Контакт

Македонија

Реакција на Центар за граѓански комуникации на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Објавено пред

Центар за граѓански комуникации реагира на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„Го цениме фактот што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија јавно се осврна на наодите од истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“. Сепак, сметаме дека реакцијата не дава одговор на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето.

Најнапред, во истражувањето во ниту еден момент не се оспорува потребата од евакуација на македонските државјани од кризното подрачје, ниту пак се доведува во прашање обврската на државата да преземе итни мерки за нивна заштита. Напротив, истражувањето јасно го признава постоењето на вонредни околности и законската можност за користење постапка со преговарање без претходно објавување оглас“, се вели во реакцијата на Центар за граѓански комуникации.

„Прашањата што ги отвора истражувањето се однесуваат на начинот на кој е спроведена постапката и на почитувањето на правилата за трошење на јавните средства дури и во услови на итност.

Министерството не понуди одговори како е направен изборот на првите девет фирми од кои е барана понуда, како и за изборот на единствениот понудувач во втората постапка за јавна набавка.

Во однос на авансното плаќање, Министерството наведува дека тоа било условено од пазарните околности и барањата на превозниците. Но, авансното плаќање не било предвидено во тендерската документација и не е во согласност со Законот за јавни набавки.

Според член 116 став 2 од Законот за јавните набавки, договорот за јавна набавка се склучува во согласност со условите утврдени во тендерската документација и во понудата. Ова значи дека плаќањето по извршување на услугата морало да биде наведено и во договорот. Ова секако не би ја ограничило фирмата да ги плати летовите од свои средства и потоа овие трошоци да ги покрие по наплатата на фактурата. Но, поставувањето едни услови во тендерската документација и потоа нивно менување во договорот не е во согласност со ЗЈН.

Воедно, со направената измена се ставени во нерамноправна положба и сите оние фирми до кои била доставена покана во поништената постапка. Во согласност со член 7 од ЗЈН, договорниот орган обезбедува еднаков третман на економските оператори во сите фази од постапката за јавна набавка и во однос на сите елементи од понудата, земајќи го предвид заемното признавање и сразмерност на барањата во врска со предметот на набавка. Договорниот орган мора да обезбеди еднаков третман на сите понудувачи во преговорите и информациите не смее да ги обезбеди на дискриминаторски начин, поради што некои учесници би имале предност во однос на другите. Со оглед на тоа дека тендерската документација има клучна улога во постапката за јавна набавка, таа мора да ги содржи сите информации неопходни за конкретниот предмет на набавка, со цел економскиот оператор да може квалитетно и навремено да ја изготви и да ја поднесе својата понуда.

Законот за јавни набавки не предвидува дека, во услови на постапка со преговарање без објавување оглас, во согласност со точка г) од член 55 став 1, доколку директно се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето, може да се даде 100 % аванс, и тоа без каква било банкарска гаранција.

Напротив, Законот за јавни набавки ја ограничува висината на авансното плаќање. Според член 103 став 2 од ЗЈН за договорните органи од класичниот јавен сектор, на кој му припаѓа Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, авансот не може да биде поголем од 20 % од вредноста на договорот. Воедно, според член 103 став 3, договорниот орган пред исплата на авансот задолжително обезбедува банкарска гаранција од носителот на набавката во висина на договорениот аванс. Склучениот договор на Министерството не ја предвидува банкарската гаранција.

Јавниот интерес налага сите јавни набавки, без оглед на нивната итност и чувствителност, да бидат предмет на отчетност и контрола, особено кога станува збор за трошење значителни буџетски средства“, се додава во реакцијата Центар за граѓански комуникации.

Најново

Македонија5 минути

Променливо облачно време, попладне локален дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе...

Регион28 минути

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија39 минути

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава45 минути

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава60 минути

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет1 час

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...

Свет1 час

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка...

Македонија1 час

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Без струја денеска ќе останат делови од општините Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба. „Од ЕВН Македонија АД известени...

Македонија2 часа

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку...