Контакт

Региони

Армијата ќе и' помага локалната самоуправа во Штип

Објавено пред

Штипскиот гарнизон на АРМ активно ќе се вклучи во помагање и соработка во активностите на локалните власти, беше договорено на средбата на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев и командантот на тамошниот гарнизон, генерал Стојан Димчов.

Тема на срдбата беа неколку аспекти, во прв ред соработката меѓу локалната самоуправа и АРМ во поглед на инфраструктурата, заштитата и унапредувањето на животната средина, промоцијата на АРМ преку отворени денови во касарната, потоа предавање низ штипските училишта и реализација на спортски натпревари.

„Армијата е столбот на безбедноста и сигурноста на државата, а со самото тоа и на градот Штип. Првата конкретна работа што ја побарав е АРМ преку штипскиот гарнизон да ни помогне со пренесувањето на каменот кој ни го даде рудникот Бучим, за уредување на коритото на река Отиња. Тие имаат механизација, капацитет и секако човечки ресурси за таква работа, а наша обврска ќе биде само да го платиме горивото. Мислам дека со ова заеднички ќе учествуваме во уредување на центарот на Штип“, рече по средбата градоначалникот Захариев.

Командантот на штипската касарна, генерал Стојан Димчов, искажа подготвеност за поддршка на активностите на локалната самоуправа и градоначалникот.

„Ние како Армија на Република Македонија, секогаш сме во служба на граѓаните. За нас ќе биде чест да се помогне на локалната самоуправа. Ние секогаш сме соработувале, таа соработка од година во година расне и зајакнува, така што немам сомнеж дека сме на вистинскиот пат, заеднички со градоначалникот и општината да помогнеме во создавање на поубав град“, рече генерал Димчов.

Захариев притоа вети дека наскоро ќе го посети штипскиот гарнизон, како дел од неговите заложби за воспоставување на постојана и отворена комуникација со сите институции во градот./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Учениците во Лозово добија нова спортска сала

Објавено пред

Премерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, министерката за образование Мила Царовска и со градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, денеска ја предадоа во употреба спортската сала во општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово.

Како што посочуваат од владината прес-служба, учениците во ова основно училиште од годинава ќе имаат најсовремени услови за изведување на наставата по физичко и здравствено образование, откако во сите години претходно содржините по овој предмет се остварувале на отворено или во адаптирани училници во зимскиот период.

Спортската сала на површина од 650 квадратни метри се состои од комбиниран терен за повеќе спортови, канцеларии за наставници, соблекувални за машки и за женски ученици и е комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за играње и изведба на повеќе спортови и спортски активности како што се мал фудбал, ракомет, одбојка, кошарка, гимнастика.

Во спортската сала има дел и опрема за здравствено образование и следење на физичкото здравје на учениците, што е од исклучителна важност за комплетниот развој на учениците.

 

Салата во општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово, е дел од проектот за изградба и опремување на 145 спортски сали од кои досега се завршени 30 во средните училишта, 60 во основните училишта, а уште 7 во основните се во фаза на изградба.

За изградба и опремување на оваа спортска сала од буџетот на Министерството за образование и наука се издвоени нешто повеќе од 24 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Локалитетот Стамер во Делчево прогласен за природна реткост

Објавено пред

Со денешната промоција и презентација на природните вредности на уредениот палеонтолошки локалитет Стамер во Делчево, каде што се пронајдени фосилни остатоци стари милиони години, беше обележано неговото прогласување за природна реткост и стекна статус на природно наследство.

Државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, во своето обраќање се осврна на трите локалитети во Делчевскиот Регион за кои МЖСПП, во согласност со Законот за заштита на природата, донесе решенија за прогласување природни реткости во 2019 година.

„Со прогласување на палеонтолошкиот локалитет Стамер, карактеристичниот геолошки профил Звегор и Киселичка Пештера за природни реткости и нивно соодветно управување и уредување, ќе се овозможи заштита и зачувување на исклучително вредните палеонтолошки наоди на пикермиска фауна, геоморфолошки форми, но и заштита и зачувување на живеалиштата и видовите од национално и европско значење“, изјави Шукова.

Советникот на општина Делчево, Ванчо Новоселски, говореше за почетоците на Стамер како едно од поголемите палеонтолошки наоѓалишта во Европа кога пред 14 години е откриена масовната гробница на пикермиска фауна, како и за целокупниот локалитет што го промовира палеонтолошкото богатство од Делчевско.

Според Васил Анастасовски, реализатор на проектот, локалитетот Стамер кај Делчево е последен меѓу 16-те досега евидентирани палеонтолошки локалитети во Македонија, но очигледно со многу вредни наоди.

Задржувајќи се, пред сѐ, на стручниот дел поврзан со палеонтологијата, претставничката на Природонаучниот музеј на Северна Македонија, Билјана Гаревска, истакна дека на овој локалитет пронајден е уникатен фосилен материјал каде што неогените седименти вклучуваат разновидни фосилоносни слоеви.

На локалитетот се поставени информативни и едукативни табли, дрвени патокази, видиковец и витрина со скулптури од дел од пронајдените фосили во природна големина, што го прави особено интересен за посетителите.

Реализацијата на овој проект е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бочварски: Експресниот пат од Градско до Прилеп за две години, а можеби и побргу

Објавено пред

Владата инвестира 64 милиони евра за изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, кој се гради интензивно, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета во општина Прилеп.

Тој со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски, и со пратеникот Миле Талески, изврши увид во градежните активности на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, на потегот Дреново – Фаришка Клисура.

Експресниот пат Градско – Прилеп се гради во 2 фази.

Првата фаза ја опфаќа делницата од Градско до Дреново, во должина од 15,5 км. Втората фаза е од Дреново до Фаришка Клисура, во должина од 10 километри, која ќе биде со ширина од 12,4 метри во првите 5 км и 17 метри во преостанатите 5 километри од делницата. Крајниот рок за завршување е јули 2023 година.

„Вредноста за изградба на втората фаза е 33,3 милиони евра. Претходно беа реализирани 35 проценти, а сега новиот изведувач, компнијата ‘Синохидро’, има обврска да го доизгради преостанатиот дел. Крајниот рок е јули 2023 година, но моите очекувања се дека тоа може да се случи и порано пред рокот. Особено ми е драго што и на првата фаза изведувачот работи со максимално темпо“, изјави Бочварски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Проекции: Социјалдемократите со мало водство пред конзервативците на изборите во Германија

Според проекциите на две германски телевизии, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на денешните парламентарни избори освои околу еден процент повеќе...

Топ10 часа

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион11 час

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија11 час

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија15 часа

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа18 часа

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија18 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија1 ден

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија1 ден

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа2 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион2 дена

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа2 дена

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија2 дена

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија2 дена

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија3 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа3 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа3 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Досие