Контакт

Македонија

Промовирана нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем

Објавено пред

„Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е новиот проект на Министерството за образование и наука кој треба да генерира трајно системско решение за превенција на семејно насилство врз деца преку образовните установи и спречување на натамошна трансформација во врсничко насилство во училишните клупи.

Станува збор за иницијатива која обединува повеќе институции, граѓански организации и училишта, а ќе се спроведува во период од една година. На денешната промоција во Владата, министрите за образование и наука, за социјална политика, демографија и млади и за внатрешни работи, заедно со претставници на Комората на психолози посочија дека семејното и врсничкото насилство се предизвици кои веројатно е дека ќе постојат и во иднина, но обврска на институциите и сите општествени чинители е да одговорат на најдобар можен начин за негативната статистика да биде сведена на најниско ниво.

Министерката Јаневска рече дека проектот е насочен директно кон сузбивање на најголемиот причинител на врсничкото насилство – тоа е семејното насилство, што го потврдуваат бројни релевантни организации и стручни лица. Факт е, како што нагласи, децата не стануваат агресивни во училиште, туку најчесто тие доаѓаат агресивни од дома.

„Ќе работиме на воспоставување одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца или нивно занемарување, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка“, рече Јаневска додавајќи дека освен кампањски дел со порака преку медиумите, ќе има и теренски.

Следната недела започнуваат обуки за сите училишни психолози, педагози и социјални работници во основното образование, за јакнење на компетенциите за препознавање деца жртви на семејно насилство преку нивното однесување и преземање мерки за спречување и понатамошно ширење. Детето, како што рече Јаневска, мора да биде препознаено, слушнато и заштитено навреме.

„Ќе организираме и дискусии со наставниците и семејствата на учениците за подигнување на свеста за овој проблем и за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка, вклучително и соработката со институциите. Во дискусиите очекувам да се вклучат и учениците. Ќе ги повикаме заради јакнење на информираноста, поттикнување глас – за насилството да не се молчи. Од споделените искуства и практики, и од сугестиите што ќе ги добиеме за време на обуките и панел дискусиите, ќе изработиме и унифициран протокол за постапување при сомнеж за насилство, со алатки за проценка на ризик“, додаде Јаневска.

На прес конференцијата се обратија и министрите Фатмир Лимани и Панче Тошковски. Дадоа целосна поддршка на спроведувањето на проектот преку вклученост на полицијата и центрите за социјална работа.

„Врсничкото насилство е сложена општествена појава која не се појавува изолирано. Често зад него стојат подлабоки проблеми – нарушени семејни односи, изложеност на семејно насилство, недостаток на емоционална поддршка, несоодветни модели на однесување, но и негативни влијанија од дигиталниот простор. Затоа нашата обврска е да не реагираме само кога ќе се случи инцидент. Мора да делуваме многу порано – во семејството, во градинката, во училиштето, во локалната заедница и во дигиталната средина. Нашата визија е јасна – училишта без страв, семејства во кои се негува почит и разбирање, дигитален простор во кој младите се заштитени и општество во кое насилството нема место“, рече Лимани.

Министерот Тошковски посочи дека бројките што ги има Министерството за внатрешни работи покажуваат дека во истиот период во кој расте семејното насилство, расте и насилството меѓу учениците.

„Не можеме со сигурност да кажеме дека секој конкретен случај е поврзан, но криминолошките аспекти на проблемот укажуваат дека изложеноста на насилство во домот е еден од најсилните ризик-фактори за подоцнежна агресија. Тоа е доволна причина Министерството за внатрешни работи да биде дел од овој проект од самиот почеток“, рече Тошковски.

Нагласи дека цврстата кривично-правна реакција е неопходна, но сама по себе не е доволна. Полицијата секојдневно е прва линија на контакт со семејства во кои се случува насилство и токму затоа размената на информации меѓу полицијата, училиштата и центрите за социјална работа е клучна. Ако дете е сведок на насилство во домот, тоа треба да биде препознаено пред да се претвори во насилство во училишниот двор.

Според Емилија Бошковска од Комората на психолози, многу често агресивното дете е дете кое научило дека агресијата е единствениот јазик преку кој може да ја изрази својата болка.

„Кога едно дете е агресивно, нашата прва реакција мора да биде да го запреме насилството, но нашата професионална одговорност е и да разбереме од каде тоа насилство доаѓа.Ако ја третираме само последицата, а не и причината, ризикуваме циклусот на насилство да продолжи трансгенерациски“, рече Бошковска, додавајќи дека заедничката цел е да се создадат училишта кои не само што пренесуваат знаење, туку препознаваат болка, обезбедуваат поддршка и стануваат безбедно место за секое дете.

Најново

Спорт9 минути

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет40 минути

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава46 минути

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа53 минути

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт1 час

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт1 час

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...

Европа2 часа

Уште 327 милиони евра за Украина: Холандија помага во обновата на инфраструктурата

Холандија најави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до...