја во државата, да се подобрат ефективноста на управување, капацитетите и условите за зачувување на биолошката разновидност и заштита на загрозените видови и живеалишта, потоа да се овозможи интегрирање на заштитата на биолошката разновидност во планирањето на користењето на земјиштето, како и да се спроведат повеќе пилот-проекти.„Во рамки на оваа компонента ќе се изработи и Студија за валоризација на природните вредности, конкретно за Шар Планина, заради посебните хабитати (живеалишта) и високиот степен на биолошка разновидност. Преку дискусии со релевантните засегнати страни и локалните заедници, преку работилници и јавни расправи, ќе биде идентификувана целната област за заштита. Исто така, ќе биде обезбедена поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање во официјалниот процес на прогласување на Шар Планина за заштитеното подрачје“, рече Амети.Во рамки на проектот најавена е изработка на План за управување со заштитеното подрачје, како и спроведување на обуки за најдобри практики на управување со истото. Од друга страна, со изработката на Индекс за Црвена Листа за Македонија за сите таксономски групи врз основа на IUCN критериуми ќе се овозможи приоретизирање на загрозените видови во државата. Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, а го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата на ОН за животна средина. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска од Струга: СДСМ за 52% ги покачи платите во културата
„Останувањето на европскиот пат, значи дека и сегашните генерации ќе ги почувствуваат придобивките. Континуирано ги зголемуваме минималната и просечната плата, Владата предводена од СДСМ беше посветена на тоа без оглед на ефектот од ковид кризата и економската криза, и ќе продолжиме со уште позасилено темпо со секој чекор на приближување до ЕУ“, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коносителка на листата во изборна единица 5, Бисера Костадиновска Стојчевска на трибината во Струга.
Таа додаде дека ќе се зголемат и можностите за подобра грижа за нашите пензонери, за нашите мајки и татковци, баби и дедовци, тие кои го вложиле својот труд и ја граделе нашата земја.
„Во досегашниот мандат за 30%ја зголемивме просечната пензија, а за 50% минималната. И се обврзуваме до 2028 година просечната пензија да достигне 30 илјади денари. Затоа ни помладите, ни повозрасните не смеат да потпаднат под манипулациите, под илузиите дека има вакви или такви алтернативи на членството во ЕУ“, кажа Костадиновска Стојчевска.
Таа пред стружани укажа дека во овие клучни моменти „пред нас повторно стои важната задача да останеме на европскиот колосек и да не дозволиме да се врати изолацијата, неизвесноста, пропуштените шанси за развој и мирен соживот”.
Потпретседателката на СДСМ потенцираше дека сега е најважно ,,да не се погреши кај главното, да не се изгуби едиствениот пат кој гарантира подобар стандард за секој граѓанин, посредено општество, подобри услови за младите да останат дома и тука да се развиваат и себеси и својата татковината”.
„Дури и на тие што свесно го отежнуваат напредокот кон ЕУ, јасно им е дека само членството во Унијата е начинот на кој нашите луѓе вистински ќе почувствуваат придобивки кон подобро во секој поглед, и економски, и во образованието, и во туризмот и во функционирањето на институциите на системот“, додаде таа.
Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека граѓаните се доволно свесни за ризиците кои ги носат политичари што не покажаа чувство за државата ниту во најкризните моменти во изминатиот период.
„Точно е, има алтернативи, но секоја од нив значи неизвесност, уназадување на демократијата, нула шанси за развој. И затоа, сигурна сум дека граѓаните ќе покажат висока свест на овие избори и ќе знаат да препознаат што е конкретна понуда, кој настапува со јасни и зацртани цели за подобар живот за сите граѓани, а кој сее ветер и магла и сака да ги превесла граѓаните со лажни приказни“, рече потпретседателката на СДСМ и коносителка во изборна единица 5, Костадиновска-Стојчевска.
