Контакт

Региони

Со германска донација опремени два кабинета во техничкото училиште во Битола

Објавено пред

Во соработка помеѓу средното техничко училиште од Битола, Општина Битола и Амбасадата на Сојузната Република Германија, денеска беше промовиран проектот „Опремување кабинет за практична настава по електроенергетика и кабинет по физика“ со наставни средства и опрема за наведените наставни предмети.

Со успешно подготвениот проект од училиштето, адаптацијата на соодветните услови од Општината и финансиската поддршка од германската амбасада се создаваат комплетно нови услови што ќе бидат во функција на воспитно-образовен напредок и постигнување високи резултати на учениците.

„За добар воспитно-образовен процес, за вистински успешна настава, секако, најпотребното нешто, покрај наставен кадар што е добро обучен, се и нагледните средства, така се разбудува и интересот кај учениците, меѓутоа и можноста директно преку тие нагледни средства да ги гледаат појавите и процесите што треба да ги стекнат како теоретско знаење и тоа точно преку практично согледување на нештата. Токму затоа велам дека овој ден е значаен не само за техничкото училиште туку воопшто за воспитно-образовниот процес во нашата општина. Голема благодарност до германската амбасада што овозможи да ни ја донесе оваа донација во вредност од 5.500 евра, каде што Општината својот придонес го даде со над 230.000 денари во овозможување овие кабинети да изгледаат онака како што треба бидејќи станува збор за опрема што треба да биде сместена во добри услови. Она што останува, а верувам ќе биде искористено и од учениците и од наставниците, е да стекнат многу повеќе знаења, а ќе бидат искористени од учениците во нивното понатамошно школување на оние што ќе одлучат и понатаму да се образоваат, но и оние што ќе решат да одат на пазарот на трудот со своето средно образование да бидат многу пообучени, поуспешно опремени, за да се снаоѓаат и да имаат продуктивност и за себе, но и за општествената заедница“, изјави Петровска.

Заменик-амбасадорот на Германија нагласи дека стручното усовршување на учениците е од голема важност за економски напредок, што исто така е причина за нивната инвестиција во оваа област.

„Овде финансиски го поддржавме опремувањето два кабинета – по физика и електроенергетика – и тоа го сторивме од нашиот Фонд за мали грантови, од Амбасадата, пред сè, затоа што проектот беше многу добро подготвен и гледаме многу смисла во понатамошната стручна обука на учениците. Најголемата тајна на економската моќност и сила на Германија е токму стручното образование. Токму таа комбинација од универзитетско и стручно образование, кое исто така би сакале да се случува и во Македонија. Самото образование е еден многу осетлив сегмент во секоја држава и од таа причина сметаме дека е многу добро што даваме поддршка во оваа област“, изјави заменик-амбасадорот на Германија, Петар Шален.

Директорот на училиштето потсети на претходната состојба во училиштето изразувајќи големо задоволство што првпат, по дваесет години, во ова училиште има можност да види соодветни услови за практично усовршување на учениците.

„Денес, чест ми е да ги пуштиме во употреба овие два кабинета по физика и по практична настава по електроенергетика, искрена благодарност до Амбасадата на Сојузната Република Германија и Општина Битола, кои застанаа зад овој наш проект. Кабинетите ги подготвивме како доста опремени нагледни простори, каде што учениците ќе може да го најдат креативното во себе и да постигнат сè подобри резултати во наставата. Претходно немаше никаква опрема, немавме кабинет по физика, наследивме ужасна состојба во образованието, се трудиме да ги искористиме сите ресурси и соработка со Општината, приватни фирми, амбасади“, изјави директорот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Владимир Роме.

Координатор на проектот е Билјана Маринова, професор во училиштето. Придобивките од овој проект треба да се очекуваат и во наредните години заради запишување поголем број ученици во ова училиште. Во моментот околу 700 ученици се опфатени со кабинетска настава по физика, а кабинетската опрема е од најсовремен карактер и во целост ги задоволува барањата на наставните програми.

Региони

Прилепските советници ги усвоија развојните програми за следната година

Објавено пред

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа редовната 21. седница, на која советниците расправаа за прашања поврзани со работата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и легализација на бесправно изградени објекти.

На дневниот ред се најдоа извештајот за извршување на буџетот на Општина Прилеп за третиот квартал од тековната година, измената на распоредот на буџетските средства за 2018 година, како и плановите за развојните програми на Општината за следната 2019 година.

