Контакт

Региони

ТВ Стар: Директорот на „Ирис“ телевизија му се заканил со убиство на член на кабинетот на Захариев

Објавено пред

Директорот на „Ирис“ телевизија го нападнал, исфрлил и со убиство му се заканил на член на кабинетот на штипскиот градоначалник Илчо Захариев, пренесува ТВ Стар.

Според телевизијата, инцидентот се случил во просториите на телевизијата, каде советникот, заедно со свој колега отишле службено со цел да достави службен документ во телевизијата. Понатаму ТВ Стар додава дека таму, нималку љубезно ги пречекал директорот лично и со навреди, пцости, закани за тепање па дури и закани за убиство, физички го исфрлил од телевизијата советникот за односи со јавност.

Случајот е пријавен во полиција и оттаму информираат дека по пријавата се работи.

Се очекува официјален став за нападот од страна на Општина Штип, а случајот е пријавен и во ЗНМ. /крај/тв стар/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Црна хроника9 минути

Минибус со навивачи оштетен кај Битола: напад од група граѓани на патот Прилеп–Ресен

На 17 април околу 23:15 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, кај крстосниците Ротино и Кукуречани,...

Економија55 минути

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука...

Македонија58 минути

Работилница на ЗНАМ и ИФЕС: Спречување на насилство врз жените во политичкиот живот

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), организираше еднодневна работилница на тема...

Македонија1 час

Филипче-Санчез: Прогресивните сили мора да дејствуваат заеднички

Претсеседателот на СДСМ, Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка...

Македонија1 час

Балканската платформа за мир како форум за конкретни резултати, порача Муцунски во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на...

Црна хроника1 час

Кривична за уцена во Тетово: барал 20.000 евра и се заканувал со објавување видеа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К. (54) поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според пријавата, на 5 август...

Топ2 часа

Судир на пет возила во Скопје: повеќе лица повредени, 19-годишник потешко

Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила....

Македонија2 часа

Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите...

Македонија2 часа

Трипуновски: Интепелацијата на СДСМ е нелегитимна, а Љупчо Николовски политички не постои

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски реагираше по најавата за интерпелација од страна на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека станува...