Контакт

Регион

(Видео) Вучиќ: „Белград е како Казабланка во последните недели“

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на церемонијата по повод 20-годишнината од формирањето на Безбедносно-информативната агенција.

dobivaj vesti na viber

„Не можеме да се потпреме само на војската за да ги постигнеме целите за национална безбедност. Денес ми се чини дека живееме во време во кое активноста на нашата служба е најважна, особено според надворешниот фактор. Белград беше како Казабланка последниве недели. Кога имаме гости од Русија, ги откриваме оние од западните служби што ги следат. Кога имаме гости од Запад, тогаш има и други што ги следат внимателно. Ова само покажува колку сите се заинтересирани не само едни за други, туку за ова парче земја, кое би сакале да го зачуваме за себе“, вели Вучиќ, пренесува „Танјуг“.

„Ако вие мислите дека би било доволно Србија да каже, утре воведуваме санкции против Русија? Тоа не би било доволно, по неколку дена – би рекле или сте за иднината или сакате да бидете на вистинската страна, на историјата. А таа вистинска страна на историјата нема голема врска со аргументи, туку да сте на нивна страна. Таа вистинска страна ви кажува – откажете се од Косово бидејќи само така ќе добиете мал подарок. Ако ви текне да одбиете, тогаш вие сте во неволја. Денес, никој не ми се заканува поради функцијата претседател на Србија, но отворено ни се закануваат на целата наша држава и нејзиниот опстанок. Проблемот се визите? Не е проблем, ќе се договориме. Проблемот на Бурунди, Индија? Не е проблем. Ајде да воведеме санкции бидејќи им пречи што постои земја што отскокнува и сака да го заштити правото на свое мислење“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија не нападнала ниту една земја, туку била сурово казнета.

„Во иднина нè очекуваат тешки избори и многу проблеми. Насекаде има само интереси и многумина од Истокот ќе сакаат да нè видат подлабоко вовлечени во проблемот. Ќе останат многу малку од нас со став дека имаат само една земја и кои лицемерно не одат меѓу народот“, додава тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Објавено пред

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.

dobivaj vesti na viber

Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.

Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.

Роден е на 1 ноември 1952 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Маж од Албнија вооружен со мачета се заканувал на полицајци во западна Германија, извикувал „Алах акбар“

Објавено пред

Маж од Албанија вооружен со мачета бил совладан и уапсен откако рано утринава се заканил дека ќе убие полицајци во полициска станица во западна Германија, соопшти обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Инспекторите рекоа дека веруваат дека тој имал исламистички, екстремистички мотив, пренесе АП.

Албанскиот државјанин (29) околу 02.40 часот пристигнал во полициската станица во гратчето Линц на Рајна, меѓу Кобленц и Бон.

Обвинителите рекоа дека тој извикувал „Алаху акбар“ – „Господ е голем“ на арапски – и рекол дека сакал да ги убие полицајците.

Дежурните полицајци ја заклучиле вратата од полициската станица и влезот во внатрешниот двор.

Осомничениот се обидел, но не успеал да ги натера да го отворат влезот, се вели во соопштението на обвинителот.

На местото на настанот биле повикани специјалци кои го совладале со пиштол за шокирање.

Инцидентотследи по нападот со нож на 23 август во западниот град Солинген, во кој осомничен екстремист од Сирија беше обвинет за убиство на три лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Сопругата на Бора Чорба се прости од рокерот со трогателни зборови: „Твоето срце ќе чука со нас засекогаш“

Објавено пред

Легендата на рокот, Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72 години, на 4 септември, а последен поздрав преку некролог во весник денеска му испратија сопругата Дубравка и другите членови на семејството.

dobivaj vesti na viber

Во Чачак, денеска, 6 септември, беше прогласен ден на жалост, а во Центарот за култура беше отворена книга на жалоста.

„Погребот ќе се изврши в сабота, 7.9.2024 година, во 14.30 часот, на градските гробишта во Чачак. Црковниот обред е во 14 часот. Сочувство ќе се прима од 13 часот. Драг наш, твоето срце ќе чука засекогаш со нас. Твоите песни засекогаш ќе бидат дел од нас… Ни подари грст спомени преку кои ќе те паметиме“, пишува во последниот поздрав на сопругата на Бора и семејството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)

Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј...

Регион4 часа

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и...

Топ4 часа

Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на...

Македонија6 часа

Гужва на „Богородица“ продолжениот викенд направи долги колони за влез во Грција

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите...

Топ7 часа

Возач со автомобил удри и тешко повреди 73-годишна жена во Скопје

Во СВР Скопје вчера во 12:25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ во Скопје...

Свет8 часа

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната...

Македонија9 часа

Со полн камион огревно дрво е фатен вработен во Шумската полиција

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е...

Македонија9 часа

Вкупно 19 пожари на отворено за 24 часа, гори уште на седум места

Во текот на изминатиот ден имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се седум, под контрола се...

Македонија10 часа

Влада: Го решивме проблемот со застојот на издавање на пасоши и лични документи

Владата соопшти дека преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот на издавање на пасоши и други лични...

Свет11 часа

Оружје и опрема вредни 250 милиони долари ќе добие Украина од САД

САД најавија обезбедување на нов пакет итна помош во опрема и оружје за Украина вреден од 250 милиони долари. Помошта...

Македонија23 часа

Муцунски во Будимпешта се заблагодари за заемот и големата помош за справувањето со пожарите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на својот колега Петер Сијарто, денес престојуваше во работна...

Македонија1 ден

Дваесет и пет нови случаи на голема кашлица, петмина хоспитализирани

Во периодот од 30.8 до 5.9.2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, за 47,1 % повеќе во...

Македонија1 ден

(Видео) „Браќата на Филипче и Заев преку брза шема стануваат сопственици на ‘Фос имерас’ – соларна електрана“, вели Митева

„Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија. Покрај тоа што Венко Филипче...

Македонија1 ден

ИЈЗ потврди морбили кај 12-годишно дете: се работи за увезен случај од Србија

Институтот за јавно здравје потврди нов, втор случај годинава, на морбили кај дванаесетгодишно дете од Долно Коњари, општина Петровец. Детето...

Топ1 ден

Скопјанка и нејзиното бебе нападнати од куче скитник, пријавени уште два случаја на каснување

Во текот на вчерашниот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во градот. На 5.9.2024, во...

Топ1 ден

14-годишник со уште две деца го запалил Расадник во Кисела Вода

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, предвидено и...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде што завршуваат парите од семејните шеми

Започнуваме со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на Мицкоски во Бугарија и Македонија. Денес ќе дознае јавноста,...

Топ1 ден

Скопјанец се обидел да силува жена во Кисела Вода, ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил...

Македонија1 ден

Филипче мора да одговори зошто ја скрил фирмата во Петрич од анкетниот лист, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Адресата во Петрич, Бугарија која пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче сакал да ја сокрие, очигледно е местото од...

Македонија1 ден

Владата: Инвестиравме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Владата објави јавен повик на кои општините може да аплицираат за инфраструктурни капитални проекти. Ова е историски највисок инвестициски циклус...