Контакт

Македонија

Регионален семинар за мигрантската криза

Објавено пред

Регионален оперативен семинар за управување со миграционите движења и борба против криминалните мрежи што ја поттикнуваат илегалната имиграција во Југоисточна Европа, ќе се одржи во среда во Скопје.

 

 

Македонски експерти и експерти од соседните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора и Србија, ќе ја истакнат во текот на следните два дена потребата за зацврстување на соработката на хуманитарен и безбедносен план.

 

Овој семинар треба да овозможи запознавање преку размена на информации и потврдени практични постапки на експертите за истрага коишто се специјализирани во областа на борбата против организираните мрежи на шверц и нелегална имиграција, како и за истражните техники и откривањето на фалсификувани патни документи и за споделување на собраните податоци и размена на конкретни оперативни искуства. /крај/со/ст

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел врз одлуката

Објавено пред

Димитар Апасиев, Тодор Петров

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница вели Димитар Апасиев , еден од подносителите на инцијативата за оценување на уставноста, која денеска беше отфрлена од Уставниот суд. Вaквата одлука за него е срамна и ја погазува правната држава.

– Срамен ден за владеење на правото, ова е политичка одлука на судиите. Да се испита можното сценарито кое е ден од судиите го кажа, дека судии биле повикани ан разговори, да видиме кој ги повикал и им влијаел ? Ние остануваме на ставот за бојкот, рече Апасиев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Петров: Одлуката на Уставниот суд ќе го зацврсти ставот за бојкотирање

Објавено пред

Одлуката на Уставниот суд за нас не е прифатлива, вели Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, откако со 7 гласа „за“ и два „против“ судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот. Според Петров, очигледен бил притисокот што се вршел врз судиите.

„Судиите во расправата беа контрадикторни. Тие отфрлија расправа за договорот со Грција, но заклучија дека со референдумското прашање не се гласа за ЕУ и НАТО, туку за договорот за Грција. Истовремено, се суспендра референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот во апсолутно мнозинство гласаше за самостојна Македонија без додавки и придавки. Судот, за жал, сметаше дека ЕУ не е ниту сојуз за кој треба да се распише референдум“, рече Петров.

Одлуката на судот ќе ја зацврсти одлуката на народот, кој ќе бојкотира на 30 септември, оценува Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Потребниот цензус за референдумот ќе биде постигнат, рече Груби на средбата со француската пратеничка Танги

Објавено пред

Од

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, денеска оствари средба со Лилијана Танги, пратеник во француското собрание и заменик-претседател на Комисијата за европски прашања.

Како што информираат од прес-службата, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, со посебен осврт на претстојниот референдум на 30 месецов.

Груби информирал дека кампањата за успешен референдум е во тек и дека состојбата на теренот досега е задоволителна, односно постои позитивно расположение кај гласачите во земјата да се изјаснат за поддршка на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.

Во тој контекст, претседателот истакнал дека референдумот ќе успее и дека владејачкото мнозинство засилено работи на постигнување на потребниот цензус на излезност на гласачите.

Пратеничката Танги ја потврдила континуираната поддршка на Франција за евро-атланското зачленување на Македонија, при што ја истакнала француската поддршка за успешен референдум, потенцирајќи го значењето на референдумот за иднината на земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија4 минути

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел врз одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница вели Димитар Апасиев , еден од подносителите на...

Македонија5 минути

(Видео) Петров: Одлуката на Уставниот суд ќе го зацврсти ставот за бојкотирање

Одлуката на Уставниот суд за нас не е прифатлива, вели Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес, откако со 7 гласа...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток42 минути

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија59 минути

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 час

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток1 час

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести3 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија4 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија4 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Досие