Региони
Бакрачески: Антикампањата за Охрид не е забава, туку осмислена и финансиски мотивирана
Антикампањата за Охрид има своја заднина и таа не е наивна и не е од забава, смета градоначалникот Никола Бакрачески кој во интервју за Прес24, изрази сомневање дека туристички агенции кои организираат патувања во странство стојат зад медиумските написи дека Охрид е прескап, неуреден, негостољубив и сето тоа е финансиски мотивирано
Антикампањата за Охрид има своја заднина и таа не е наивна и не е од забава, смета градоначалникот Никола Бакрачески кој во интервју за Прес24, изрази сомневање дека туристички агенции кои организираат патувања во странство стојат зад медиумските написи дека Охрид е прескап, неуреден, негостољубив и сето тоа е финансиски мотивирано
„Јас не би рекол дека е организирано, туку се работи за спорадични новинарски тенденции за кои сите во Охрид се сомневаат дека имаат своја заднина и дека се, најверојатно, финансиски мотивирани. Дали зад сето тоа стојат одредени туристички агенции или други фактори кои имаат директен бизнис интерес од продавање на туристички аранжмани во соседството на начин со кој би ги одвратиле потенцијалните туристи од Охрид и би ги пренасочиле кон туристичките дестинации каде што имаат склучено договори за продажба на своите услуги. Не можам да тврдам , но логично е ако некој константно неосновано го напаѓа Охрид како водечки туристички центар во земјава, да има мотив да го прави тоа“, вели Бакрачески за Прес24.
Градоначалникот уверува дека во Охрид не е сé така како што се претставува, како и дека градот функционира како и секое друго светски познато туристички место.
„Во нај строгиот центар на градот, на булеварот ’Туристичка’, на крстосницата кај ’Охридска банка’ има кафетерија во која турско кафе се продава за 20 денари, а еспресо и минерална вода заедно чинат 50 денари3, потенцира градоначалникот на најголемиот туристички центар
„Од друга страна, пак, би напомнал дека Охрид е град во кој доаѓаат луѓе од целиот свет, дека во лето градот е домаќин на светскиот крем на културата и уметноста. Во Охрид престојуваат и изведуваат свои перформанси врвни светски имиња од областа на музиката, театарот, операта, балетот,поезијата и слично, кои настапуваат во познатите светските метрополи на уметноста и културата како Рим, Њујорк, Москва, Лондон, Париз, Токио и ред други! Понуда која вреди и која можат да си ја дозволат само мал број туристички дестинации во светот, која е ценета насекаде во светот, за која се пишува во најпрестижни списанија и списанија, доаѓа во град во кој се продава кафе за 20 денари! И како може да се каже дека Охрид е скап град кога има најширок дијапазон на цени дури и во нај строгиот центар на градот. Значи, има цени за секого“, вели Бакрачески.
Не се согласува ниту со констатацијата дека охриѓани се негостољубиви, напротив вели анализите покажуваат дека во Охрид има добри домаќини.
„Времињата кога во Охрид имало несоодветен третман на гостите се одамна минато, денес, за жал, останаа само шегите, досетките и вицевите за охриѓани како лоши домаќини. Дека охриѓани се гостопримливи луѓе и добри домаќини, најдобро говорат анкетите за задоволство на гостите кои секторот за туризам при локалната самоуправа, заедно со Факултетот за туризам и угостителство ги спроведуваат секоја година“, посочува Бакрачески.
Градоначалникот на Охрид, кој е на функцијата 15 месеци, а досега спроведе неколку иницијативи за подобрување на условите за туризам, вели дека со неговото доаѓање на челната функција, градот како да почнува од почеток. Средените правила на игра за концесионерите за плажите и хаосот со паркингот, се само дел од стратегијата како Охрид да стане најдобар туристички центар
„Она што навистина му недостига во овој момент на Охрид е стратегија за маркетинг и промоција на градот, односно потребен ни е многу поагресивен маркетинг. Една од опциите е и ангажирање на странска консултантска куќа за изработка на маркетинг стратегија во туризмот“, вели Бакрачевски.
За тоа дали странците се задоволни од Охрид, градоначалникот го потенцира фактот дека оваа година во Пештани 40 лица од Холандија купиле станови или куќи, а во Рача купуваат имот државјани на Велика Британија.
„Сево ова е еден одличен показател дека Охрид е ставен на европската мапа за трговија со недвижности и тоа ветува многу, вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во интервјуто за Прес24./крај/мф/
Извор: Прес24
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.
– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.
Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:
– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;
– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;
– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;
– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;
– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;
– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во
– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.