Контакт

Македонија

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

Објавено пред

„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби, а секојдневното коалицирање со негирачи на независноста на Косово, негирачи на геноцидот во Сребреница и релативизатори на Охридскиот рамковен договор да го претставуваат како нормалност“, реагира потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи на соопштението на Влен.

„Според оваа логика, требало да биде обвинет Албин Курти затоа што се среќава со Александар Вучиќ, Доналд Трамп затоа што се среќава со претседателот на Кина, или кој било министер за надворешни работи во светот затоа што се среќава со своите колеги од земји со кои има несогласувања.

Дипломатијата не е средба со оние со кои се согласуваш. Дипломатијата постои токму за да се среќаваш со оние со кои не се согласуваш, за да ги браниш интересите на својата држава и да ги унапредуваш нејзините позиции.

Дипломатските средби се уставна и законска обврска. Коалицирањето е политички избор. Тоа се две сосема различни работи кои ВЛЕН или не знае да ги разликува, или се преправа дека не ги разликува.

Соопштението што го објавуваат е соопштение на Кабинетот на претседателот на Србија, кое ги изразува ставовите и приоритетите на српската страна, а не на Република Северна Македонија. Тоа е сосема нормална практика во секој дипломатски однос.

И денес повторно би се сретнал со секој свој соговорник, дури и кога не се согласувам со него, затоа што тоа е должност на министерот за надворешни работи. Но никогаш не би избрал да коалицирам со оние што ја негираат независноста на Косово, го релативизираат геноцидот во Сребреница или ги поткопуваат правата на Албанците.

Тоа е разликата меѓу дипломатијата и политичкото потчинување. Токму таа разлика ВЛЕН денес очајнички се обидува да ја сокрие“, се додава во реакцијата на Османи.

Најново

Свет51 минута

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет1 час

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион2 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија2 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника2 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава3 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника3 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт3 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...