Македонија
Регионален семинар за мигрантската криза

Регионален оперативен семинар за управување со миграционите движења и борба против криминалните мрежи што ја поттикнуваат илегалната имиграција во Југоисточна Европа, ќе се одржи во среда во Скопје.
Македонски експерти и експерти од соседните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора и Србија, ќе ја истакнат во текот на следните два дена потребата за зацврстување на соработката на хуманитарен и безбедносен план.
Овој семинар треба да овозможи запознавање преку размена на информации и потврдени практични постапки на експертите за истрага коишто се специјализирани во областа на борбата против организираните мрежи на шверц и нелегална имиграција, како и за истражните техники и откривањето на фалсификувани патни документи и за споделување на собраните податоци и размена на конкретни оперативни искуства. /крај/со/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Крвав четврток
Адвокатот Миланов најави жалба за притворот на Јанакиески

По одлуката на Основниот суд Скопје 1 Скопје со која беше одредена 30-дневна мерка притвор за ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, адвокатот Еленко Миланов изјави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука на Кривичниот суд.
Јанакиевски и Ристовски, заедно со Никола Груевски и Никола Бошкоски се осомничени за огранизирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.
Вечерва во судот беше повикан и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е исто така осомничен за организирање на упадот, но тој се повика на пратеничкиот имунитет по што го напушти судот. „Макфакс“ дознава дека за него најверојатно утре ќе биде доставено решение до Собранието за да му се одземе пратеничкиот имунитет.
Неофицијално притвор се бара и за Никола Груевски, и ќе биде проширено барањето за екстрадиција и за овој предмет. За случајот осомничен е и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој беше притворен по сведоштвата што во судот ги даде обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.
Меѓудругото истражната постапка се води и по исказот на обвинетиот Александар Василвски-Нинџа кој ги посочи Јанакиески и Ристовски, дека на 27 април биле во зградата на ВМРО-ДПМНЕ и го контролирале упадот во Собранието.
Крвав четврток
Притвор за Јанакиески и Ристовски, за Груевски нова екстрадиција

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, осомничени за организирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Неофицијално, притвор е побаран и за Никола Груевски за кој ќе биде проширено барањето за екстрадиција и за овој предмет.
Вечерва на распит беше и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е исто така осомничен за организирање на упадот, но тој се повика на пратеничкиот имунитет по што го напушти судот. Неофицијално, за него најверојатно утре ќе биде доставено решение до Собранието за да му се одземе имунитетот.
Меѓу осомничените за случајот се и Никола Бошкоски и поранешниот премиер Никола Груевски кои се наоѓаат во бегство. Бошкоски во моментов е во Грција, а експремиерот доби азил во Унгарија.
За настаните од 27 април во притвор веќе неколку месеци се наоѓа поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тој беше притворен по сведоштвата што во судот ги даде обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.
Македонија
(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“

По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција одржа лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.
Тој во обраќањето порача дека од владејачкиот СДСМ се свесни дека народот веќе не ги поддржува, па поради тоа, подмнолно внесуваат страв во општеството со, како што кажа, нова тура политички прогон.
„Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасен. Апси врз основа на изјави од сомнителни лица со години по настанот за кој ги обвинуваат“, рече Мицкоски во врска со денешните приведувања за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
Како што рече Мицкоски, од власта знаат дека паѓаат и затоа сакат да ги исплашат граѓаните.
„Сакаат да се зборува за апсења и прогони за да не излезат на виделина суштинските работи и проблеми“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Апси, можеш да нарачуваш убиства, но едно да знаеш, нема да ти се исплашиме“, рече Мицкоски во порака до премиерот Заев порачувајќи: „Готов си и за тебе крајот ќе биде жесток“.
Мицкоски на прес-конференцијата истакна дека една од најважните работи за неговата патија во наредниот период е да му нанесе пораз на СДСМ на претседателските избори.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал