Контакт

Региони

Максим Димитриевски поднесе неотповиклива оставка во Советот на Општина Куманово

Објавено пред

 

Претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, поднесе неотповиклива оставка на местото прв човек на Советот на општина Куманово.

Вака налага процедурата, бидејќи Димитриевски е избран за пратеник во Парламентот на Република Македонија и мора да ја напушти советничката функција.

„Огромна чест и задоволство ми беше да ги претставувам граѓаните на Куманово и да работам со вас во изминатите 4 години. Со некои луѓе во Советот влегов како пријател, а излегувам како другар. Оддавам признание на советниците од позицијата и опозицијата, како и на градоначалникот за конструктивната работа во изминатиот период“, рече во својата оставка Димитриевски, пренесе kumanovonews.

Со 27 гласови ‘за’ и два ‘против’ од советниците беше прифатена оставката на Димитиевски.

Неофицијално, за претседател на Советот ќе биде предложан Александар Арсиќ, досегашен координатор на советничката груп на СДСМ./крај/со/бб

Македонија

Градскиот пазар во Битола добива нов лик

Објавено пред

При посетата на општина Битола, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, и градоначалничката Наташа Петровска го посетија и Градскиот пазар, каде што во тек се реконструктивните зафати на делот околу управната зграда.

Како што информираат локалните власти, овој простор има ново соодветно партерно уредување, нов водовод, одвод, покривање, осветлување, а ќе бидат поставени нови тезги збогатени со соодветни хортикултурни решенија.

„Ме радува што денес гледаме поинаква слика, токму каква што треба да има нашиот град. Кога дојдов како градоначалничка, нарачав проектна документација, која чинеше околу 180.000 денари, а по изработувањето, аплициравме до АФПЗРР, со што го реализиравме овој проект во вредност од 14.308.000 денари, за кој 8.558.000 денари се директно од буџетот на Општината. Сликата не се менува само со овој потег, се менува и со направеното во управната зграда, што покажува успешно менаџирање“, рече градоначалничата Петровска.

Директорот на АХВ, Николче Бабовски, упати апел до сите продавачи на стоки во Градскиот пазар на почетокот на летниот период да внимаваат на своите производи.

„Апелирам да се држат строго до правилата што се пропишани за таков вид производи, но апелирам и до граѓаните, заедно со нас, да внимаваат и каде и што купуваат. Задолжително да бараат потекло, односно соодветна декларација на производите што ги купуваат и дали се чуваат во условите што се пропишани за производот. Засилени се контролите бидејќи само во првиот квартал се уништени 67 тони небезбеден производ“, посочи Бабовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕСМ: Од Тиквешкото Езеро се полнат каналите за наводнување на земјоделските површини

Објавено пред

ХЕЦ „Тиквеш“ и Водостопанство „Тиквеш“ почнаа со пуштање вода од Тиквешкото Езеро и полнење на каналите за наводнување.

Ситемот се подготвува за сезоната на наводнување и вегетацискиот период, кој трае од април до октомври.

„За таа цел во акумулацијата ги има потребните количини вода, односно таа во моментот се наоѓа на кота 245,55 мнв, а граничната кота потребна за наводнување изнесува 242,5 мнв“, информираат од „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ).

Од таму додаваат дека во изминатиот период со оптимално менаџирање на производниот процес на АД ЕСМ и со управувањето со ХЕЦ „Тиквеш“ се обезбедило посакуваното ниво на акумулацијата за потребите на земјоделските површини во Тиквешијата, а истовремено хидроцентралата „Тиквеш“ успеала речиси во целост да го реализира планираното производство за овој период од годината, односно да произведе 50 GWh електрична енергија, што е 95 % од планот за периодот јануари-април 2021.

Прикажи повеќе...

Македонија

Намален бројот на заразени и хоспитализирани во Битола

Објавено пред

Кризниот штаб на општина Битола одржа средба по електронски пат, на која се разговараше за состојбата со Ковид-19 во општината.

Директорката на Здравствениот дом, Весна Спирковска, информираше дека од повозрасната генерација веќе се вакцинирани над 1.250 лица со вакцината Астра Зенека.

Во Клиничка болница Битола, денес за првпат по еден месец има повеќе испишани од примени пациенти, рече директорката Билјана Гагачовска, иако притисокот врз здравствените работини сè уште е голем.

Посочено беше и дека  во Центарот за јавно здравје има намалување на пријавените за ПЦР и брзи тестови. Директорката посочи дека во однос на протоколите за изолација, дадени се нови насоки согласно препораките од Институтот за јавно здравје и истите можат да се најдат на следниот линк.

Битолската полиција редовно врши контроли за време на полицискиот час од 20 часот навечер до 5 часот наутро, со зголемен број екипи, а постапува и по контролите од Државниот пазарен инспекторат. Редовно се контролираат сите лица кои се ставени во изолација, беше заклучено на средбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Премиерот Зоран Заев допатува во Брисел, каде што вечерва, по покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за...

Македонија6 часа

Полицискиот час останува во сила до 1 јуни, одлучи Владата

На денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето, наместо...

Свет7 часа

Нетанјаху најави уште поостра реакција во следните неколку дена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека земјата ќе го засили својот одговор на ракетните напади во следните неколку дена....

Свет10 часа

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина почна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно...

Македонија10 часа

Регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на...

Македонија12 часа

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија13 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ14 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија16 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет16 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија16 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет17 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет17 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет17 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет17 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион1 ден

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија1 ден

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија1 ден

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Досие