Контакт

Региони

Орав и Заев во информативната кампања „ЕУ одблизу" во Муртино

Објавено пред

Во населеното место Муртино, струмичко, во понеделник се одржа информативната кампања „ЕУ одблизу”.

Со автобусот на ЕУ пристигна и евроамбасадорот Аиво Орав, а го пречека градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, за кампањата која почна со одржување на предавање на тема „Европска Унија” во основното училиште „Маршал Тито”, а продолжи во центарот на селото каде беше поставен штанд со брошури на теми поврзани со Европската Унија.

Жителите на Муртино и околните села имаа можност во непосредна комуникација со тимот од ЕУ автобусот да поставуваат прашања поврзани со Европската Унија, пристапувањето на земјата во Унијата, можностите за искористувањето на фондовите од ИПА програмата и другите програми на ЕУ, како и за други активности поврзани со ЕУ во земјата.

„Самата идеја на овој информативен автобус е да ја доведеме Европската Унија поблиску до локалното население, но истовремено и да се обидеме да научиме нешто повеќе за тоа што се случува на локално ниво. Во следните неколку денови, неколку министри, вклучувајќи и го министерот за надворешни работи и заменик премиерот за европски прашања, ќе патуваат во овој информативен автобус на Европската унија како и амбасадори на земји – членки на ЕУ во земјата”, рече Орав во изјавата за медиумите.

Градоначалникот Заев се заблагодари за посетата на ЕУ претставниците и истакна дека му е посебно драго што тоа се случува во Муртино, селото од каде што тој потекнува.

„Идејата која што Европската Унија ја има, на овој начин, со директна посета на амбасадорите кои што доаѓаат од земјите членки на ЕУ, предводени од амбасадорот на Европската мисија во Скопје, претставува одлична можност да допреме и до руралните средини кои ќе имаат можност преку овие неколку часовни средби да се запознаат одблиску со она што значи ЕУ. Посебно, задоволството е огромно за нашата општина Струмица, што токму ние имавме среќа евроамбасадорот Орав да биде тука”, рече градоначалникот Заев.

Во рамките на кампањата, во Муртино беше поставена и голема сложувалка со мапата на Европската Унија, а учениците цртаа на тема Македонија и ЕУ и учествуваа во наградни игри.

Информативната кампања заврши со посетата на канцеларијата за европски проекти што работи во рамките на општина Струмица./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Учениците во Лозово добија нова спортска сала

Објавено пред

Премерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, министерката за образование Мила Царовска и со градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, денеска ја предадоа во употреба спортската сала во општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово.

Како што посочуваат од владината прес-служба, учениците во ова основно училиште од годинава ќе имаат најсовремени услови за изведување на наставата по физичко и здравствено образование, откако во сите години претходно содржините по овој предмет се остварувале на отворено или во адаптирани училници во зимскиот период.

Спортската сала на површина од 650 квадратни метри се состои од комбиниран терен за повеќе спортови, канцеларии за наставници, соблекувални за машки и за женски ученици и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како што се мал фудбал, ракомет, одбојка, кошарка, гимнастика.

Во спортската сала има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците, што е од исклучителна важност за комплетниот развој на учениците.

 

Салата во општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово, е дел од проектот за изградба и опремување на 145 спортски сали од кои досега се завршени 30 во средните училишта, 60 во основните училишта, а уште 7 во основните се во фаза на изградба.

За изградба и опремување на оваа спортска сала од буџетот на Министерството за образование и наука се издвоени нешто повеќе од 24 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Локалитетот Стамер во Делчево прогласен за природна реткост

Објавено пред

Со денешната промоција и презентација на природните вредности на уредениот палеонтолошки локалитет Стамер во Делчево, каде што се пронајдени фосилни остатоци стари милиони години, беше обележано неговото прогласување за природна реткост и стекна статус на природно наследство.

Државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во своето обраќање се осврна на трите локалитети во Делчевскиот Регион за кои МЖСПП, во согласност со Законот за заштита на природата, донесе решенија за прогласување природни реткости во 2019 година.

