Контакт

Македонија

Прво Гостивар, сега Валандово, кој град е следен, прашуваат од СДСМ за зголеменото ниво на арсен во водата за пиење во Валандово

Објавено пред

По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење, реагираат од СДСМ.

„Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење.

Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава.

Проблем на еден човек – Христијан Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО која ја презеде државата.

Оваа влада не знае да управува со основните работи што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Нема капацитет, нема стручност, нема системска контрола.

Единственото што добро го познаваат се криминалните тендери и личното богатење“.

Во Гостивар, како што велат, дозволија луѓето да се трујат со фекално загадена вода.

„Сега во Валандово имаме арсен во водата за пиење. Утре ќе биде некој друг град.

Кога институциите не функционираат, кога контролата е слаба, кога се поставуваат луѓе според партиска послушност, а не според стручност – резултатот е токму ова: граѓаните остануваат без безбедна вода за пиење.

Мицкоски и неговата структура се занимаваат со базени, реконструкции и медиумски настапи.

Во меѓувреме, основните системи што треба да го штитат животот на луѓето се распаѓаат.

Ова е последица на нестручност, незнаење и целосен фокус на лични и партиски интереси.

Прашањето повеќе не е само „што се случува во Гостивар“ или „што се случува во Валандово“.

Прашањето е: кој град е следен“.

Најново

Спорт1 час

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт1 час

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион1 час

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт1 час

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет1 час

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...