Контакт

Македонија

Променливо облачно посвежо и нестабилно време

Објавено пред

Денеска времето ќе биде топло, наместа со појава на пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во четврток под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m2).

Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула.

Во Скопје, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во опаѓање.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Спасовски: Трипуновски манипулираше со земјоделците во опозиција, а ги заборави како министер

Објавено пред

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, го обвини министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, за неработење, арогантен однос кон Собранието, неисполнети ветувања кон земјоделците, доцнење на субвенциите, укинување на мерки за поддршка и целосно отсуство на политики за справување со растечките трошоци во земјоделското производство.

Осврнувајќи се на работата на министерството, Спасовски потсети на блокираните европски средства и серијата кадровски промашувања во ресорот, а потсети и дека токму земјоделците денес се прашуваат каде исчезнале ветувањата што Трипуновски ги давал додека бил во опозиција.

„Денес лозарите, оризопроизводителите, производителите на пченица, млекопроизводителите се прашуваат дали ова е истиот Цветан Трипуновски кој секој ден одеше низ Македонија и зборуваше за лошите и погубни политики од претходниот период или е сегашниот министер кој веројатно ги заборавил тие ветувања“, истакна Спасовски.

Посебен акцент тој стави на неисплатените субвенции и неизвесноста со која се соочуваат илјадници земјоделци.

„Факт е дека сè уште не е исплатен голем дел од субвенциите. Тоа што се исплаќаше во март, април и мај како дел од субвенциите, оваа година не се исплаќа. Земјоделците бараат одговор зошто е тоа така“, рече Спасовски.

Тој побара одговор и дали најавениот ребаланс на Буџетот ќе значи дополнителни кратења на средствата за земјоделството.

„Дали тоа значи дека нема да има ребаланс со кој ќе се зголемат средствата за субвенции? Дали тоа значи дека луѓето нема да ги добијат субвенциите до крајот на годината поради состојбата со Буџетот и јавните финансии?“, потенцираше Спасовски.

Спсовски се осврна и на состојбите кај лозарите, јаболкопроизводителите и оризопроизводителите, оценувајќи дека голем дел од ветените мерки не се реализирани.

„Ако се фалиме со мерките за лозарите, ќе видиме дека тие останаа на маргините. Не ги добија дополнителните три денари што ги бараа“, рече Спасовски, потсетувајќи дека биле укинати и дел од мерките за поддршка на лозарството.

За јаболкопроизводителите посочи дека и понатаму чекаат исплата на средствата.

„Сите количини јаболка предадени од 15 август 2024 до 30 јуни 2025 година, особено во Ресен и Ресенско, до денес не се исплатени по оваа мерка. А за 2025 година, на ваш предлог, таа мерка е укината. Оризопроизводителе, тоа е категорија луѓе со кои најмногу манипулиравте додека бевте во опозиција. Тоа денес не го кажувам јас, туку самите оризопроизводители“, истакна Спасовски.

Тој предупреди и на тешката состојба кај производителите на пченица и сточарите, кои се соочуваат со растечки трошоци и недоволна поддршка.

„Ако производството на пченица чини 20 денари, а откупната цена е од 9 до 12 денари, кој би работел со загуба? Никој. А за тоа нема никакви мерки Не презедовте ниту една мерка за да им помогнете на земјоделците во овие услови. Денес Европската Унија определува дополнителни 500 милиони евра за земјоделците во земјите членки токму поради растот на влезните трошоци во производството. Која мерка е донесена кај нас?Која програма ја понудивте за ублажување на овие последици и за поддршка на земјоделските производители? Клучното прашање денес е: каде се парите за субвенциите на земјоделците, министре? Тоа е прашањето на кое мора да одговорите, за тие луѓе да знаат што ги очекува“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Митрески: Трипуновски е најнеспособниот министер за земјоделство во историјата

Објавено пред

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната собраниска седница за интерпелацијата на министерот Цветан Трипуновски, порача дека земјоделството е доведено во катастрофална состојба, а земјоделците се оставени сами, со скапо производство, евтин откуп и задоцнета поддршка од државата.

„Земјоделството не е само економска гранка, бидејќи тоа е храна на нашите трпези, тоа е живот во македонското село, тоа е егзистенција на десетици илјади семејства“, истакна Митрески.

Тој нагласи дека Трипуновски ја презема титулата најнеспособен министер за земјоделство во историјата на државата.

„Најнеспособен министер и најверојатно во историјата на Македонија ќе биде актуелниот министер Цветан Трипуновски“, рече Митрески.

Тој посочи дека состојбата на терен е полоша од кога било.

„Ситуацијата на терен воопшто не е подобра, туку напротив таа е многу, многу полоша. На секое поле каде што чепнавте направивте пустош. Додека владата зборува за успеси, земјоделците протестираат. Додека владата зборува за стратегии, селата се празнат. Додека владата зборува за развој, производителите се борат да преживеат“, нагласи Митрески.

Митрески ја разобличи и владината пропаганда за наводни успеси во земјоделството.

„Денес имаме владин виртуелен ПР наспроти сурова реалност. Ако се суди според прес-конференциите на владата, Македонија е земјоделска велесила. Ако се суди според ПР-објавите, земјоделците никогаш не живееле подобро“, рече Митрески.

Но, како што додаде, вистината е сосема поинаква.

„Реалноста не се обработува со соопштенија, ниту пак нивите раѓаат од Фејсбук-објави. Реалноста е поинаква. Земјоделците се незадоволни затоа што цените на репроматеријалите се високи. Ѓубривата, заштитните средства, семенскиот материјал, механизацијата, сè е поскапо“, истакна Митрески.

Тој порача дека земјоделците се соочуваат со задоцнети субвенции и понижувачки откупни цени.

