Контакт

Македонија

Регионален семинар за мигрантската криза

Објавено пред

Регионален оперативен семинар за управување со миграционите движења и борба против криминалните мрежи што ја поттикнуваат илегалната имиграција во Југоисточна Европа, ќе се одржи во среда во Скопје.

 

 

Македонски експерти и експерти од соседните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора и Србија, ќе ја истакнат во текот на следните два дена потребата за зацврстување на соработката на хуманитарен и безбедносен план.

 

Овој семинар треба да овозможи запознавање преку размена на информации и потврдени практични постапки на експертите за истрага коишто се специјализирани во областа на борбата против организираните мрежи на шверц и нелегална имиграција, како и за истражните техники и откривањето на фалсификувани патни документи и за споделување на собраните податоци и размена на конкретни оперативни искуства. /крај/со/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра

Објавено пред

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното сведочење за случајот ,,Шпион” рече дека обвинетиот Миќо Наскоски заедно со неговиот аналитичар Зоран Витанов му доставиле список дека за операцијата на берзата за преземање на АД Бетон Јорданов на Наскоски му должи 30 милиони евра и покрај тоа што претходно за преземањето на Бетон, како што кажа Јорданов, на Наскоски му дал 150 илјади евра, дел на сметка, а дел на рака во кеш.

,,Наскоски извади листа со проекти за кои кажа дека тој дал личен придонес за моја заработка преку нив па на тој основ ми побара 30 милиони евра. Јас тие проекти тогаш прв пат ги видов”, рече Јорданов.

Откако Јорданов дознал дека Наскоски е измамник го избркал од АД Бетон. Но, кратко по тоа, според сведочењето на Јорданов, на неговиот мејл почнале да пристигнуваат содржини од новинарот Зоран Божиновски на кои пишувало дека доколку на Настески не му бидат исплатени парите кои ги бара, на порталот Буревесник ќе излезат написи против него.

Обвинетите на претходните рочишта се изјаснија дека не се виновни и дека целиот процес е монтиран. На наредното рочиште за овој случај кое ќе се одржи на 29 октомври како сведоци ќе бидат повикани Зоран Витанов и Блажо Јованов.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Објавено пред

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број 11 синоќа беше евакуиран првиот влез од зградата на булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“. Станарите шест часа не можеа да се вратат дома.

Деведесетгодишната жена живеела со 65-годишна ќерка, која е подвижна и не користи пелени за вршење нужда. Тим од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје и денес е во станот со пелени за да се утврди дали и каква помош им треба на станарите.

„Тимот уште синоќа утврди дека деведесетгодишната жена која користела пелени починала во јануари. Сега работиме на тоа да утврдиме зошто пелените толку време останале во станот во кој деведесетгодишната жена живела со 65 – годишна ќерка. Се работи за материјално и станбено обезбедена жена, односно корисник е на пензија и има стан, не е загрозена категорија, а и самата има ќерка, која, пак, има обврска да се грижи за неа. Сега кај неа е нов тим од центарот за социјална работа кој ќе разговара и со 65-годишната жена, а на незината ќерка, пак, ќе ѝ објасни дека има обврска да се грижи за мајката“, изјави за „Макфакс“ Наташа Станојевиќ, директорка на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје.

Директорката Станојевиќ најави дека Центарот ќе продолжи да го следи случајот и ќе интервенира доколку утврди несоодветна грижа за 65-годишната жена.

Од Министерството за труд велат дека согласно со Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот​.

Вчера околу 18 часот станари од „Скопјанка“ се пожалиле на остар мирис од кој ги печеле очите. На терен излезе противпожарната бригада на Скопје, полиција и армијата кои со гас-макси ги евакуираа станарите, а по шест часа открија дека остриот мирис се шири од станот број 11 во првиот влез. По дезинфекција на станот на станарите по полноќ им беше дозволено да се вратат дома, а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека ќе се направи дезинфекција на целата зградата.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Објавено пред

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите Фејсбук профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу кои Влатко Ѓорчев, Ане Лашкоска, Лилјана Затуроска, Павлина Честојнова, Зоран Илиоски, Дафина Стојановска, Димитар Стевананџија, Лилјана Кузмановска, Трајче Димков, Никола Мицевски и Васил Пишев, повикувајќи се на поддршка од граѓаните, напишаа дека немаат намера да поддржат промена на името на државата.

„Нема да гласам за уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија. Македонија е мојот идеал и вечна љубов. Тоа е емоција и кауза што не поминува. Јасен е ставот на народот, гласачите и членството против најавените измени за промена на уставното име на Република Македонија. И народот, и гласачите, и членството. Очигледни се притисоците и недемократските постапки на власта на СДСМ во кампањата за референдумот, кои секојдневно се се засилуваат, особено во локалните средини. Сето тоа дополнително го компромитира и проблематизира резултатот и демократскиот карактер на престојниот референдум. Секако дека Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија тоа одамна го заслужува, а ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија во независна Македонија која ги промовираше евро-атлантските интеграции. Членството на Македонија во НАТО и ЕУ, заедно со стратешкото партнерство со САД, остануваат приоритет на нашата надворешна политика“, напиша Ѓорчев.

„Јас Ане Лашкоска, како кандидат за пратеник на ВМРО–ДПМНЕ ја побарав Вашата поддршка на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016 година. И тогаш, а и денес гласно кажувам , не се согласувам и нема да поддржам промена на Уставот на државата со цел промена на Уставното име на Република Македонија. Нема да бидам пратеник, но пред сѐ човек, граѓанин на Македонија, кој ќе се согласи да се избрише минатото на државата, да се избрише делото на нашите предци и да придонесам во создавање на идина на младите генерации без минато. Ни поставуваат прашање кое не заслужува одговор! Татковината ни е света! Ја носам во срцето! Вечна да ни е Македонија!“, напиша Лашкоска.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев вели дека нема информација дека станува збор за организирана акција, а официјално ниту од партијата не откриваат на што се должи ваквата реакција на дел од пратениците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија8 минути

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите Фејсбук профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците,...

Македонија2 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија2 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија2 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија2 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет4 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија13 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија16 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија17 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија19 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија19 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток23 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ24 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија24 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 ден

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 ден

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Досие