Региони
Охрид SOS апелира на зачувување на Националниот парк „Галичица“
Здружението Охрид ЅОЅ апелира граѓаните да земат активно учество на јавната расправа за измени во Планот за управување со Националниот парк „Галичица“ кој го оцвенуваат како мегаломански, и да го искажат своето мислење за планираните градежни активности на територијата на паркот, во насока на зачувување на природното богатство од уништување
Поради својата исклучителна биолошка разновидност со меѓународно значење во 2014 година Националниот парк „Галичица“ стана дел од Светската мрежа на биосферни резервати на УНЕСКО. Во светот постои само 31 ваков прекуграничен биосферен резерват.
„Националниот Парк „Галичица“, веќе и официјално е во опасност од уништување! Новите измени во Планот за управување со Националниот парк, кои јавно се изнесени на нивната официјалната веб страна, подразбираат отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја на оваа планина со цел изградба на ски-центар, експресен пат широк 14 метри и туристичко-развојна зона во Отешево, Стење и Љубаништа. Ваквиот мегаломански потфат би подразбирал целосно уништување на шареноликоста на оваа природна убавина, која токму и произлегува од специфичниот склоп на ендемични и автохтони видови, особени оние во жариштето на нејзиниот биодиверзитет“, велат од споменатата граѓанска иницијатива.
Вкупната површина на предлог проектот се протега на 324,62 хектари, од кои 310,46 хектари се заштитена површина на Националниот парк. Ова, како што толкуваат во Охрид ЅОЅ, значи незаконска и неприфатлива промена во зоните на заштита во Националниот парк (за проектот да може да се имплементира треба да се симне нивото на заштита на одредени зони!).
Споменатото здружение предупредува, исто така, дека постои огромен ризик изградбата на патот да ги наруши подземните водени текови кои го напојуваат Студенчишкото блато, што може да значи уништување на блатото, а доколку се уништи блатото, според нив, во многу скоро време ќе се уништи и Охридското езеро.
„Експресниот пат не е економски одржливо решение, бидејќи по него не смее да се движат пешаци и велосипедисти. Ова ќе го наруши природното движење на авантуристите кои сега може да стигнат до планината директно од сместувачките капацитети. Патот ќе создаде вештачка бариера и ќе ги одврати ваквите туристи да го посетуваат Охрид за да практикуваат ваков тип туризам, кој е најисплатливата туристичка алтернатива, бидејќи трае во текот на целата година и не е ограничена на одредено годишно време. Од големо разочарување е тоа што ова се случува во екот на развојот на алтернативниот туризам во овој регион. Неодамна, тука беа пронајдени и нови пештери и стана атрактивен спелеолошкиот туризам“, укажуваат од Охрид ЅОЅ.
Здружението затоа ги повикува сите загрижени граѓани да учествуваат на Јавната расправа која ќе се одржи на 11-ти септември (следниот петок) со почеток во 12 часот во просториите на ЈУНП „Галичица“ во Охрид. На расправата ќе се дебатира деградирањето на зоните во паркот со цел имплементација на гореспоменатите мегаломански проекти, како што оценуваат.
Планината Галичица во која се наоѓа Националниот парк Галичица е интегрален дел од екосистемот на Охридското Езеро и е дефиниран како исклучително важен регион од страна на Унијата за заштита на природата (IUCN) и затоа заштитен со закон уште од 1958 година. Ливадите на Галичица се живеалиште на 1.644 видови на пеперутки и 800 видови флора со висока биолошка вредност. Најубавата пеперутка на Балканот – Parnassius Apollo macedonicus може да се најде токму во националниот парк Галичица. /крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.
Македонија
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 пожари
Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК).
-Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението.
Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во:
– Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
– Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
– Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
– Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
– Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
– Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); – Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
– Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
– Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); – Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
– Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
– Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
– Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
– Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во – Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Македонија
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожара на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.
– Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен – информираат од ЦУК.
Изгаснати биле девет пожари на отворено, во:
– Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци;
– Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал;
– Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци;
– Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“;
– Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино;
– Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во
– Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.