„Земјоделците се незадоволни затоа што субвенциите доцнат или не се исплаќаат навреме. Земјоделците се незадоволни затоа што кога ќе дојде време да го продадат производот, ги чекаат ниски откупни цени кои не ги покриваат ниту производствените трошоци. Земјоделците скапо произведуваат, евтино продаваат, а државата доцни со поддршката“, рече Митрески.

Тој нагласи дека незадоволни се и граѓаните, бидејќи плаќаат скапа храна на пазарите.

„Секој ден одат на пазар, гледаат колку чинат доматите, пиперките, компирот, сирењето, месото и овошјето и се прашуваат како е можно земјоделецот да продава евтино, а тие да купуваат скапо. Е тоа е вистинското прашање и тоа е вистинскиот резултат од вашите политики“, порача Митрески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Трипуновски: Ниту една интерпелација и напад од СДС, нема да ме поколеби да ги испорачам реформите што ги ветив на земјоделците

Објавено пред

„На денешната собраниска седница, се изнаслушав од опозициските пратеници низа на низа небулози, дезинформации, шпекулации кои се повторуваа кај секој еден од нив, но економските и проектите кои што ги презентирав се доволен доказ дека водиме успешна политика“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Доколку ме прашате дали сум задоволен од постигнатите резултати, мојата одговор е да, но секогаш може и има простор за уште подобро и уште поголем развој. Мојата обврска и задача на која сум цврсто фокусиран и напорно работам и верувам е да создадам услови во кој секој земјоделец ќе биде почитуван и вреднуван, институциите ќе работат во интерес на земјоделците, а државата ќе биде вистинскиот партнер на секој производител“, истакна тој.

Министерот во своето излагање додаде – „Во изминативе две години, голем дел од своето време го посветив на состаноци со земјоделците, одржав безброј средби, состаноци со производители од сите области на земјоделското производство, и сите чинители во земјоделскиот сектор, се со цел изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија. Вложени се бројни часови во дискусија, размена на предлози, ставови и сугестии од сите засегнати страни, секогаш со приоритет на македонскиот земјоделец, затоа што земјоделецот заслужува посебно место. Затоа што земјоделците се столбот на нашето земјоделско производство, на обезбедување на доволни количини на квалитетна и безбедна храна“.

„Затоа оваа интерпелација, ниту било каков напад или навреда нема да ме поколеба, ниту да ме одврати од мојата намера да продолжам да работам и да ги реализирам реформите што сме ги ветиле пред македонските граѓани и македонските земјоделци“, порача министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ќе се продолжи со конечна реализација од проектот Модернизација на земјоделството, односно изградба на откупно дистрибутивните центри во Скопје и Струмица. Ќе се продолжи со инвестициите во системите за наводнување и носење на клучни закони: Закон за земјоделство и рурален развој, Закон за земјоделско земјиште, Закон за уредување на пазарите, Закон за шуми.

„Дозволете да упатам една порака до македонските земјоделци, вие сте луѓе кои со својот труд и работа, ја храните државата. Знам дека патот не е лесен, се соочуваме со предизвиици, неизвесност но нема откажување, секое посеано семе, секоја обработена нива и секој собран род се доказ за вашата жртва и посветност. Сакам да знаете дека не сте сами, вашата работа се цени и како министер ќе продолжам да сум вашиот единствен партнер, да ги слушам вашите барања за подобри услови и заеднички да работиме за помодерно, поконкурентно и посилно земјоделство“, истакна министерот Трипуновски.

На крај од своеото обраќање министерот порача да се купуваат македонски земјоделски производи.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Најважните рекорди на Светските првенства на едно место

САД, Мексико и Канада ќе бидат домаќини на 23-то Светско првенство од 11 јуни до 19 јули. Турнирот ќе се...

Македонија3 часа

(Видео) Спасовски: Трипуновски манипулираше со земјоделците во опозиција, а ги заборави како министер

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, го обвини министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, за неработење, арогантен однос кон Собранието, неисполнети ветувања...

Регион3 часа

Вучиќ најави дека наскоро ќе поднесе оставка

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека планира наскоро да поднесе оставка и дека размислува да се кандидира за премиер....

Свет3 часа

На Антарктикот измерени 15°C среде зима; Научници: Ова не е нормално

Температурите на Антарктикот се искачија над 15°C овој месец, соборувајќи го претходниот зимски рекорд за топлина за замрзнатиот регион, предизвикувајќи...

Македонија4 часа

(Видео) Митрески: Трипуновски е најнеспособниот министер за земјоделство во историјата

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната собраниска седница за интерпелацијата на министерот Цветан Трипуновски, порача дека земјоделството е доведено...

Македонија4 часа

Трипуновски: Ниту една интерпелација и напад од СДС, нема да ме поколеби да ги испорачам реформите што ги ветив на земјоделците

„На денешната собраниска седница, се изнаслушав од опозициските пратеници низа на низа небулози, дезинформации, шпекулации кои се повторуваа кај секој...

Европа4 часа

Британец паднал во канал во Венеција и се удавил: бил на одмор со својата партнерка

Британски турист се удавил во Венеција откако паднал во канал, покажа истрагата. Се верува дека Чачаван Тонгпија, 31, ја изгубил...

Свет4 часа

(Видео) Иран ги обвини САД за нападот врз водоводот: „Ова е воено злосторство“

Иран денеска ги обвини САД за намерно таргетирање на цивилната водоводна инфраструктура на југот од земјата, нарекувајќи го нападот воено...

Свет4 часа

Израелскиот министер за одбрана: Војната со Иран е далеку од завршена

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во средата изјави дека војната против Иран е „далеку од завршена“ и предупреди дека...