„Советот денеска донесе одлука за реализација на неколку капитални проекти за следната година, како што е комплетната реконструкција на булеварот Гоце Делчев и дел од улицата Прилепски бранители, за што ќе бидат одделени 40 милиони денари од буџетот на Општина Прилеп. Потоа, реконструкција на мостот на улица Трајко Николоски, кој се наоѓа во близина на магацините на некогашниот ‘Центропромет’, а со 35 милиони денари ќе се доврши реконструкцијата на градскиот стадион ‘Гоце Делчев’, кој од минатата власт го наследивме во сегашната состојба“, изјави Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Прилепските советници денеска дадоа зелено светло за доделување парична помош на земјоделците кои претрпеа штети на земјоделските култури, по невремето кое во јули оваа година го зафати регионот на Прилеп и околината.

„Донесовме одлука да ја издвоиме максималната законска сума која Општина Прилеп може да ја исплати, а која изнесува 3 отсто од вкупната штета, или 6 милиони денари. Исто така, Советот изврши траен отпис на побарувањата од правни лица и самостојни вршители на дејност по однос на комунална такса за фирма, односно назив на деловна просторија, комунална такса по основ на користење музика во јавните локали, комунална такса за огласи, објави и реклами и комунална такса за користење простор пред деловен однос, чија вкупна сума изнесува околу 100 милиони денари, или 1,7 милиони евра. Станува збор за побарувања од фирми кои се избришани од Централниот регистер, а кои претходната власт не успеала да ги наплати во периодот од 31.12.2006 до 31.12.2017 година. Отписот е направен на барање на Државниот завод за ревизија“, нагласи Талевски.

Не седницата беше изгласана и одлуката за одделување на 3,8 милиони денари за набавка на противпожарно возило за потребите на ТППЕ Прилеп, измената и дополнувањето на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп, а на барање на повеќемина граѓани, беше извршена легализација на нивните бесправно изградени објекти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Битола ќе бара да се санира мерната станица во центарот на градот

Објавено пред

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, на новинарско прашање ја коментираше актуелната состојба со неработењето на мерната станица 2 во центарот на Битола, при што информираше за преземените чекори по ова прашање.

„Одржувањето на мерната станица и нејзиното функционирање се во надлежност на Министерството за животна средина. Она што локалната самоуправа го направи е издаденото барање до инспекторот за животна средина во Општина Битола, да испрати допис до Министерството за животна средина за да се иницира практично акцелерирање на мерната станица“, посочи Петровска.

Во однос на ова прашање, на седницата на Советот на Општина Битола одржана на 24.10.2018 година беше донесена одлука со која се задолжува градоначалникот на општина Битола согласно со Законот за локална самоуправа и Статутот на Општината Битола, да преземе мерки за санација и враќање во функција на мерната станица Битола 2.

Претходно, Петровска се сретна и со претставници на организации од невладиниот сектор, кои работат на областа на животната средина. Дел од нив предложија конкретни мерки, кои понатаму треба да се земат предвид при изготвувањето на годишната програма за работа на општината на полето на унапредување на заштитата на животната средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Радовиш: По 40 години добивме ново погребно возило

Објавено пред

Презентација на новото погребно возило за потребите на општина Радовиш изврши директорот на тамошното комуналното претпријатие, Дејан Крстев, во присуство на радовишкиот градоначалник Герасим Конзулов и претседателот на општинскиот совет, Коле Чаракчиев.

Како што информираат од Општината, Крстев истакнал дека по 40 години радовишани добиваат ново погребно возило со кое, како што рекол, се решава долгогодишниот проблем на претпријатието со застареноста на возниот парк.

Покрај погребното возило, со цел обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, градоначалникот Герасим Конзулов извршил и примопредавање на нова градежна машина – универзален ровокопач-утоварувач, како и промоција на специјалното комунално возило за собирање и транспорт на смет – донација од рудникот „Бучим“.

Градоначалникот најави и ново специјално возило за чистење на улиците и тротоарите на градот со што, како што наведуваат од општината, продолжува инвестирањето во модернизацијата на опремата на јавното комунално претпријатие.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија12 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Македонија13 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија15 часа

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија16 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија16 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија16 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија18 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија18 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија19 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија19 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија19 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток20 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија21 час

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа22 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија23 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија23 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија1 ден

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија2 дена

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Досие