Македонија
Реакции за Кежаровски: Власта сака да направи урамниловка со пресудата
Сомнеж дека „одлуката е политички мотивирана“, „одлука којашто е срамна за државата“ се дел од реакциите по објавувањето на пресудата Апелациониот суд за новинарот Томислав Кежаровски, со којашто му се намалува казната затвор од четири ипол години на две години.
Здруженијата на новинарите во Македонија и Меѓународните здруженија бараат ослободителна пресуда за Кежаровски.„Се сомневам дека оваа одлука е политички мотивирана. Власта со неа сака да направи урамниловка во стилот ’ем волкот сит, ем овците на број’. Кежаровски да се казни, да не го пратат во затвор и останатиот дел од казната од три месеца да ги одлежи во домашен притвор. Ние немаме намера да се помириме со ваквото пазарџиско однесување на судот на сметка на нашите права и слободи, како што се слободата на говорот и на информирањето, гарантирани во македонскиот Устав“, реагираше претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, по објавувањето на пресудата.Според него, казната затвор за Кежаровски е казна за слободата на новинарите и на медиумите и треба да ги застрашува сите македонски новинари и да ги одвраќа од намерата да истражуваат за злоупотребите на јавните институции. „За нас слободата на Кежаровски е безусловна. Таа е и наша слобода. Ние сме сите Кежаровски“, напиша Селмани парафразирајќи го слоганот од неделниот масовен марш против тероризмот и слободата на изразувањето во Париз по повод масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo – „Сите сме Шарли“.Македонската асоцијација на новинари(МАН), исто така, се спротистави на одлуката на Апелациониот суд со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна. „МАН смета дека секоја казна за вршење на новинарска работа е излишна, па и оваа за колегата Томислав Кежаровски. Ова дотолку повеќе што казната за новинарот кој пишувал текст е повисока од некои за сторителите за чие дело се пишувало“, реагираат од МАН.Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и НВО Инфоцентарот сметаат дека одлуката на Апелациониот судпретставува директна закана за новинарите и директно загрозување на слободата на изразување и слободата на медиумите. „Сметаме дека станува збор за скандалозна судска одлука која има политичка заднина, и која има за цел да ја заплаши и замолчи целокупната критичка јавност во државата. Се работи за цинична одлука според народната поговорка „и волкот сит и овците на број“, која на власта ѝ овозможува да тврди дека во Македонија нема новинари во затвор и дека барањето за пуштање на Кежаровски на слобода било испочитувано“ реагираат од ЦРМ.Европската федерација на новинари одлуката на Апелација ја нарече срам за државата. „Тој само си ја вршел својата работа. Тој никогаш не требало да биде затворен поради обвинението против него. Оваа одлука е вистински срам за државата“ изјави претседателот на ЕФН, Могенс Бличер Бјерегорд.Во петок во 11 часот претставници од ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија и Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски, ќе го искажат револтот за одлуката на судот.Во октомври 2013 година Кежаровски беше осуден на казна затвор од 4,6 години затвор. Шест месеци помина во притвор во затворот во Шуто Оризари, а од тогаш е во домашен притвор.Бидејќи во издржувањето на казната на Кежаровски му се смета и времето минато во притвор, му преостануваат уште четири месеци за издржување на казната.Кежаровски на рочиштата порача дека никогаш не загрозил нечиј живот, туку дека само ја извршувал својата новинарска работа. „Обвинението против мене е неосновано, во текстовите во весникот „Репортер 92“ не го открив идентитетот на заштитениот сведок и не сум загрозил ничиј живот и ничие здравје. Сведокот јавно призна дека е лажен и дека бил инструиран од полицијата и дека напамет ја научил изјавата којашто му ја напишале во полиција. Јас сум колатерална штета само за да се забошоти самооткривањето на сведокот“, рече Кежаровски.Случајот е поврзан со убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски во 2005 година во велешкото село Ореше.Осомничени за убиството беа браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски, а како нарачател се спомнуваше Ѓоре Петровски, Македонец што живее во САД. Случајот Ореше се суди по четврти пат во велешкиот суд, а заштитениот сведок Бреза го откри својот идентитет и му се суди за лажно дадена изјава.Во случајот Ликвидација беа осудени и судии, адвокат и обвинител од случајот Ореше, на кои исто така Апелација им ја намали казната. На судијата од случајот Ореше, Иле Танев Апелација му ја намали казната од две и пол години на една ипол година, на истражниот судија Валентин Зафиров му ја намали казната од пет ипол години на две ипол години затвор. На обвинителот Ивица Ефремов му ја намали казната од четири ипол години на три години.Врховниот судија во пензија Борис Николовски и поранешниот велешки судија Сашко Лазаров кои беа осудени на една година затвор и пуштени се условно. Јане Павловски – Тица и Сабедин Џини Хофман осудени се на една година и шест месеци затвор.Апелациониот суд ги уважи жалбите на обвинетите Иле Танев и Сабедин Џими Хофман за кривичното дело „примање поткуп“ и предметот го врати на повторно постапување и одлучување само во овој дел.Јавната седница за предметот во Апелациониот суд беше одржана на 21 ноември, а пресудата е објавена по речиси три месеца./крај/мф/ффс
Извор: Фото: Здружение на новинари на Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ а не за мораториум
Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што вие треба да ја донесете на овие избори, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од предизборниот митинг во Струга.
Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски кои нема да се откажат од нашата европска иднина, додаде Ковачевски.
Претседателот на СДСМ нагласи дека ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор.
-Тие нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ, а потоа ќе ја обвинуваат Европската Унија за сѐ. Спремни се Македонија уште 100 години да не влезе во ЕУ, дециден беше Ковачевски.
„Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува. Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг во Струга.
Македонија
(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето
„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да се направи евалуација или реевалуација на сите кандидати во поглед на имотот или во поглед на стореното. Но, три пати да се залагате за нешто, а да не направите ни еден чекор кон тоа, мислам дека ве предупредува дека треба сами да си ставите вето на она што го ветувате, а не го исполнувате! Можеби така го замислува претседателот ветото! Јас не знам како го замислува! Како нешто што постојано го ветува, ама крајно време е: Вето да си стави сам, дека нема да измислува! А мислам дека и вие треба вето да му ставите“, рече Горданa Силјановска -Давкова.
„Ние кога го критикуваме ДУИ, не ги критикуваме албанците. Кога ги критикуваме одлуките на коалицијата, не тргнуваме од етнички или верски пориви, туку од нивната длабока вмешаност во корупцијата и криминалот!
Мислам дека најважната битка што мора да почне на 24-ти, а да биде потврдена со најголема можна брзина во иднина, е бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот! Корупцијата и криминалот немаат никаков етнички или религиозен предзнак! Не!
Меѓутоа, ни економија, ни образование, ниту култура, ни земјоделие, не може да се развиваат без правна држава во која сите ќе бидат под Уставот и законите! Во која нема да има селективно судство, ниту несанкционирање на потезите на многу други оти веќе бегање нема!
Во последниот извештај на Фридом хаус до нас е упатена порака: – Крајно време е да престанеме да бидеме хибриден режим кој се врти во корупцијата и криминалот! Крајно време е стручноста и компетентноста да бидат важечките критериуми за влез во било која професија, за било која функција! Така не само што ќе ги задржиме најупешните и ќе ги охрабриме младите да останат тука, туку ќе се знае дека кој и да дојде на власт, државата ќе функционира. Оваа држава не функционира како правна држава!
Тука и претседалот има улога, јасно ви е. Поминаа многу закони на кои мораше да им стави вето. Еден од најстрашните е оној за измени на Кривичниот законик! Значи, тој стана соученик во стимулирањето на криминалот. Зошто? Затоа што измислуваше најразлични аргументации зошто измените се добри, па споредуваше со Германија и слично. Но, факт е дека обезбедија со тој ужасен закон, всушност легализација на корупцијата и криминалот. Односно, обезбедија заштита на корумпираните и на криминалците. Ние тоа нема да го дозволиме! На ниту едно ниво, во ниту една институција. Оти силните институции, процедурата и санкционирањето се гаранција не само за демократска, туку и за правна држава. Таквите држави се европски држави, а не државите што тие ги нарекуваат европски, како нашата. Не е европска нашата држава!
Но, верувајте ми на 24-ти и на 8-ми ќе започне поставувањето на темелите на Македонија како европска држава! Стандардна држава!“, изјави Горданa Силјановска -Давкова.
Македонија
Пендаровски од Шуто Оризари: Македонија ќе оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Шуто Оризари порача дека Македонија, како мултиетничка земја, може да просперира и да оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници.
„Ромите за мене се еднакви како и сите останати граѓани. Јас не ги разликувам луѓето по нивната верска или етничка припадност. Кај мене можел да дојде секој што ќе посака, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин или Ром, дури и ако не гласал за мене,“ истакна Пендаровски и додаде дека во нашата земја има врвни интелектуалци Роми кои придонесуваат за развој на нашата заедничка татковина.
Во насока на афирмација и поголема видливост на Ромите во општеството Пендаровски посочи дека во рамки на неговиот тим како претседател има советничка која ги адресира проблемите и предизвиците на Ромите.
„Секогаш кога некој бара помош од мене, помагам во рамки на моите надлежности, но и надвор од нив. Се јавувам кај пријатели, пратеници, доктори. Мора да бидеме солидарни и да им помагаме на послабите, на маргинализираните”, заклучи Пендаровски.