Македонија
Пуштена во употреба новата училишна зграда за децата и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“
Новата училишна зграда на државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“ во четврток свечено беше пуштена во употреба во Скопје.
„Новиот објект со површина од 463 метри квадратни е донација на Европската команда на Армијата на САД, која за овој проект издвои околу 363 илјади долари. Со помош на нашите пријатели од Војската на САД, учениците добија современ објект, опремен со сите помошни и нагледни средства. Движењето низ училишната зграда ќе им биде олеснето на учениците, бидејќи таа е опремена со дактилни патеки, специјално наменети за лицата со ошетен вид“, рече министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.
Тој додаде дека Министерството за образование и наука, Владата на Република Македонија и другите надлежни институции системски работат на подобрување на животот на сите луѓе со попреченост во нашата земја. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.