Контакт

Македонија

Промовиран Регионалниот феминистички туристички водич „Откривајќи ја нејзината историја“

Објавено пред

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Скопје се одржа промоцијата на Регионалниот феминистички туристички водич „Откривајќи ја нејзината историја“, проследена со промотивна тура низ неколку значајни локации од женската историја и културното наследство на градот. Настанот започна на Фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк, од каде учесниците ја започнаа прошетката низ дел од локациите опфатени во Водичот, слушајќи ги приказните за жените и нивниот значаен придонес во општествениот, културниот и историскиот развој на нашата држава.

Регионалниот водич „Откривајќи ја нејзината историја“ мапира и претставува значајни локации поврзани со женската историја во Скопје, Белград и Тирана, со цел да се понуди на младите простор да истражуваат, да ја запознаат својата историја и да го афирмираат придонесот на жените во јавниот и општествениот живот, да се залагаат за нивна видливост во јавниот простор. Водичот е резултат на истражувачка и креативна работа на млади луѓе од Северна Македонија, Србија и Албанија, кои во изминатиот период, преку низа работилници, менторски сесии и истражувања, ги идентификуваа и разработија приказните поврзани со значајни жени, историски настани и места од културното наследство на трите главни градови.

Истовремено, иницијативата ја нагласува и пошироката историска перспектива дека борбата за женските права и феминизмот не се увезени концепти, туку имаат длабоки корени и на овие простори. Во различни историски периоди, многу жени од регионот активно учествувале во политичкиот, образовниот, културниот и општествениот живот, придонесувајќи за развојот на општеството и за стекнувањето на правата што денес се сметаат за основни. Многу од тие приказни, сепак, останале недоволно видливи или отсутни од јавниот простор и колективната меморија.

Оттука, како што истакна раководителката на младинската програма во ХЕРА, Драгана Каровска Чемерска „Наша заедничка должност е да им оддадеме почит на овие жени и заедно со младите да создадеме видливи траги во јавниот простор кои ќе сведочат за нивното постоење и значење. Поставувањето меморијални обележја, информативни табли и други форми на јавно одбележување на локациите поврзани со женската историја претставува важен чекор кон препознавање и зачувување на ова наследство.“

Во таа насока, младите кои работеа на Водичот ги повикаа институциите на локално и национално ниво да се заложат за систематско идентификување и обележување на локациите поврзани со женското културно наследство, како и за поддршка на создавање образовни и културни содржини за младите. Овие содржини можат да се развиваат преку младинските центри, културните институции, музеите и образовните програми, со цел новите генерации да учат за жените во историјата и нивната улога во македонското општество.

„Со отворање простор за гласовите што историски биле исклучени и со градење дигитален архив на нивните искуства, создаваме феминизам што не остава никого зад себе. За мене, феминизмот значи да ја препознаеме вредноста на секој глас и да промовираме еднаквост во сите сфери на животот. Водичот ни служи како потсетник дека борбата за правата на жените и родовата еднаквост не е современа модна тенденција, туку долга и значајна историска задача што продолжува и денес.“ – истакна Марија Ѓорѓиевска, младинска активистка и дел од групата млади автори на Водичот.

Катерина Милошевска, исто така една од авторките, пак, истакна дека „Пишувањето на текстот за Пајонската свештеничка беше многу значајно искуство, бидејќи ми овозможи да ја доближам приказната за една жена од античкиот свет до денешната публика и да поттикнам размислување за улогата на жените во историјата.“

„Целиот проект беше навистина незаборавно и едукативно искуство кое на некој начин го смени мојот однос кон градот. При истражувањето научив нешта за сопствената историја на кои никогаш досега не сум обрнала внимание, и како резултат се чувствувам по зближена со моите женски предци и погорда на жените кои се избориле да го направат Скопје тоа што е денес, без разлика колку нивниот труд бил забележан или прославен.“ – изјави Мила Димитровска, една од младите авторки на Водичот.

