Македонија
Пржино: Нема договор за излез од кризата
Уште една преговарачка рунда на претставниците на четирите политички партии заврши во петок, без да се постигне конкретен договор.
Претставниците на партиите кои се сретнаа во резиденцијата на ЕУ во Пржино, останаа на вчерашните позиции, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека има мал напредок, а СДСМ дека нема поместување. „Не може да се преговара и да прифатиме во избирачкиот список да останат имиња кои ниту со теренски, ниту со вкрстени проверки не може да бидат верификувани. Ние сакаме список кој е соодветен на реалноста во земјата. Исто така, нема никакви сигнали дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да се откаже од контролата на медиумите“, изјави по средбата Рената Дескоска од СДСМ.Според неа, не се знае ни дали до 15 јули ќе има договор, а секако нема најава ни за лидерска средба.Од друга страна пак, претставникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, денеска е поголем оптимист од вчера и вели дека има поголем напредок.„Стравот на СДСМ од избори и од соочување со граѓаните е повеќе од очигледен“, изјави тој и додаде дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле околу барањата на опозициската партија за избирачкиот список, а и во голем дел од предлозите за медиумите.„Не се согласивме само околу казните за медиумите затоа што од СДСМ бараат поголеми казни, а ние, симболични, од едно евро“, рече Тодоров.Одговарајќи на новинарско прашање дали оптимизмот го црпи од новата еврообврзница и од задолжувањето, пари кои, наводно, ќе се користат за популистички мерки, Тодоров рече дека задолжувањето не е причина за оптимизмот туку дека ВМРО-ДПМНЕ сака со инвестиции и со проекти да го направи животот на граѓаните подобар.Артан Груби од ДУИ го повтори вчерашниот став дека тој сè уште е оптимист и дека напредок има, а одговорноста ја префрли кај СДСМ, при што рече дека ако има конструктивност од македонската опозициска партија, многу бргу може да има фер и демократски избори.Со овие позиции за Избирачкиот список и за реформата на медиумите, четирите партии ќе ја пречекаат Викторија Нуланд в понеделник, затоа што за викендов не се предвидени нови средби./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Во програмата „Платформа 1198“ предвидени се повеќе од 2 милијарди евра во инфраструктура, 250 милиони евра годишно кон општините, завршување на автопатот Кичево – Охрид
„Повеќе од 2 милијарди евра се планирани да се инвестираат во инфраструктурата. Тука е оној проект кој е многу значаен, а тоа се реалоцирање средства од буџетот кон општините во вредност од 250 милиони евра годишно или за еден четиригодишен мандат тоа би било точно 1 милијарда евра“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешниот увид на градежни активности во поранешната касарна во Охрид.
„Ги повикувам општините, не само онаму каде имаме градоначалници кои доаѓаат од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку и оние општини каде има градоначалници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, но и независни градоначалници да прават проекти бидејќи првиот оглас откако ребалансот на буџетот ќе се случи во јули месец, првиот оглас ќе биде објавен некаде есента септември, за да може да аплицираат за проекти кои ќе бидат важни за граѓаните“, порача Мицкоски.
Тој истакна дека нема да бидат влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, туку влада за сите граѓани.
„Амбицијата ни е во еден момент да се работи на минимум 500 точки, 500 локации на територијата на цела Македонија со што ќе бидат задоволени потребите на граѓаните. Ние нема да бидеме влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку сакаме да бидеме влада за сите граѓани и да покажеме дека не се сите политичари исти, да покажеме дека немаме намера да ги делиме граѓаните како тоа што правеше сегашната влада“, вели Мицкоски.
Додаде дека еден од приоритетите е конечното завршување на автопатот Кичево – Охрид.
„Исто така тука се еден од приоритетите и конечно завршување на автопатот Кичево – Охрид. Рековме според нашата анализа тоа би било некаде околу 2026 година, втората половина на 2026 година. Реализација на тековните автопати Тетово – Гостивар, Прилеп – Битола. Многу други проекти поврзани со локалната инфраструктура, железничката инфраструктура, возови, вагони итн., нешто што е дел од програмата „Платформа 1198“, посочи Мицкоски.
Порљача граѓаните детално да ја прочитаат „Платформа 1198“ бидејќи има детално за секого по нешто.
„Цениме дека сето тоа што е таму содржано е возможно да се реализира и ќе го реализираме. Чуда не ветувавме, ние не сме чудотворци, чуда се невозможни, сите оние кои ветуваат чуда не ја говорат вистината. Ве молам прочитајте ја програмата „Платформа 1198“ и ќе го најдете патот како Македонија ќе се развива и ќе биде повторно горда и Македонија ќе биде повторно твоја“, дециден е Мицкоски.
Македонија
Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања
Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска е во Охрид, а коментирајќи каква кампања ќе води партијата и каква кампања очекува воопшто.
Мицкоски рече дека идејата е да се води кампања со која ќе им се врати надежта на граѓаните.
„Малкумина се граѓани од прв ред, тука пред се мислам на неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството СДСМ, сите други имаат чувство дека се граѓани од втор ред“, вели Мицкоски.
Според Мицкоски тоа е работа која мора да се смени во наредниот период.
„Тоа мора да се смени и по 8 мај да има и одговорност. Желни сме да го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија“, кажа Мицкоски.
Македонија
Левицата: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”
Вработените во јавното претпријатие ,,Македонски шуми” три месеци безуспешно се борат да ги добијат своите плати, задолжителните придонеси од плата, теренските додатоци и униформи за работа, реагираат од Левица.
„Тие прво штрајкуваа со присуство на работното место, па денес пред просториите на нивната дирекција, а трет чекор ќе биде да излезат пред Владата. Генералниот директор, Валентин Груевски од ЛДП и менаџерите на ова претпријатие не понесуваат никаква одговорност за неефикасното работење на ова претпријатие кое тоне во долгови. Додека безмилосно се касапат, македонските шуми и се богати зелената мафија, затоа што претпријатието не инвестира во нова опрема, сите пари се трошат за создавање неефикасен административен кадар од партиските редови на власта. ,,Македонски шуми” немаат доволно средства за шумски полицајци, додека претпријатието прима партиски кадри. За расипничкото менаџирање говори скандалот со купувањето нa луксузни службени возила за раководството, додека нема средства за теренски возила, кои се апсолутно потребни во борбата со шумската мафија“, истакнуваат од оваа партија.
Ова, како што потенцираат, не е изолиран случај само со ова јавно претпријатие, туку стана пракса во изминатите 30 години – јавните претпријатија да бидат најголеми загубари, за да ги задоволат апетитите на клиентелистичката машинерија на секоја власт.
Додаваат дека длабоко вкоренатата партизација ги уништува институциите кои треба да се јавен сервис.
„Но, јасно е дека без партиски вработувања, триото СДС-ДУИ-ДПМНЕ нема како да егзистира на политичката сцена!
Затоа, на престојните избори, македонскиот народ треба, конечно, да стави крај на тридецениското уништувачко владеење на овие партии и, конечно, нови генерации политичари да докажат дека може и мора да се управува поинаку“, истакнуваат од Левица.