Контакт

Македонија

Регионален семинар за мигрантската криза

Објавено пред

Регионален оперативен семинар за управување со миграционите движења и борба против криминалните мрежи што ја поттикнуваат илегалната имиграција во Југоисточна Европа, ќе се одржи во среда во Скопје.

 

 

Македонски експерти и експерти од соседните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора и Србија, ќе ја истакнат во текот на следните два дена потребата за зацврстување на соработката на хуманитарен и безбедносен план.

 

Овој семинар треба да овозможи запознавање преку размена на информации и потврдени практични постапки на експертите за истрага коишто се специјализирани во областа на борбата против организираните мрежи на шверц и нелегална имиграција, како и за истражните техники и откривањето на фалсификувани патни документи и за споделување на собраните податоци и размена на конкретни оперативни искуства. /крај/со/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Објавено пред

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција кој треба да се одржи по 11 денови, односно на 30 септември.

Пред девет уставни судии утрово ќе се најдат поднесените иницијативи на партијата „Левица“ и на Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефередум и времено да бидат стопирани активноситите поврзани со референдумот.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата, или пак, да прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преисптување на уставноста на одлуката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Објавено пред

Од

Нов предмет, Пазар на хартии од вредност, ќе се воведе во меѓународната гимназија „Нова“ во Скопје, наменет за проширување на знаењата на средношколците во оваа сфера. Образовната институција и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денеска потпишаа меморандум за соработка кој ќе резултира со дополнителна едукација на средношколците која ќе ја водат стручни лица од комисијата. Во план е соработката во иднина да се прошири и на други полиња, но првиот чекор ќе биде едукацијата на гимназијалците за хартиите од вредност.
„Нова“ досега има потпишано меморандуми за соработка со Амбасадата на Италија, со Асоцијацијата на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ и со универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
,,Стана наша практика учебната година да ја почнеме со потпишување меморандум за соработка со реномирана институција во земјава. Планираме да продолжиме со тоа темпо и понатаму, а нашата главна заложба е да им понудиме на учениците разновидност, проширување на видиците и едукација која ќе ги направи поподготвени за предизвиците што им следуваат во животот. Чест и задоволство е што денес потпишуваме меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност и се надеваме дека покрај воведувањето на овој предмет, нашата колаборација ќе продолжи да се шири и развива и во иднина”,  истакнуваат од меѓународното училиште „Нова“.
Целта на секоја соработка е да се збогати образованието и училишниот живот на основците и средношколците во „Нова“.
Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Центар, Кисела Вода, Аеродром и Сарај

Објавено пред

Од

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 9 до 15 часот корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци (општина Студеничани), корисниците во село Орман, бетонска база „Гранит сепарација“ и „Магента“ (општина Ѓорче Петров), дел од корисниците од улицата Бел Камен (општина Центар);
во периодот од 8:30 до 12:30 часот корисниците од улицата Антон Димитров од број 44 до број 60 (општина Кисела Вода);
во периодот од 12:30 до 14:30 часот дел од корисниците од улицата Славејко Арсов (општина Центар),
во периодот од 10 до 12 часот дел од корисниците од улицата Козара, објектите од број 1 до број 26 општина Центар);
во периодот од 8:30 до 11 часот дел од корисниците од улиците Анастас Митрев и Венјамин Мачуковски (општина Аеродром):
во периодот од 7:30 до 9:30 часот дел од корисниците од Дрвце Сарај, Клучка Матка, бензиска пумпа „Сар“, пумпа и млекарница „Кривина“, фирми „Антикор“, Адеми Иљаз и Исљам Абази (општина Сарај):
во периодот од 9:30 до 11:30 часот корисниците од улицата Христо Татарчев – подулица 14 (општина Кисела Вода).

Прикажи повеќе...

Најново

Daily news6 минути

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција кој треба да се одржи...

Македонија18 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура19 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ20 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија21 час

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија22 часа

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет22 часа

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија23 часа

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет23 часа

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа1 ден

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет1 ден

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет1 ден

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион2 дена

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Свет2 дена

(Видео) Тајфунот од Филипините се пресели во Кина – евакуирани над два милиони луѓе

Над два милиона луѓе се евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут. Претходно овој тајфун со...

Вести3 дена

Свештеници во Германија злоставувале 3 677 деца

Главниот германски надбискуп рече дека е шокиран од извештајот за сексуално злоставување во Германија во кој се наведува дека околу...

Досие