Таа изрази сигурност дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор на парламентарните избори и дека ќе се гордеат со нашиот претседател Стево Пендаровски, на кого повторно ќе му ја дадат довербата, затоа како што кажа Костадиновска-Стојчевска „Стево е пример за претседател од народот и за народот, човек со свој глас и став, политичар кој мисли на сите граѓани и подеднакво ги почитува без оглед на политичките и други разлики, човек со државничка свест, кој ги дели европските вредности на СДСМ и ќе ѝ пружи значителна поддршка на новата влада на патот кон Европската Унија“.
„Нашиот Стево нема вистинска конкуренција на овие овие избори и затоа нашиот Стево Пендаровски треба да биде претседател“, нагласи потпретседателката на СДСМ Костадиновска-Стојчевска на денешната трибина во Струга.
Македонија
Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум
Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што вие треба да ја донесете на овие избори, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од предизборниот митинг во Струга.
Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски кои нема да се откажат од нашата европска иднина, додаде Ковачевски.
Претседателот на СДСМ нагласи дека ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор.
-Тие нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ, а потоа ќе ја обвинуваат Европската Унија за сѐ. Спремни се Македонија уште 100 години да не влезе во ЕУ, дециден беше Ковачевски.
„Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува. Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг во Струга.
Македонија
(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето
„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да се направи евалуација или реевалуација на сите кандидати во поглед на имотот или во поглед на стореното. Но, три пати да се залагате за нешто, а да не направите ни еден чекор кон тоа, мислам дека ве предупредува дека треба сами да си ставите вето на она што го ветувате, а не го исполнувате! Можеби така го замислува претседателот ветото! Јас не знам како го замислува! Како нешто што постојано го ветува, ама крајно време е: Вето да си стави сам, дека нема да измислува! А мислам дека и вие треба вето да му ставите“, рече Горданa Силјановска -Давкова.
„Ние кога го критикуваме ДУИ, не ги критикуваме албанците. Кога ги критикуваме одлуките на коалицијата, не тргнуваме од етнички или верски пориви, туку од нивната длабока вмешаност во корупцијата и криминалот!
Мислам дека најважната битка што мора да почне на 24-ти, а да биде потврдена со најголема можна брзина во иднина, е бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот! Корупцијата и криминалот немаат никаков етнички или религиозен предзнак! Не!
Меѓутоа, ни економија, ни образование, ниту култура, ни земјоделие, не може да се развиваат без правна држава во која сите ќе бидат под Уставот и законите! Во која нема да има селективно судство, ниту несанкционирање на потезите на многу други оти веќе бегање нема!
Во последниот извештај на Фридом хаус до нас е упатена порака: – Крајно време е да престанеме да бидеме хибриден режим кој се врти во корупцијата и криминалот! Крајно време е стручноста и компетентноста да бидат важечките критериуми за влез во било која професија, за било која функција! Така не само што ќе ги задржиме најупешните и ќе ги охрабриме младите да останат тука, туку ќе се знае дека кој и да дојде на власт, државата ќе функционира. Оваа држава не функционира како правна држава!
Тука и претседалот има улога, јасно ви е. Поминаа многу закони на кои мораше да им стави вето. Еден од најстрашните е оној за измени на Кривичниот законик! Значи, тој стана соученик во стимулирањето на криминалот. Зошто? Затоа што измислуваше најразлични аргументации зошто измените се добри, па споредуваше со Германија и слично. Но, факт е дека обезбедија со тој ужасен закон, всушност легализација на корупцијата и криминалот. Односно, обезбедија заштита на корумпираните и на криминалците. Ние тоа нема да го дозволиме! На ниту едно ниво, во ниту една институција. Оти силните институции, процедурата и санкционирањето се гаранција не само за демократска, туку и за правна држава. Таквите држави се европски држави, а не државите што тие ги нарекуваат европски, како нашата. Не е европска нашата држава!
Но, верувајте ми на 24-ти и на 8-ми ќе започне поставувањето на темелите на Македонија како европска држава! Стандардна држава!“, изјави Горданa Силјановска -Давкова.