Македонија
Регионален семинар за мигрантската криза

Регионален оперативен семинар за управување со миграционите движења и борба против криминалните мрежи што ја поттикнуваат илегалната имиграција во Југоисточна Европа, ќе се одржи во среда во Скопје.
Македонски експерти и експерти од соседните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора и Србија, ќе ја истакнат во текот на следните два дена потребата за зацврстување на соработката на хуманитарен и безбедносен план.
Овој семинар треба да овозможи запознавање преку размена на информации и потврдени практични постапки на експертите за истрага коишто се специјализирани во областа на борбата против организираните мрежи на шверц и нелегална имиграција, како и за истражните техники и откривањето на фалсификувани патни документи и за споделување на собраните податоци и размена на конкретни оперативни искуства. /крај/со/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Крвав четврток
Ќосето: Бевме принудени да одиме на протести, се до 27 април мислев дека тоа е во ред

,,На 27 бев на работа во Велес, вработен бев во ЈП Водовод како инкасант. Ние вработените од администрацијата две години наназад учествувавме на протести кои беа задолжителни. Ако те нема два пати те прашуваат зошто не си отишол. Протести контрапротести,ГДОМ, движења, проектот „За заедничка Македонија“, одев во Велес, во Прилеп па дури и во Долнени. Додека траеше „За заедничка Македонија“ одевме и во Скопје. Тоа го правев исклучиво со чиста мисла и намера, од патриотски причини. Тогаш сметав дека така треба. Се до 27 април”, рече обвинетиот Горанчо Ангеловски Ќосето на денешните завршни зборови за „крвавиот четврток“.
Ангеловски е обвинет дека ги мобилизирал членовите на велешкото патриотско здружение Ќосето со цел да направат упад во Собранието. Тој вели дека ваквите обвиненија не се нималку точно и дека од Велес пристигнал во Скопје со само еден пријател, а тоа амнестираниот Илија Славевски.
,,Дојдов во Скопје со Славевски, не сум се јавувал на некој, не сум се договарал, ниту пак сум имал намера да организирам нешто лошо. Единствени од здружението бевме јас и Илија. Од 73 луѓе обвинети за 27 април останав само јас единствен од Велес. Не знам како сум го мобилизирал здружението, обвинителството не даде ниту еден доказ за тоа”, рече Ќосето.
Ангеловски истакна дека полицијата во Собранието доколку сакала можела да ја спречи толпата да продолжи кон прес центарот каде беа пратениците. Тој вели дека не знаел каде се движи бидејќи не го познавал Собранието, се движел по толпата.
,,Доколку не те пропушти полицијата не можеше да се качиш на скалите. Народот многу лесно се качи нагоре. Во тој момент не знаев каде одам, одев по толпата. Имав маска, ја вадев, ја ставав. Тој ходник водел кон прес-салата, не знаев. Стигнав до пред прес-салата каде стоев 15 минути. Обвинителството ме товари дека сум влегол во прес-салата и дека сум мавал по пратениците. Тоа е лага, јас воопшто не влегов во прес салата,тој ден апсолутно не повредив никого. Ако се докаже дека некој сум повредил барам да бидам најстрого казнет”, рече Ангеловски.
Тој вели дека се кае и искрено жали за она што се случило на 27 април, а последиците од настанот се уште ги чувствува.
,,Многу ми е жал за настаните од 27 април. Не само што настрадаа пратеници, туку и ние кои сме фамилирани луѓе. Последиците од настанот ги чувствуваме сите. Морам да нагласам дека во никој случај не сум терорист. Јас сум обичен човек, татко на три деца. Со мојата сопруга не избркаа од работа. Заглавени сме со кредити и ги трпиме последиците. Со ова не сакам да се правдам, само ја кажувам вистината и последиците од 27 април”, рече Ангеловски.
Крвав четврток
Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во случајот. Во протестите ме нервираше една работа, а тоа е – оние што најмногу повикуваа на протести, ниту еднаш не излегоа. Ние ги избиравме за да нè водат, а не да се кријат зад нас. Но, по сè изгледа, не беше така, рече обвинетиот Игор Југ во своите завршни зборови на денешното рочиште за крвавиот четврток.
„За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор, а оние што ги отворија вратите добија амнестија за да не кажат кој им рече да го сторат тоа. Покрај отворачите на портите, во амнестијата се протнаа и ликовите од Готам сити, предводниците на револуцијата, која дебело ја наплатија“, рече Југ.