Ирене Кетоф, аташе за соработка при Француската амбасада во Република Северна Македонија, изјави дека „станува збор за конкретен резултат од проектот BOOST, најголемата програма за поддршка на граѓанското општество во Западен Балкан финансирана од Француската агенција за развој (Agence Française de Développement). Токму преку вакви проекти се истакнува колку е важно е да се вреднува локалното наследство создадено од жени и за жените.“

Во рамки на промотивната тура во Скопје беа посетени четири локации од Водичот: Фонтаната „Лотос“, меморијалниот парк и основата на неодамна украдената биста на народната хероина Вера Јоциќ, скулптурата „Пајонска свештеничка“ на пешачкиот мост „Око“ и Паркот „Жена Борец“. На секоја од овие локации, младите автори на Водичот ги презентираа резултатите од своето истражување и ги споделија приказните за жените и историските процеси поврзани со овие места, потенцирајќи ја нивната улога во создавањето на културниот и општествениот идентитет на градот. Од меморијалниот парк на Вера Јоциќ, младите гласно упатија барање за обновување на споменикот и покажување одговорност и грижа од страна на институциите.

Промотивната тура во Скопје е дел од регионалната промоција и тура што се реализира од 6 до 10 март во Тирана, Скопје и Белград, со цел да се промовира феминистичкото културно наследство, регионалната соработка и активната улога на младите во неговото истражување, интерпретација и афирмација.

Настанот се организираше во рамки на проектот „Откривајќи ја нејзината историја: Зајакнување на младите и зачувување на феминистичкото наследство“ (Uncovering HERstory: Empowering Youth and Preserving Feminist Heritage), имплементиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Center for Population Policies and Sustainable Development – IPPF Србија и ACPD Албанија, со поддршка од Европската асоцијација за локална демократија (ALDA), во рамки на BOOST програмата.

Проектот ги зајакна младите како истражувачи и промотори на културното наследство, поттикна регионална соработка и дијалог, и придонесе кон поголема видливост на женската историја во јавниот простор и во културните политики. Водичот е достапен на следниот линк https://hera.org.mk/regionalen-feministichki-turistichki-vodich-otkrivajki-ja-nejzinata-istorija/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ликуваат за избори во странство наместо да го анализираат сопствениот пораз

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, наместо да го анализираат изборниот резултат од околу 130 илјади гласа, се занимаваат со изборни случувања во други држави.

Според партијата, Социјалдемократите се однесуваат како да не се дел од политичкиот живот во Македонија, критикувајќи влади и функционери во странство и следејќи избори надвор од земјата, додека домашните избори ги игнорираат.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо внатрепартиска анализа за резултатот, раководството на СДСМ се радува на победата на партијата Тиса во Унгарија, која е дел од Европската народна партија, каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува дека сестринската партија на СДСМ, која е дел од Партијата на европските социјалисти, освоила 1,18% од гласовите, што, според ВМРО-ДПМНЕ, е слично со рејтингот во Македонија.

Партијата оценува дека СДСМ, заедно со Зоран Заев, ја довеле партијата во состојба на пад и дека наместо дистанцирање, продолжуваат по истата политика.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека ќе остане посветена на билатералната соработка со Унгарија и му ја честита изборната победа на партијата Тиса и на Петер Маѓар.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Падот на Орбан е лоша вест за Мицкоски – потврда и од германските медиуми“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Пишувањата на германските медиуми за поразот на Виктор Орбан се јасна и недвосмислена потврда на сè она на кое СДСМ го говори со месеци. Падот на Орбан не е само внатрешно политичко прашање во Унгарија, има директни последици за целиот регион – особено за политичарите кои беа под негова целосна заштита, како Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.

„Но и за Александар Вучиќ и Милорад Додик кои се дел од „авторитарното братство“.

„Орбан постојано градеше мрежа од нелиберални аналитички центри, медиуми и партии, кои ги прошируваше, поддржуваше или вршеше послушни изобилни финансиски плаќања, чија иднина сега е неизвесна“ наведува германскиот “Франкфуртер алгемајне цајтунг„.

Уште една потврда за веќе создадената мрежа на влијание, финансии и злоупореба на медиуми надвор од европските демократски стандарди.

Дополнително, се потенцира дека со падот на Орбан се „затвора чадорот“ што го имаше над Балканот, со што политичките актери кои се потпираа на таа поддршка остануваат без заштита и без клучен сојузник.

Ова е директна потврда на ставовите на СДСМ за бизнис мрежата поврзана со Орбан, која имаше сериозно влијание врз процесите во регионот, вклучително и во Македонија.

Денес, германските медиуми го потврдуваат она што СДСМ го говори: падот на Орбан значи слабеење на антиевропските и автократски влијанија во регионот.

Тоа е лоша вест за Мицкоски. Паѓаат автократските режими. Следен е тој во Србија, па после тоа на Мицкоски кај нас. Но тоа е добра вест за граѓаните. Добра вест за демократијата. Доаѓа време за одговорност и правда“, соопштуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Влен: Старата чаршија, срцето на Чаир, се преродува по половина век

Објавено пред

„По повеќе од 50 години, се започнува историски проект кој ја враќа Старата чаршија во нејзиниот автентичен идентитет и ја воздигнува на ново ниво на развој. Ова е најголемата инвестиција од ваков вид, длабока инфраструктурна интервенција на 1.567 м², со модерни стандарди и долгорочна визија“, велат од Влен.

„Се решаваат подземните проблеми со нов водовод и канализација, се гради модерна електрична и оптичка мрежа, а уличките добиваат нов здив со травертински камен и традиционално осветлување. Оваа инвестиција, вредна околу 29 милиони денари, вклучува и реконструкција на околните улици, третирајќи ја чаршијата како функционална целина. Некогаш, звукот на чеканот беше ритамот на животот во оваа чаршија. Денес, тој звук се заменува со друго ехо, ехото на развојот, инвестициите и враќањето на гордоста на Чаир.

Овој проект го презентираше градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во присуство на првиот заменик-премиер, Беким Сали, докажувајќи дека ВЛЕН е сила на акција и визија за граѓаните. Чаир се развива. Чаршијата се преродува. Ова е голем чекор кон пожива, поекономична и поавтентична иднина, ехо кое ќе остане генерација по генерација“, соопшти Влен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ликуваат за избори во странство наместо да го анализираат сопствениот пораз

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, наместо да го анализираат изборниот резултат од околу 130 илјади гласа,...

Свет5 минути

Израелско здружение го пријави Санчез на меѓународен суд: „Тој помага во воените злосторства“

Израелската група за правно застапување побара од Меѓународниот кривичен суд да го гони шпанскиот премиер Педро Санчез за наводно „помагање...

Свет6 минути

Лавров: Српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија. Како...

Спорт10 минути

(Видео) Рафиња тврди дека Барса е ограбена: Вака реагираше голманот на Атлетико

Ѕвездата на Барселона, Рафиња (29), беше разочаран по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Фрустрацијата на...

Економија17 минути

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто...

Спорт31 минута

(Видео) Портланд се пласира во плејофот, Шарлот ќе игра во плејин финалето

Кошаркарите на Портланд се пласираа во плејофот на НБА лигата, откако ги победија Феникс Санс со 114:110 во директна борба...

Македонија32 минути

„Падот на Орбан е лоша вест за Мицкоски – потврда и од германските медиуми“, велат од СДСМ

„Пишувањата на германските медиуми за поразот на Виктор Орбан се јасна и недвосмислена потврда на сè она на кое СДСМ...

Свет43 минути

Европа подготвува воена мисија во Ормускиот теснец без Америка, Израел и Иран

Европските земји подготвуваат план за воена мисија што би обезбедила слободна пловидба низ Ормускиот теснец по завршувањето на војната, но...

Македонија47 минути

Влен: Старата чаршија, срцето на Чаир, се преродува по половина век

„По повеќе од 50 години, се започнува историски проект кој ја враќа Старата чаршија во нејзиниот автентичен идентитет и ја...