Контакт

Региони

Противпожарната единица на Дебар лани интервенирала 88 пати

Објавено пред

Територијалната противпожарната единица на Дебар, која со своите активности ги покрива општините Дебар и центар Жупа, минатата година интервенирала 88 пати во гаснењето на пожари.

Според командирот на единицата Џетан Мифтаровски, од наведените пожари 27 се на објекти, 53 на отворен простор, и осум се технички интервенции .

Тој додаде дека и оваа бројка на пожари и интервенции е помала за 20 отсто во споредба со лани. Инаку во Извештајот на противпожарната единица во Дебар се вели дека вкупната штета направена од пожари изнесува 5,4 милиони денари, што исто така е помала за над 25 отсто во споредба со 2016 година. /крај/мн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Гостивар в понеделник ќе остане без вода

Објавено пред

Од

Гостиварци в понеделник ќе останат без вода. Од Општината наведуваат дека поради изведување на работи кај пречистителната станица, водоснабдувањето во Гoстивар ќе биде во прекин.

„Поради изведување на работи кај пречистелната станица во село Вруток, градот и во селата што се снабдуваат со вода од градскиот водовод, водоснабдувањето ќе биде во прекин“, соопшти Општината.

Од таму наведуваат дека бараат разбирање од граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Моторџиите од регионот на средба во Крушево

Објавено пред

Од

Во Крушево се одржа третата ИПА мото средба на која присуствуваа 90-тина моторџии – членови на Меѓународната полициска асоцијација од Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Хрватска.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски присуствуваше на пречекот на моторџиите и им посака добар престој тука, а гостите беа почестени со традиционалниот локум.

„Ова е промоција за Крушево и ги поканувам членовите на Меѓународната полициска асоцијација повторно да го посетат нашето Крушево“, порача градоначалникот Христоски.

Моторџиите го посетија Музејот на НОБ, гробот на Тоше Проески и спомен куќата „Тодор Проески“. На крајот, општина Крушево доби благодарница како учесник во организацијата на овој настан.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од Воска до хотелот „Десарет“ – чистење на охридското крајбрежје во пресрет на сезоната

Објавено пред

Од

Потегот од населбата Воска до хотелот „Десарет“ ќе биде поделен на 8 реони во рамките на големата екоакција „Мој Охрид, чист Охрид“ за чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона.

„На овој начин групите што ќе ги чистат плажите ќе може поефективно да го исчистат својот реон и подоцна полесно ќе може да се собере ѓубрето од страна на одговорните лица. Првиот реон е комплетно чистење на плажата кај Воска, следен реон е стариот град, потоа потегот од мостот до плажата ‘Голден бич’, потоа до ‘Славија’, зона 5 е од ‘Славија’ до хотелот ‘Гранит’, потоа до хотелот ‘Метропол’, зона 7 е од хотелот ‘Метропол’ до плажата ‘Атлантис’ и последниот реон е до Пештани и хотелот ‘Десарет’. За сите учесници се обезбедени вреќи, вода и ракавици, а посебни екипи на охридскиот Црвен крст со медицински ранци ќе бидат при рака при евентуални поситни повреди. Исто така, обезбеден е превоз до подалечните плажи“, информираат организаторите.

Акцијата, која ќе се одржи в сабота, 9 јуни, е иницирана од „Супер радио“, со поддршка на локалната самоуправа, бизнис-секторот, охридските медиуми, еколошките и спортските друштва од Охрид.

Основната идеја е да се анимираат граѓаните на Охрид, посебно учениците од сите основни и средни училишта во градот, за чистење на централниот дел од градот. Особен акцент ќе им се даде на плажите, каде што е најголемата фреквенција на туристи во пресрет на главната туристичка сезона.  Во акцијата активно ќе се вклучат и нуркачите од клубот за подводни активности „Охрид“, кои ќе го чистат дното на Охридското Езеро на потегот пред селото Пештани.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија48 минути

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија2 часа

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија4 часа

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа6 часа

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести6 часа

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести7 часа

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија7 часа

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија7 часа

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија7 часа

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет24 часа

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ1 ден

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет1 ден

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија1 ден

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија1 ден

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија1 ден

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Досие