„Со прогласување на палеонтолошкиот локалитет Стамер, карактеристичниот геолошки профил Звегор и Киселичка Пештера за природни реткости и нивно соодветно управување и уредување, ќе се овозможи заштита и зачувување на исклучително вредните палеонтолошки наоди на пикермиска фауна, геоморфолошки форми, но и заштита и зачувување на живеалиштата и видовите од национално и европско значење“, изјави Шукова.

Советникот на општина Делчево, Ванчо Новоселски, говореше за почетоците на Стамер како едно од поголемите палеонтолошки наоѓалишта во Европа кога пред 14 години е откриена масовната гробница на пикермиска фауна, како и за целокупниот локалитет што го промовира палеонтолошкото богатство од Делчевско.

Според Васил Анастасовски, реализатор на проектот, локалитетот Стамер кај Делчево е последен меѓу 16-те досега евидентирани палеонтолошки локалитети во Македонија, но очигледно со многу вредни наоди.

Задржувајќи се, пред сѐ, на стручниот дел поврзан со палеонтологијата, претставничката на Природонаучниот музеј на Северна Македонија, Билјана Гаревска, истакна дека на овој локалитет пронајден е уникатен фосилен материјал каде што неогените седименти вклучуваат разновидни фосилоносни слоеви.

На локалитетот се поставени информативни и едукативни табли, дрвени патокази, видиковец и витрина со скулптури од дел од пронајдените фосили во природна големина, што го прави особено интересен за посетителите.

Реализацијата на овој проект е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бочварски: Експресниот пат од Градско до Прилеп за две години, а можеби и побргу

Објавено пред

Владата инвестира 64 милиони евра за изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, кој се гради интензивно, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета во општина Прилеп.

Тој со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски, и со пратеникот Миле Талески, изврши увид во градежните активности на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, на потегот Дреново – Фаришка Клисура.

Експресниот пат Градско – Прилеп се гради во 2 фази.

Првата фаза ја опфаќа делницата од Градско до Дреново, во должина од 15,5 км. Втората фаза е од Дреново до Фаришка Клисура, во должина од 10 километри, која ќе биде со ширина од 12,4 метри во првите 5 км и 17 метри во преостанатите 5 километри од делницата. Крајниот рок за завршување е јули 2023 година.

„Вредноста за изградба на втората фаза е 33,3 милиони евра. Претходно беа реализирани 35 проценти, а сега новиот изведувач, компнијата ‘Синохидро’, има обврска да го доизгради преостанатиот дел. Крајниот рок е јули 2023 година, но моите очекувања се дека тоа може да се случи и порано пред рокот. Особено ми е драго што и на првата фаза изведувачот работи со максимално темпо“, изјави Бочварски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

(Видео) Најмалку осум починати и десет повредени во пукотниците на рускиот универзитет, напаѓачот бил студент

Околу осум лица загинаа додека повеќе од десет се повредени во драмата на рускиот универзитет каде што непознато лице отвори...

Свет2 часа

Гутереш: Нова студена војна доколку САД и Кина не ги подобрат односите

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди на можноста од нова студена војна доколку Соединетите Американски Држави и Кина, според...

Свет3 часа

Партијата на Путин со убедливо водство по првичните резултати од изборите во Русија

Партијата „Единствена Русија“, која ја поддржува политиката на претседателот Владимир Путин, освои најмногу – 44,26 проценти од гласовите на парламентарните...

Европа3 часа

Пожар во камп за мигранти во Грција

Кампот за мигранти на грчкиот остров Самос беше евакуиран откако доцна синоќа во него избувна пожар. Нема повредени или поголема...

Македонија18 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет18 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија19 часа

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија22 часа

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија1 ден

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ1 ден

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет1 ден

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет1 ден

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа1 ден

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет1 ден

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет2 дена

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 дена

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 дена

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет2 дена

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Досие