Според Југ, неговиот физички изглед бил пресуден да се најде помеѓу обвинетите, ќелав, тетовиран, висок и со над 100 килограми, а дополнителен фактор била маицата ХОС, која ја носел.
Тој рече дека во Собранието не сторил никакво кривично дело, но со изгледот и гардеробата направил бум.
Југ потенцира дека немал задача да го убие премиерот Зоран Заев, а доколку сакал да го стори тоа, можел да го направи без проблем.
„Ако сум имал задача да го убијам Заев, зошто не сум го сторил тоа. Да сакав, таму можев кого било да задавам со рацете, не ми требаше оружје. Јас не се ни обидов да му пријдам на Заев. Ако бев атентатор, ќе носев маска и долги ракави за да си ги прикријам тетоважите. Кој би најмил ветеринар да го убие премиерот. Тоа го прават професионалци. Кој калибар сум јас за да ми дадат задача да го убијам премиерот. Имам шеќер од кој ми е расипан видот. За ладнокрвно убиство треба способен човек и професионалец“, рече Југ.
Судењето за 27 април продолжува со завршните зборови на обвинетите. На денешното рочиште завршен збор дадоа разузнавачот Мунир Пепиќ, Јане Ченто, Игор Дурловски, Горанчо Анѓеловски-Ќосето и Игор Југ.
Останува свој завршен збор да дадат обвинетите Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митровски-Кољо и Александар Василевски. По завршување на завршните зборови, следува пресуда за крвавиот четврток.
Македонија
Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската културна сцена беа одбиени, а на сметка на тоа пари за проекти добија анонимни лица и новоотворени фирми, премиерот Зоран Заев и министерот за култура, Асаф Адеми, одржаа средба, откако претходно излегоа со различни ставови. Заев тврдеше дека целиот конкурс ќе биде поништен, додека Адеми рече дека ќе се приспитуваат само одбиените пријави.
Според соопштението што беше испратено од Министерството за култура, очигледно ставот на Адеми бил поцврст.
„На средбата беше усогласен ставот комисиите по дејности да ги преиспитаат одбиените пријави и, во согласност со Законот за општата управна постапка, на субјектите кои доставиле пријави да им се даде можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите кои имале формални недостатоци. Дополнително појаснување на доставената пријава може да се побара само за проектите за кои стручната комисија оценила дека се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Северна Македонија и кои имаат предуслови да бидат избрани за проекти од национален интерес во културата за 2019 година“, стои во соопштението.
Ова значи дека конкурсот нема да биде поништен, односно нема да бидат ревидирани проектите кои се веќе одобрени.
„Министерот Адеми ги поканува сите апликанти кои имаа забелешки на состаноци во Mинистерството со цел да се дефинираат чекори со кои во иднина би се избегнале недоразбирања или недостатоци при јавните конкурси. Исто така, министерот останува отворен за укажувањата и потребите на националните установи со чии раководители е во постојан контакт и за кои, според Законот за културата, се можни промени во финансирањето во текот на целата година“, се вели во соопштението.
Според Министерството, со новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата ќе се унапредат начините на поддршка на проектите во културата, за што и Министерството и сите чинители во оваа сфера се согласни дека актуелната норматива не ги задоволува потребите на современото време.
„Со донесување на новиот закон, чиј предлог-текст е сè уште отворен за сугестии од сите засегнати страни, уверуваме дека ресорот култура во иднина ќе ги добие потребните системски решенија за кои се залага голем дел од јавноста во културата“, велат од Министерството.
Резултатите од скандалозниот конкурс беа објавени пред десетина дена. Скопскиот џез-фестивал и фестивалот „Оффест“ беа отфрлени на конкурсот, исто како и сите предложени проекти на „Авалон продукција“. Реакциите од јавноста беа жестоки, оставка од Советот за култура даде театарскиот режисер Зоја Бузалковска, а актерот Оливер Митковски, еден од членовите на комисиите, даде издвоено мислење во кое го критикува изборот.
„Макфакс“ веќе објави дека на шест пријавени фирми на скандалозниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2019 година, во делот за музичко-сценска дејност една како по правило е од Тетово, а некои од фирмите биле формирани непосредно пред објавувањето на конкурсот.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал